Редукција на вода во Истра, казните се ригорозни


 

Во Истра, Хрватска, во петокот беше донесена одлука за редукција на питка вода, која со примена почна од ноќеска на полноќ.

Граѓаните не смеат питката вода да ја користат за миење автомобили, улици, плоштади и јавни површини, не смее да се полева со неа, а нема ни туширање на плажите. Исклучок се продавниците и рибарниците.

Оваа мерка е донесена поради неповолната хидролошка ситуација на подрачјето на Истра, а не се очекуваат дождови во следниот месец.

Властите апелираат да се штеди вода за да не се воведуваат уште порестриктивни мерки.

„Секој може да заштеди 10 до 15 отсто од количината вода за да не бидеме принудени да донесуваме уште порестриктивни мерки, се со цел постојано снабдување со вода на граѓенте и туристите3, велат локалните власти.

Дополнителен проблем е што Хрватска оваа недела ќе ја зафати нов топлински бран, па сушата може да потрае.

Надзорот ќе го вршат комунални редари кои неправилностите ќе ги пријавуваат до Државниот инспектора, а од таму се закануваат дека ппрекршителите ќе бидат исклучувани од системот на водоснабдување, се додека траат мерките за рестрикција.

Но, на страниците на жупанијата воопшто нема известување дека се воведени мерки на рестрикции, а не пак дополнителни детали, забележуваат новинарите во хрватска.

Во марините низ Истреа има известувања дека од денеска нема миење на бродовите, но не се знае што ќе биде со автопералниците затоа што миење возила со питка вода од денеска е забрането. Нема повеќе ни залевање на тревниците, како ни туширање на плажите.

Во Пула за полевање на тревниците и за миење на улиците ќе се користи вода од изворот „Нимфеј“, кој не е дел од водоснабдителниот систем, а таа вода е технички неисправна и не може да се користи за пиење.