Вучиќ: Србија го подржува територијалниот интегритет на Украина, но не воведува санкции против Русија


Српскиот претседател Александар Вучиќ по седница на Советот за национална безбедност, вечерва изјави дека Србија е посветена на почитување на меѓународното право кое го гарантира правото на неповредливост на границите на Украина, дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на било која земја, вклучително и Украина, и додаде дека Србија нема да воведе […]

Загрепчани во паника повлекуваат пари од руската Сбербанк


По санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Русија поради воените операции во Украина, пред филијалата на една од двете најголеми руски банки Сбербанк во Загреб утринава се забележани редици, пишува хрватскиот портал Дневник. Како што се наведува, Загрепчани во страв ги повлекуваат своите заштеди, а за да се спречи паничното подигнување пари, за […]

Ѓукановиќ ги започнува консултациите за мандатар


 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги започне консултациите за избор на мандатар за состав на новата влада, а на разговор прво биле поканети претставници на коалицијата Демократски фронт и Мирот е наша нација, пишува „Вијести“.   Весникот додава дека потоа се планирани разговори со претставници на малцинските партии.   По консултациите, претседателот […]

Бугарските социјалисти на Нинова се против санкции за Русија


  Му беа потребни речиси седум часа на бугарското собрание да излезе со речиси заеднички став за руската воена акција во Украина, која започна рано утринава. Конечно беше усвоена декларација во име на парламентот и ставот „за агресивната воена акција на Руската Федерација против Украина“. Проруската партија Преродба јавно го покажа својот став за тешкото […]

Вучиќ разговарaше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со амбасадорите на земјите од Квинта и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија „за бројни прашања“, а сите информации за позициите искажани од партиите ќе бидат објавени во наредните 36 часа. Ова се наведува во кусото соопштение на прес-службата на претседателот на Србија по средбата со […]

За бугарскиот министер за одбрана било несериозно да се употребува зборот „војна“ за инвазијата 


  „Да не брзаме да етикетираме дали воената операција е ограничена или ситуацијата во Украина е ограничена“, изјави министерот за одбрана Стефан Јанев за БТВ за тоа што се случува во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава најави почеток на „специјална воена операција“ во Украина, барајќи од украинската војска да го остави оружјето и […]

Хрватска отворена за прием на бегалци од Украина


Пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја. Главашевиќ за хрватскиот портал Индекс изјави дека пред неколку дена […]

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност поради актуелните настани во Украина, јави дописникот на МИА од Белград. Почетокот на седницата е закажан за 13 часот. Потоа во 15 часот ќе се одржи седница на Владата на Србија на која Вучиќ ќе се обрати пред членовите. Тој во средата […]

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, а министерот за надворешни работи Никос Дендиас ја прекина посетата на Африка и се враќа во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека на состанокот во премиерската палата ќе присуствува и министерот за […]

Вучиќ на тешки маки – дали Србија да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во комплицирана ситуација – не само поради санкциите на ЕУ за Русија, туку и дали ќе поддржи сецесија на двата региони од Украина. Токму спротивното од она што го тврди српската официјална политика за Косово. Вучиќ изјави дека во следните 48 часа ќе излезе со целосен одговор за […]

Српскиот тајкун Мирослав Мишковиќ ослободен од обвинението за затајување данок


  Кривичната постапка која започна пред десет години со апсењето на сопственикот на српската компанија „Делта“, Мирослав Мишковиќ, а со која Александар Вучиќ стана најпопуларен политичар во земјава, денеска го доби својот епилог – Мирослав Мишковиќ е ослободен од обвиненијата. Апелацискиот суд во Белград ја смени пресудата на Вишиот суд во Белград, со која Мирослав […]

Турција нема да признае ниту една мерка која влијае на интегритетот на Украина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор го предупредил својот руски колега Владимир Путин дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти турското претседателство. Ердоган, исто така, на рускиот претседател му кажал дека „воениот конфликт нема мокому да му донесе ништо добро“, […]

Десет месеци затвор за Словенецот што за пари се вакцинираше во името на други лица


Човек во Словенија кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама. Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“. Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот […]

Во Албанија петдневна изолација за заразените со Ковид-19, полицискиот час останува


Во Албанија заразените со Ковид-19, наместо две недели, како досега, од денеска во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу. Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучил да го намали времето за изолација и препорачал третата доза на вакцината да се даде […]

Србија ја снабдувала хунтата во Мјанмар со ракети и после државниот удар


  Експерт на ОН за човекови права објави извештај во кој именува три земји како добавувачи на оружје за воената хунта во Мјанмар, иако има „целосно знаење“ за нападите врз цивили. Членовите на Советот за безбедност на ОН, Кина и Русија, како и Србија ѝ обезбедуваат на хунтата во Мјанмар борбени авиони кои се користат […]

Вучиќ за Украина: Ние малите треба да се скриеме под камен


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека со принцот Алберт разговарал за позициите на Монако и Србија за прашањето за кризата во Украина и повторил дека политиката на Србија е воена неутралност и дека тоа е трајно уверување на државата и дека Србија строго се придржува до меѓународните правни норми. „Нашата […]

Кризата во Украина нема да го загрози снабдувањето со гас на Србија


Србија поради украинската криза не би требало да има проблеми со увозот на неопходните количини природен гас од Русија, оценија денес генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ и претседателот на Собранието на Здружението за гас на Србија, Воислав Вулетиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. -Србија не треба да биде загрозена во однос на увезените […]

Украина, Западен Балкан, снабдувањето со природен гас теми на средбата на Мицотакис со бугарската делегација предводена од Василев  


Заедничката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, ја истакнале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, кој ја предводи бугарската владина делегација во Грција за време на денешната средба во Атина, на која станало збор и за случувањата во Украина, билатералната соработка, како и снабдувањето со гас, јави […]

Радев: Нема решение за кризата во Украина со кршење на меѓународното право


   Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека кон неуспех за деескалација води признавањето на самопрогласените републики во Донбас од страна на Руската Федерација, и доведе до зголемување на тензиите во целиот регион. „Одржливо решение за оваа криза не може да се најде со кршење на меѓународното право и воените средства“, напиша Радев на Твитер. 

Јанша ја повика ЕУ да и понуди на Украина перспектива за членство


Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае самопрогласените републики во Доњецк и Луганск и ја повика Европската унија да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство. „ Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, од договорoт во Будимпешта. Словенија го осудува овој нелегален […]