Русија парично ја помагала партијата на Сали Бериша
Москва ѝ дала 500 илјади долари на Демократската партија за изборите во 2017 во Албанија
Москва потрошила 300 милиони долари за мешање во странство од 2014 година, соопштија САД. Важен дел од парите завршиле на Балканот. Обвинението на Стејт департментот се заснова на декласифицирана проценка на американските разузнавачки служби објавена во вторникот.
Висок функционер од администрацијата на претседателот Џо Бајден рече: „Сметаме дека ова е само врвот на ледениот брег“.
Русија јавно не го коментираше ова прашање. Самата Москва постојано ги обвинуваше САД за мешање во странство.
Американските разузнавачи „проценуваат дека ова се минимални бројки и дека Русија најверојатно префрлила дополнителни средства тајно во случаите што останале неоткриени“, рече претставникот на администрацијата на Бајден за време на телефонскиот брифинг.
Проценката на американското разузнавање објавено во депеша не наведува конкретни земји или официјални лица за кои се верува дека биле цел на Русија – но се вели дека тие опфаќаат четири континенти.
Извор од администрацијата запознаен со наодите тврди дека Русија потрошила околу 500.000 долари за поддршка на албанската централно-десничарска Демократска партија на изборите во 2017 година, а исто така ги финансирала партиите или кандидатите во Босна, Црна Гора и Мадагаскар, според новинската агенција АФП.
Изворот, исто така, рече дека Кремљ го користел Брисел како центар за фондации и други фронтови кои ги поддржуваат екстремно десничарските кандидати.
Се вели дека фиктивните компании се користат за финансирање на европските партии и за купување влијание на други места.