Во Хрватска за еден ден починаа 30 лица од Ковид-19


Во последните 24 часа во хрватска се регистрирани 3.360 новозаразени со корона вирус, а бројот на активни изнесува 17.944, објави националниот кризен штаб.

Се работи за голем пораст, од речиси 100 отсто во опднос на вторникот пред седум дена, кога имаше 1.741 новозаразен. Пред 14 дена апк, беа регистрирани 1.007.

Меѓу новозаразените 1.170 пациенти се на лекување во болница, а на респиратор има 139 пациенти. Починаа уште 30 заболени со ковид-19, а 23 од нив не биле вакцинирани.