(Видео) Кај Шибеник беснее голем пожар, видлив е и од Вселената


Во Далмација беснеат пожари. Во моментов неконтролирано гори на две места, во Задарската жупанија, во областа Височани и во Шибеничко-книнската жупанија на патот Бенковац, јавија хрватските медиуми. Ветерот им отежнува на пожарникарите кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Во Затон пожарот стигнал до куќите, од кои 10 изгореле.

Во гаснењето на пожарот кај Затон, кој зафати некои куќи и возила во моментов се ангажирани околу 150 пожарникари и воздухопловни сили, а како што информираат од Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ), биле испратени и 25 војници.

„Не се сеќавам на ништо слично на она што се случува денес. Овде сум 50 години и не се сеќавам на такво нешто бидејќи пожарот е насекаде“, рече Португалецот Хоаким Гомеш од Урем, каде што екстремните горештини продолжуваат.

Пожарите во Далмација се видливи и од Вселената. Метеорологот Изидор Пелајиќ објави сателитска снимка на која се гледа како пожарот се гледа од височина од 36.000 километри.

„Ова е еден од најтешките пожари во последните 10, 15 години, а населението е во опасност. Изгореа десетина куќи, многу луѓе ги напуштија своите домови. Немаме официјално најавена евакуација, бидејќи сакаме возрасните да останат во нивните домови и да ги бранат своите домови“, изјави Данијел Милета, шеф на Штабот за цивилна заштита на градот Шибеник, за ТВ „Нова“.