(Видео) Вечерва авион кој летал од Србија се урна во Грција


Авионска несреќа се случи пред кратко време во вечерва во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми.

Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал.

Екипите на ЕМАК од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека според тамошните медиуми се слушаат експлозии и прекин на електричната енергија во околните населени места, откако при падот ги пресекол каблите за струја.

Понатаму, се чини дека авионот од типот Антонов имал 4 мотори, од кои едниот се запалил, поради што пилотот побарал итно слетување во Кавала.

Авионот, за кој се наведува дека е комерцијален бил на лет од Србија за Јордан.