(Видео) Кај Шибеник беснее голем пожар, видлив е и од Вселената


Во Далмација беснеат пожари. Во моментов неконтролирано гори на две места, во Задарската жупанија, во областа Височани и во Шибеничко-книнската жупанија на патот Бенковац, јавија хрватските медиуми. Ветерот им отежнува на пожарникарите кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Во Затон пожарот стигнал до куќите, од кои 10 изгореле. Во гаснењето на пожарот […]

Србија не се придружи на новите санкции на ЕУ против Иран


Србија е единствената земја која припаѓа на процесот на проширување која се нема усогласено со одлуката на Европската унија (ЕУ) за рестриктивни мерки против Иран јави дописникот на МИА од Белград. Со оваа одлука на ЕУ, која датира од 27 јуни 2022 година, а која се однесува на измени на списокот на лица и субјекти […]

Вучиќ утре почнува консултации за кандидат за нов премиер


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре почнува со консултации за кандидат за нов премиер, а на првиот ден од консултациите ќе разговара со претставници на четири изборни листи кои го поминаа цензусот на парламентарните избори одржани во април годинава, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ, […]

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос


Хеликоптер, кој веројатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8  со тројца или четворица членови на екипажот. Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот. 

Славниот актер-режисер Лигнадис е прогласен за виновен за две силувања


Грција – Мешаниот поротнички суд во Атина го прогласи за виновен за две од четирите силувања за кои беше обвинет грчкиот актер, режисер и поранешен уметнички директор на Националниот театар, Димитрис Лигнадис, одредувајќи му вкупна затворска казна од 12 години, но сепак ќе биде пуштен на слобода под конкретни услови, сè додека да се разгледа […]

Ниту има пресуди за корупција, ниту е подобрено новинарството – оценка на ЕУ за Бугарија


Бугарија и натаму останува една од најсивите зони во Европската унија што се однесува на владеењето на правото. Во годишниот извештај на Европската комисија се наведува големата загриженост за функционирањето на Високиот судски совет и потребата да се реши прашањето за неговиот состав е од огромно значење. И во овој извештај Бугарија е критикувана дека […]

Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот


  Албанија– Врз основа на средногодишниот индекс на Numbeo, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот. -Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците […]

Борел и Вархеи во посета на Црна Гора


Белгија– Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи утре ќе ја посетат Црна Гора, каде што ќе учествуваат на сесијата на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Црна Гора. Борел и Вархеи ќе имаат средба со претставници на црногорската Влада, […]

Додик: Сам ќе си воведам санкции, да не се мачи Германија


  Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вечерва напиша за Германија да не воведува санкции против него, тој самиот ќе си ги воведе. „За да не се мачат, од денеска си воведувам санкции. Ниту имам имот во Германија, ниту планирам да одам таму“, напиша Додик на Твитер. Тој оцени дека Германија со својата […]

Албанија четврта во Европа според намалување на бројот на населението


Во извештајот на Евростат за движењето на населението во Европа од 1960 годна, од кога ги објавува овие податоци, се наведува дека во 2022 година, населението на Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е најниско ниво од 1982 година. Во споредба со раните 90-ти, населението се намалило за околу 15 отсто. Во 1991 […]

Софија го алармира Брисел дека границата и е мафијашка и ги трујат Европјаните


Бугарската влада во заминување ја користи последната сила за да алармира за тоа како мафијашите ја презедоа контролата на клучниот граничен премин на ЕУ – поткопувајќи ја безбедноста на храната и заедничките стандарди на внатрешниот пазар на блокот. Долги години, граничниот премин Капитан Андреево на границата на Бугарија со Турција е познат како влезна точка за […]

Хрватска добива конечна потврда за влез во еврозоната


Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро, па министерот за финансии Здравко Мариќ го нарече историски ден. – Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски, изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот […]

И Словенија побара од потрошувачите да бидат штедливи со природниот гас


Од потрошувачите во Словенија е побарано како мерка на претпазливост, да внимаваат на потрошувачката на природниот гас. Словенечката Агенција за енергетика објави ниво на рано предупредување како дел од кризниот план за информирање на јавноста за можни прекини во снабдувањето во иднина, во случај на намалено снабдување со гас од Русија, јави словенечката новинска агенција […]

Ѓоковиќ на балкон во Белград: Тој инает го симболизира духот на нашиот небесен народ


  Луѓе од Белград и од цела Србија во голем број му приредија свечен пречек на новиот, стариот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ. Платото пред Стариот дворец беше претесно за да ги прими сите кои сакаа да се поздрават со најдобриот српски тенисер досега, сопственик на 21 Грен слем титула, од кои седум на Вимблдон […]

Радев: Бугарија категорично ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ


Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е во посета на Црна Гора, изјави дека Бугарија категорично ја потврдува поддршката за европскиот пат на Црна Гора, пренесува БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во историската престолнина Цетиње, Радев изјави дека Црна Гора е најнапредната земја во […]

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас


Словенечката Регулаторна агенција за енергетика денеска го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува […]

Лажењето не е различно мислење


  Време е сериозно да ја разгледаме конструкцијата  „друга гледна точка“.  Во 1921 година, по повод стогодишнината од основањето, тогашниот главен уредник на „Тајмс“, основачот на модерното новинарство, направи разлика помеѓу коментар и известување: „Коментарите се бесплатни, но фактите се свети“, порача тој. Односно: може да има алтернативни толкувања, но алтернативни факти – не. Принципот […]

Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите


Во најновиот извештај на италијанското Министерството за правда наведени се проблемите поврзани со екстрадицираните албанските криминалци. Во извештајот за борбата против криминалот и шверцот со дрога, италијанските власти наведуваат дека албанските криминалци се екстрадираат, се ставаат во затворите во Тирана и во Валона и потоа ги напуштаат ќелиите откако ќе платат поткуп. – Албанските криминалци […]

ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ


Демократската партија на социјалистите (ДПС) на денешната седница на претседателството на партијата одлучи да ја ускрати поддршката на црногорската Влада на Дритан Абазовиќ. Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без […]

Албанскиот политиколог Ѓета го критикува францускиот предлог: Клин во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан


Клин во процесот на проширување. Вака познатиот албански политиколог Алтин Ѓета го гледа францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. -Целта на Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија. Би било проблематично, за првпат билатерален проблем меѓу две држави да се вклучи во […]