Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46


  Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 3.518 примероци, а заразени се 1.293 лица. Од Ковид-19 починаа 46 лица. Во Федерацијата тестирани се 2.338 примероци, од кои 896 биле позитивни на корона вирус. Досега тестирани се вкупно 281.787 примероци, а корона вирусот е потврден кај 57.804 лица. До денеска оздравеа 38.535 …

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46 Read More »

Во Хрватска нови 3.539 заразени со корона вирус, а 55 починаа


Во Хрватска денеска се регистрирани 3.539 заразени со корона вирус, а починаа пациенти. Активни се 22.610, од кои 2.408 пациенти се лекуваат во болница. На респиратор се 252 пациенти. Досега во Хрватска се регистрирани 134.881 заболен од Ковид-19, а оздравеа 110.355. Тестирани се вкупно 769.091 од кои 10.077 во последните 24 часа.

За 24 часа во Словенија регистрирани 2.429 лица со корона вирус, трет рекорден дневен пораст


Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 2.429 лица заразени со коронавирусот, што е трет рекорден дневен број на новозаболени луѓе. Во последните 24 часа починале уште 57 пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.547, јави агенцијата СТА. Бројот хоспитализирани во моментов е 1.285 откако вчера беа отпуштени 88 …

За 24 часа во Словенија регистрирани 2.429 лица со корона вирус, трет рекорден дневен пораст Read More »

Приштина издвоила 20 милиони евра за обвинетите за воени злосторства


Косовската влада издвои 20 милиони евра за одбрана на обвинетите од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, изјави министерот за правда на Косово Селим Селими во синоќешното интервју за порталот „Калѕо“. Според Селими, седум милиони се за заштита на потенцијалните обвинети од меѓународниот суд со седиште во Хаг, а 13 милиони евра се резервни средства. -Од …

Приштина издвоила 20 милиони евра за обвинетите за воени злосторства Read More »

Хаг за досието против Тачи: Насилството било оркестрирано од врвот


Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг објави редигирана верзија на одлуката со која се потврдува обвинението против четворица поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесува БИРН. ССК (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) објави редигирана верзија на одлуката со која се потврдува обвинението …

Хаг за досието против Тачи: Насилството било оркестрирано од врвот Read More »

Во Србија со коронавирусот се заразени речиси 4.500 ученици и 126 деца во градинките


Српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ изјави дека 126 деца во предучилишни установи, 2.321 ученик во основни училишта и 2.151 средношколци се заразени со коронавирусот. Во синоќешното гостување во емисијата „Прашалник“ на Радиотелевизија Србија (РТС), Ружиќ изјави дека 1.357 вработени биле заразени во предучилишни установи, 2.882 во основните училишта, а во средни училишта има 1.164 заразени работници. …

Во Србија со коронавирусот се заразени речиси 4.500 ученици и 126 деца во градинките Read More »

Во Бугарија последниов ден починаа 153 лица


Бројот на заразени и починати во Бугарија и натаму е голем. Во последните 24 часа починале 153 лица, а Ковид-19 е потврден кај 3.475 од направени 9.056 теста. Вкупно има 4.188 жртви од корона вирусот. Бројот на потврдени случаи е 148.775, а активни се 91.587. Во болниците има 493 лица на интензивна нега. Во двата …

Во Бугарија последниов ден починаа 153 лица Read More »

Словенечката влада го запре финансирањето на новинската агенција СТА по критиките кон Јанша


Словенечката Влада го суспендираше финансирањето на националната новинска агенција СТА, која ја критикуваше работата на конзервативниот премиер Јанез Јанша. – Не можеме да ја финансираме СТА или да потпишеме нов договор за 2021 година, рече шефот на владината прес служба Урош Урбанија пред новинарите, објаснувајќи дека раководството на агенцијата не доставило сметки до Владата. Агенцијата …

Словенечката влада го запре финансирањето на новинската агенција СТА по критиките кон Јанша Read More »

Црногорскиот парламент денеска избира нова влада


Во Подгорица денеска ќе се одржи седница на парламентот на чиј дневен ред е избор на 42. црногорска влада, предложена од мандатарот Здравко Кривокапиќ. Кривокапиќ во понеделникот му го достави на парламентот експозето, во кое на 51 страница наведува дека приоритетите на идната влада се борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи …

Црногорскиот парламент денеска избира нова влада Read More »

Повторно голем број починати и новозаразени во Грција


Во Грција повторно е зголемен бројот на нови и смртни случаи, од Ковид-19, регистрирани се 2.199 новозаразени, а починаа 111 лица. Од новите случаи, половина се во Солун (538), во Атика (413) и во Лариса (112). На Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се лекуваат 596 пациенти.

Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се направени 3.530 тестови, а коронавирусот е потврден кај 1.185 лица. Починати се 46 пациенти кои исто така биле позитивни на ковид-19. Во заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 2.476 тестови од кои 780 се позитивни на ковид 19, а се забележани и 25 …

Во БиХ заразени уште 1.185 лица, а починале 46 Read More »

Повторно соборен црниот рекорд во Србија – најмногу заразени и тестирани денеска


Во последните 24 часа забележани се рекордни 7.999 случаи со корона вирус од тестирани 22.837 во соседна Србија. Истовремено починаа уште 48 пациенти. Ова е највисок број тестирани и заболени во еден ден од корона вирус во Србија. На респиратор се 269 пациенти.

Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19


 Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.026 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 10 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 521 новозаболен, со што бројката на лица кај кои …

Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19 Read More »

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19


Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители. Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 …

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.900 нови случаи на заразени од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 21.250. Меѓу нив 2.351 pжпациент е на болничко лекување, од кои 245 се на респиратор. Починаа 75 пациенти, Од февруари досега од корона вирус заразени се 131.342 лица, а 1.861 починале, додека …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 75 пациенти, новозаразени се 2.900 Read More »

Бесплатен јавен превоз за жителите на Приштина во наредните месец дена


Жителите на косовскиот главен град од денеска во наредните месец дена ќе можат бесплатно да го користат превозот со автобусите на градското јавно сообраќајно претпријатие, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својата страница на Фејсбук, приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од Ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите кои …

Бесплатен јавен превоз за жителите на Приштина во наредните месец дена Read More »

Почина авторот на „Квискотека“ Лазо Голужа


Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст. Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа. Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Пајо Канижај го основал списанието „Парадокс“. Тој даде најголем придонес во областа …

Почина авторот на „Квискотека“ Лазо Голужа Read More »

Бугарските лекари веќе немаат сили, рекорден број починати – 221


Додека стапките на смртност од корона вирус се искачија на рекордно ниво во Бугарија, лекарите и медицинските сестри во здравствената служба веќе ослабени со децениската емиграција на Запад велат дека се исцрпени. „Погледнете ја нашата медицинска сестра овде, таа беше позитивна, имаше висока температура… и сега се врати на работа“, рече Александар Станоевски, анестезиолог на …

Бугарските лекари веќе немаат сили, рекорден број починати – 221 Read More »

Турција воведува полициски час и целосно „заклучување“ за викенд


 Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство. …

Турција воведува полициски час и целосно „заклучување“ за викенд Read More »

Пленковиќ е позитивен на корона вирус


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ е позитивен на коронавирус, потврди Владата на Хрватска, а пренесува ХРТ. Денес бил повторно тестиран за присуство на коронавирус и се покажал дека е позитивен. Претходно му беше изречена мерка самоизолација, а сега му е изречена мерка изолација во траење од 10 дена. Како што јавува ХРТ, тој во моментов …

Пленковиќ е позитивен на корона вирус Read More »