Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос


Хеликоптер, кој веројатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните информации станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8  со тројца или четворица членови на екипажот.

Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот.