Црна Гора уништува 80.000 дози вакцини против Ковид-19


 

Во Црна Гора ќе бидат уништени 80.000 дози вакцини против вирусот корона поради истек на рокот на траење, соопштија од подгоричкиот „Монтефарм“.

До крајот на јуни, од истата причина и со досегашното темпо на вакцинација, може да бидат пратени на уништување повеќе од 100.000 дози вакцини „фајзер“.

Од околу милион дози вакцини од различни производители кои државата ги набави во текот на минатата година, околу 150.000 се проследени на уништување поради истекување на рокот на траење.

Вакцинацијата на приоритетните групи во Црна Гора почна во февруари лани, а масовната имунизација во мај 2021 година. Според податоците на Министерството за здравство, до 7 мај, прва доза вакцина примиле 290.761 граѓани, втора 282.846, додека со трета доза вакцинирани се 98.832 лица.