Најмалку шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија


Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот. Се очекува денеска полицијата да излезе со […]

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица


Во денешната експлозија и пожар во фабриката „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, најверојатно загинале сите пет лица, кои се сметаа за исчезнати, а шестмина се повредени, соопшти менаџментот на компанијата. Директорот на компанијата Сречко Штефаниќ изјави дека шансите за преживување на петмината исчезнати се „речиси непостоечки“ поради јачината на експлозијата, пренесува словенечката агенција СТА. Од […]

Во Грција потврдени три случаи на хепатитис кај деца


Грција– Кај три деца во Грција, на возраст од 14 и 18 месеци и десет години, бил потврден хепатитисот што веќе е регистриран во неколку земји, а не е позната причината и ги напаѓа децата до 16 години, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) соопштија дека […]

Петков нареди ревизија на „Турски поток“, според него – корупцијата е инструмент на влијанието на Путин во Бугарија


Бугарскот премиер Кирил Петков наредил целосна проверка на проектот „Турски поток“,  изграден по прекинот на „Јужен поток“, јавија бугарските медиуми. Според неговото објаснување, неговите коалициски партнери ја гледаат корупцијата како клучна алатка за влијанието на Путин во Бугарија. Ставот го искажа на почетокот на владина седница. „Овој тип на проект е токму она што се […]

„Економист“: Коалицијата во Бугарија ќе опстане


  Изгледите за губење на поддршката на предвремените парламентарни избори без јасен резултат, како и потенцијалното зголемено присуство во парламентот на националистичката и радикално проруската партија Преродба, се поттик за да се спречи распаѓањето на владејачката коалиција“. „Економист интелиџенс јунит“ ја опишува вака ситуацијата во Бугарија: „Иако анкетите на ГЕРБ му даваат мало водство, на […]

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, 20 повредени


  Денеска во 8.35 часот одекна експлозија во хемиската фабрика „Меламин“ во центарот на словенечкиот град Кочевје, при што избувна пожар. Од Управата за заштита и спасување соопштија дека во несреќата се повредени над дваесет лица, а две лица се пренесени во Универзитетскиот медицински центар Љубљана. На местото на настанот веднаш пристигнале интервентни служби и […]

Анкета: Бугарите во паника – ќе нѐ нападнат и нас


  Две третини од Бугарите стравуваат дека Москва ќе изврши напад на објекти во Бугарија, додека повеќе од половината се плашат дека Русија може да ги окупира. Како што покажа инстражувањето направено во таа земја, од употреба на нуклеарно оружје се плашат тројца од четворица Бугари. Се работи за истражување кое агенцијата ESTAT го спроведе […]

Српската влада дозволи извоз на брашно


Владата на Србија денеска одлучи да дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар, јави Бета. Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на […]

Половината од Бугарите велат дека Русија не е виновна за војната во Украина, туку НАТО


  Речиси половина (44%) од Бугарите анкетирани од YouGov веруваат дека НАТО е целосно – или повеќе од Русија – виновен за војната во Украина. Кога ќе се додадат 13 отсто, обвинувајќи ги НАТО и Русија подеднакво за она што се случува таму, уделот на оние кои веруваат дека алијансата во која Бугарија е членка […]

Жена во Зрењанин го исекла мажот со моторна пила и го сварила


Ужасно злосторство се случи во Зрењанин, Србија, вчера, кага Тереза П. (46) го усмрти нејзиниот 42-годишен сопруг Срѓан П., по што е уапсена. Како што јавуваат српските медиуми, таа најпрво го избодела својот сопруг, потоа го исекла на парчиња со моторна пила, за на крај да го свари во огромен лонец. Според соседите, насилството во […]

Бугарија од јуни ќе добива американски гас


 Бугарија од јуни ќе почне да добива американски течен природен гас (LNG), што ќе и помогне во снабдувањето на пазарот откако рускиот „Газпром“ го прекина снабдувањето со гас, соопшти денеска бугарската Влада. Аранжманот беше договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон, соопшти владата. „Испораките на течен природен гас […]

Дритан Абазовиќ го поддржа „Отворен Балкан“


  Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и оцени дека Косово најмногу ќе има корист од учеството во неа, пренесува Клан Косова. Косово и Црна Гора одбија да учествуваат на „Отворениот Балкан“, а Абазовиќ во интервју за Клан Косова рече дека „Отворениот Балкан“ е дизајниран да […]

Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната


Хрватска– Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков. Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските […]

Лајен најави 700 милиони евра помош за Хрватска


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Хрватска најверојатно ќе добие 700 милиони евра од проектот „НекстГенерејшнЕУ“ (NextGenerationEU). – Добри вести за Хрватска. Според нас, Хрватска е подготвена да ја добие првата исплата од „НекстГенерејшнЕУ“. Откако земјите-членки дадат зелено светло, Хрватска ќе добие 700 милиони евра. Хрватска може да смета на […]

Во Хрватска стоковите резерви не се тајна – еве со што и колку располагаат


За разлика од Македонија, каде што залихите на производите кои што се чуваат како стокови резерви се класифициран податок, тоа не е случај со Хрватска. Имено, како што пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕ биз, хрватската влада ваквите податоци ги објавила како одговор на пратеничко прашање. Прашањето било поставено на 10 март, петнаесет дена по почетокот […]

Еврото во Бугарија во официјална употреба од 1 јануари 2024 година


Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото, јави дописникот на МИА од Софија. На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари […]

Паѓа рејтингот на Милановиќ кај Хрватите, расте на Пленковиќ


Хрватска– Пад доживеа популарноста на претседателот Зоран Милановиќ кај Хрватите, додека раст на политичкиот рејтинг е забележан кај премиерот Андреј Пленковиќ, покажа истражување објавено од РТЛ. Милановиќ и понатаму е најпозитивен политичар во очите на гласачите. Но, тој сега има 20.6 отсто поддршка, за разлика од април, кога рејтингот му беше 22 проценти. Ова, од февруари […]

Инфлацијата во Грција достигна 10,2 отсто, највисока во изминатите 28 години


Инфлацијата во Грција во април бележи рекорд во изминатите 28 години и со 10,2 отсто, според медиумите е највисока од 1994 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од април 2021 година, досега, најголемо зголемување на цената, за 122,2 отсто има на природниот гас, […]

Зелено светло од ЕК за хрватскиот буџет за закрепнување


Европската Комисија денеска даде преодно зелено светло за нацрт буџетот на Хрватска во рамките на европскиот Фонд за закрепнување. Овој фонд е воспоставен како одговор на кризата со Ковид-19 и буџетските проблеми кои ги предизвика оваа пандемија. Секоја земја членка сега треба да поднесе нацрт буџетски план до Европската Комисија за да ги користи фондовите […]

Априлската инфлација во Албанија 6,2 отсто, највисока во последните две декади


Ценовната криза на светските пазари се повеќе удира по џебот на албанските граѓани. Силниот раст на цените, особено на храната и горивата, предизвика инфлација од 6,2 отсто во април, што е највисока стапка во последните две декади, пренесува Топ чанел. -Иако најсилно влијание на инфлацијата имаше транспортот со пораст од 22,5 отсто и потрошувачката кошничката, […]