Бугарија, сепак, нема да испраќа оружје во Украина


  Бугарскиот парламентот го одобри обезбедувањето воено-техничка помош за Украина, но тоа ќе вклучува само поправка на украинската воена опрема, а исклучува испраќање оружје и муниција. Одлуката се подготвуваше неколку дена и им дозволи на социјалистите да останат во владината коалиција и покрај тоа што се закануваа дека ќе ја напуштат доколку биде се стигне […]

И Бугарија ќе бара да биде исклучена од санкциите за руската нафта


  Бугарија ќе побара привремено да биде исклучена од ембаргото за нафта кон Русија, слично како Унгарија и Словачка, изјави вицепремиерот Асен Василев во интервју за весникот „Капитал“. Според него, Бугарија технолошки може без руска нафта, но тоа значително би ја зголемило цената на горивото. „Од оваа гледна точка, доколку ЕК предвидува исклучоци, ние би […]

СБ: Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година


Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година од претходно проектираните 4,4 проценти под влијание на неколку економски кризи во светот, вклучително и војната во Украина, се наведува во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Србија според извештајот објавен од канцеларијата на […]

Четириесет и две години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 42 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 […]

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата


Словенија – Цените на нафтените деривати во Словенија достигнаа рекордно ниво, и литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ чини 1,617 евра, а дизелот 1,817, додека на бензинските пумпи на автопатиштата цената е повисока. Идниот премиер Роберт Голоб, како што пренесе Бета, денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи […]

Вучиќ од Александрополис: Србија гасно да се поврзе и со Северна Македонија со финансирање на ЕУ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Александрополис во Грција на церемонијата по повод почетокот на работите за изградба на терминал за течен природен гас изјави дека изградбата на ЛНГ терминалот е голем и важен настан за целиот Балкан и дека Србија треба гасно да се поврзе со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од […]

Милановиќ ќе стави вето на поканата за Финска на самитот на НАТО


  Хрватскиот претседател денеска ги повтори ставовите дека Финска не може да биде членка на НАТО. Тој најави дека на самитот на алијансата што треба да се одржи на крајот на мај во Мадрид ќе стави вето на поканата за Финска да стане членка на алијансата сѐ додека не се реши прашањето на Босна и […]

Радев мисли дека Русија може да ја нападне Бугарија и ќе нема кој да ја брани


  Пред утрешното гласање во бугарското собрание за испраќање воена помош на Украина политичката ситуација во Бугарија зовре до тој степен што претседателот Румен Радев денеска изјави дека е можно Русија да ја нападне Бугарија. Радев уште додаде дека во тој случај Бугарија немало кој да ја брани. Бугарските медиуми пишуваат и дека Радев се […]

Милановиќ: Ќе ставам вето на влезот на Финска во НАТО


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина. „На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој […]

Бугарија е 34 места подолу од Македонија на скалата за слобода не медиумите


  Иако Бугарија се искачи за 21 место на годишното рангирање на „Репортери без граници“ таа сѐ уште е на дното во регионот според Индексот на слободата на медиумите. Бугарија сега е на 91-то место. Сепак, ова е значително подобрување во однос на минатата година, кога земјата беше 112., за разлика од 111. пред неколку […]

Западниот Балкан ќе биде дел од министерскиот состанок за набавка на гас во Софија


Министерскиот состанок за енергетика во Софија на кој ќе се разговара за новата платформа за набавка на гас откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го потврди еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон, на вонредниот министерски совет кој се одржа во […]

Како пропаѓа еден од симболите на Белград – Генекс кулата


  Симболот на Белград – Генекс кулата, повторно ќе биде понудена на продажба на 23 мај. По почетна цена од 17 милиони евра се продава деловниот дел од објектот кој со години не е користен и кој е прилично руиниран. Станарите велат дека реновирањето е неопходно и за станбениот дел од зградата, бидејќи Градот Белград […]

Србија, од утре, ги укинува мерките за влез во државата


Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград. -Од полноќ, српките државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема […]

Укинати сите ограничувања за влез во Хрватска


  Во Хрватска се укинати сите ограничувања за влез во земјата кои беа воведени поради пандемијата, потврди денеска Министерството за внатрешни работи на Хрватска. Влезот во Хрватска е дозволен со уважување на условите за влез кои беа важечки пред епидемијата на Ковид-19, односно условите пропишани со Законот за шенген граници, Законот за странци и други, […]

БГНЕС: Вулгарни антибугарски транспаренти на натпревар во Битола


Бугарски БГНЕС пишува дека за време на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Вардар на трибините во салата имало огромни транспаренти со цинични и вулгарни пораки против Бугарите. „И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите. Досега ниту спортската […]

Бугарска компанија ги снабдувала Русите со американски чипови за ракети


Руските проектили кои ја напаѓаат Украина може да содржат американски компјутерски чипови кои стигнуваат до Русија преку бугарска компанија. Ова го објави Ројтерс, според откритијата во сопствената истрага за патот на специјализираните компоненти за ракети од САД до Москва. Во центарот на настаните е московскиот бизнисмен Илиас Сабиров, кој со години ја снабдува руската војска […]

Кралот и кралицата на Белгија во официјална посета на Грција


 На поканата на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, кралот и кралицата на Белгија, од денеска до 4 мај ќе бидат во официјална посета на Грција и ќе остварат низа средби, јави дописничката на МИА од Атина. Кралското семејство ќе го придружуваат и неколку белгиски министри, а предвидено е за време на посетата на Грција да се […]

Епидемија на хепатитис во загрепски училишта


Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода […]

Мицотакис и лидерите од Балканот, меѓу кои и Ковачевски утре во посета на терминалот за LNG во Александруполи


Терминалот за течен природен гас (LNG) во грчкиот град Александруполи утре ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со други лидери од Балканот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу нив ќе биде и претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Грчкиот премиер за време на владината седница во петокот […]

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки


 Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.   Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од  денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција. Исто така во земјата повторно се отворени ноќните […]