Косово: Одобрена четврта доза анти-ковид вакцина за постари од 60 години


Koсово– Министерството за здравство на Косово објави денеска дека ја усвоило препораката за одобрување четврта доза вакцина против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што се наведува во соопштението на МЗ, четвртата доза на вакцината е дозволена за лица над 60-годишна возраст,најмалку четири месеци по примањето на третата доза. Одлуката доаѓа во време […]

Приведен поранешниот потпретседател на хрватската влада, Толушиќ


Хрватска– Хрватската полиција утрово по налог на Канцеларијата на европското обвинителство во Загреб го приведе поранешниот потпретседател на Владата и министер за земјоделство Томислав Толушиќ. Според полицијата, тој е уапсен поради основано сомневање дека е сторител на кривични дела од областа на стопански криминал – измами при субвенции, злоупотреба на службена положба и поттикнување на […]

Австрискиот Парламент усвои Резолуција за геноцидот во Сребреница


Австрија– Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година. Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија. Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на […]

Пратениците во Бундестагот го поддржаа влезот на Хрватска во еврозоната


Германскиот Бунтестаг синоќа го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, со оценка на пратениците дека Хрватска ги исполнила сите неопходни критериуми за влез во еврозоната. Германските законодавци согласни дека во интерес на Германија е натамошен развој и заокружување на економската и монетарната унија. На одлуката се спротивставија единствено пратениците на крајната десничарска партија „Алтернатива за […]

Експлозија во банкомат во атинска болница


 Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа  во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не […]

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Северна Македонија


Косовската полиција соопшти дека вчера попладне спречила шверц на над 60 грла овци и телиња, за кои има информации дека се внесени преку илегални патишта од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовското МВР, во два одвоени случаи, во општина Витина, во близина на косовско-македонската граница, биле откриени камиони, обата […]

Висока делегација на НАТО, предводена од заменик-секретарот Џоана во посета на Косово


Висока делегација на Советот на НАТО, предводена од заменикот-секретар Мирчеа Џоана ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Алијансата, што го пренесоа косовските медиуми, делегацијата ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со претседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, […]

Трите партии во идната бугарска владина коалиција договорија заедничка програма


На коалицискиот совет синоќа е постигнат договор за програмата за управување во следните шест месеци меѓу трите партии кои владееја во старата коалиција во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, Бугарската социјалистичка партија и „Демократска Бугарија“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, персоналниот состав на идната бугарска влада, што ќе го предложи заменик претседателот на […]

На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните


Грција – Стапката на позитивност, односно процентот на позитивни резултати од направените тестови и оваа седмица е висока на голем дел од грчките острови, над 40 отсто на Миконос, Парос, Санторини и Милос, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за стапката на позитивност во […]

Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово


  Членовите на Европскиот парламент (ЕП) усвоија резолуција во Стразбур во која се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, што вклучува воведување санкции против Русија. Резолуцијата, врз основа на извештајот подготвен од […]

Европската комисија одобри 11 милијарди евра за Бугарија до 2027 година


  Европската комисија во средата го одобри договорот за партнерство со Бугарија во вредност од 11 милијарди евра (21,5 милијарди лева) за периодот 2021 – 2027 година. Бугарија ќе има пристап до над 16 милијарди евра од ЕУ за 7-годишниот период. Договорот за партнерство е основата врз која започнува работата на оперативните програми. Тој ја […]

Во Албанија почна да се аплицира и четврта доза од вакцината против Ковид-19


Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, потврди дека има тренд на раст на нови случаи на заразени и ги информираше граѓаните дека може да примат и четврта доза од вакцината. Директорката на Институтот за јавно здравје и член на комитетот, Еугена Томини, по седницата, рече дека во последните две недели […]

Поради невремето во Србија евакуирани над 100 лица и изгаснати 20 пожари


    Србија – Припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) во вторникот попладне и навечер поради невремето пропратено со град во некои делови на Србија, а најлошо беше во Белград, Краљево, Сјеница, Нова Варош, Крушевац, Смедерево и Ивањица, имаа 91 интервенција низ државата, од кои 20 беа пожари, од кои најголем дел од громови во […]

ЕК: Фискалната амнестија е опасност за угледот на Албанија и ја слабее контролата на перењето пари


Нацрт-законот предложен од владата на Еди Рама, за фискална амнестија, поттикна бројни дебати во Албанија, на ниво на експерти и политичари за последиците што ќе ги донесе. -На оваа тема став изнесе и Европската комисија, која во соопштението што го дистрибуираше делегацијата на Европската унија во земјата, стави до знаење дека постои сериозна загриженост по […]

Анкета во Бугарија: Во следниот парламент нема да влезе Слави Трифонов


  ГЕРБ на Бојко Борисов и Продолжуваме со промената на Кирил Петков се убедливо најсилните политички формации во најновото истражување на агенцијата „Алфа рисрч“ во Бугарија. Наспроти преходните анкети, проруската партија Преродба доживува пад во поддршката, а Има таков народ на Слави Трифонов е под прагот за влез во парламентот. Новата партијата што ќе влезе […]

Во Србија регистриран прв случај на зараза со вирусот Западен Нил


Србија– Во Општата болница во Пожаревац, регистриран е прв случај во Србија на зараза со вирусот Западен Нил, кој се пренесува од комарци на луѓе, кај жена (46) од местото Набрѓе крај Пожаревац. Жената е во добра општа состојба и се чека потврда за присуство на вирусот и од вториот примерок земен од пациентката, соопштија […]

Хрватскиот министер за финансии си заминува од владата


Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ си заминува од Владата. Премиерот Андреј Пленковиќ за таа функција ќе го предложи Марко Приморац. Медиуми пишуваат дека информацијата синоќа е потврдена од хрватската Влада. – Точно е дека Здравко Мариќ, на сопствена иницијатива, си заминува од местото на потпретседател на Владата и министер за финансии. Претседателот на Владата […]

Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа


Поради долготрајна суша и како последна мерка пред уште построга редукција на водата во општини на словенечкиот брег забрането е залевање на јавното зеленило, а не може ни да се истуширате на плажите. Состојбата со резервите вода е критично Градоначалниците на четири крајбрежни општини, од кои најголема е Копер, објавија дека во моментот состојбата со […]

Над 30.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на […]

Во Хрватска затворени првите бензиски пумпи, се очекува затворање на околу 240


Во Хрватска денеска се затворени првите бензиски пумпи. Тоа во изјава за ХРТ го нагласи Армандо Миљавац, кој ја затвори својата бензинска пумпа. „Моравме… Тоа е демонстративно затворање за луѓето да разберат дека тоа не е хир, ние сме во голема неволја. За да не зборуваме само, сакавме да преземеме чекори кои се неизбежни во […]