Лажна дојава за бомба ја испразни плажата во Чањ


Кафе бар на плажа во црногорскиот град Чањ добил анонимна дојава за поставена бомба денеска, пренесува подгорички „Вијести“.

„Бич бар“ и плажата каде што се наоѓа се евакуирани, а полицијата го обезбедува местото на настанот.

Анонимната дојава за бомба во бар на плажа во црногорското летувалиште Чањ била лажна.

Припадниците на Антитерористичиот тим (АТТ) извршиле увид и не пронашле бомба.