Хил: Би сакал да видам прозападна влада во Србија


  Србија– Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека во Србија би сакал да види прозападна влада и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои, според него, гласале Србите, пренесе Бета. „Би сакал да го видам тоа и разбирам дека составувањето влада е комплицирано. Кога во минатото ме прашуваа за одредени позиции, а јас […]

Мета: Беше чест и привилегија, посакувам се најдобро за татковината 


Албанија – Неколку часа пред истекот на неговиот петгодишен претседателски мандат, Илир Мета преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ изразува благодарност и им посакува се најдобро на Албанците.  „Беше извонредна чест и привилегија да служам овие пет години како претседател на Република Албанија. Им посакувам се најдобро на нашата татковина и нација! Мир и благосостојба за […]

Драма во Словенија: Оган опколил пожарникари, ги спасил „канадер“


  На социјалните мрежи вирално стана видео од првата огнена линија во областа Крас во Словенија, каде беснеат многу пожари. Екипа пожарникари била опкружена со оган, па не било можно да се повлечат, но биле спасени од авион „канадер“кој истурил вода на теренот. Клемен Горуп, пожарникар од ПГД Хрватини и автор на видеото, за Н1 […]

Рама најави рестрикции на струјата во Албанија


  Албанија- Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се можни ограничувања на струјата, бидејќи Албанија не успеала да добие доволно струја. Рама рече дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, со кој се предвидуваат намалувања во случај на потреба, пренесува весникот „Албанска пошта“. „Го направивме овој план во случај на итни или […]

Потона туристички брод во Сплит


Хрватска– Туристичкиот брод „Морска вила“ со 40 патници синоќа удрил во западниот брег на Сплит и потонал, пренесуваат медиумите во регионот. Драмата се случила синоќа во 2 часот и 35 минути, а како што соопшти сплитската полиција, сите 40 патници биле извлечени на брегот и не се повредени. Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил […]

Со „францускиот предлог“ Бугарија доби само вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија


  Бугарија– Единствено што доби Бугарија од „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Северна Македонија е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите по кластери, а не како што сакаше Скопје пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство, оценува бугарскиот портал „Факти.бг“ во коментар посветен на стартот на преговорите на […]

Комшиќ: Милановиќ заговара „вулгарен фашизам“


Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, денеска го обвини хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека се залага за „вулгарен фашизам“, со неговите коментари на  ситуацијата во Босна и Херцеговина и кога зборува за Бошњаците кои живеат во неа. По состанокот на Главниот одбор на неговата партија Демократски фронт (ДФ), одржан во Сараево, Комшиќ […]

Бугарија четврти пат ќе оди на избори заради Слави Трифонов


„Има таков народ“ (ИТН) четврти пат за 1,5 година ја урива владата во Бугарија, изјави за БНТ претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“ во Народното собрание, Георги Свиленски. Тој додаде дека поради ИТН Бугарија четврти пат ќе оди на избори. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Свиленски, ГЕРБ, Движењето за […]

Словенија сè уште гори


Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта“. Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.Во гаснењето на пожарот денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер. – Се надеваме дека пожарникарите со поддршка од воздух утрово ќе успеат да […]

Будва и оваа сезона е атрактивна за летен одмор


Според официјалните податоци што Туристичката организација на општина Будва ги добива еднаш неделно директно од будванските хотелиери и од системот за пријавување престој од бироата за туристички информации кои се наоѓаат на територијата на целата Будванска ривиера, во Будва престојуваат 36.346 гости, што е 22% повеќе во споредба со претходната недела. Во хотелско сместување, престојуваат […]

За Слави Трифонов преговорите за нова влада се бесмислени и лицемерни


Лидерот на „Има таков народ“  Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори. Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на […]

Одложен Светскиот самит на муџахедините во Албанија, по предупредувањата за сериозни закани


Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч. Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците. – Самитот се одлага до следно известување во согласност со […]

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи


 Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопштија дека поради растечкиот тренд на заразата со коронавирусот, а според препораката на Републичката стручна комисија од денеска 22 јули 2022 година воведена е мерката забрана за посета на здравствените установи во Србија, со цел спречување на ширењето на инфекциите, јави […]

Сали Бериша непожелен во САД и Велика Британија


Албанскиот премиер Еди Рама преку куса објава на Твитер му одговори на поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој го обвини дека тој стои зад неговото прогласување за непожелна личност Велика Британија, а претходно беше прогласен за „персона нон грата“ од САД. – Без коментар, напиша Рама, објавувајќи фотографија од насловот на книга на диктаторот […]

Топлотниот бран го зафати регионот, тропски температури до 27 јули


  Хрватска– Топлотниот бран што ги зафати земјите од регионот ќе трае до 27 јули, прогнозираат метеоролозите, а температурите во некои градови и населени места ќе достигнат до 44 степени Целзиусови. Поради високите дневни температури во Босна и Херцеговина денеска е на сила портокалов аларм, а температурите ќе се движат од 32 до 38 степени. […]

Вработена во дом за стари украла картичка од 75-годишна корисничка, потрошила 1.000 ерва


  Вработена во дом за стари лица во Хрватска, украла банкарска картичка од 75-годишна косрисничка на установата, па купувала по продавници. Полицијата вели дека 42-годишната жена од 6 мај до 28 јуни украла од корисничката на домот картичка и си трошела, а попатно потрошила 6.000 куни, близу 1.000 евра. Против неа ќе биде поднесена кривична […]

Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва


  Словенија – На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва. Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид. Според некои проценки, станува збор за најголем […]

Албанскиот претседател Мета го завршува мандатот со посета на Косово


Претседателот во заминување на Република Албанија, Илир Мета допатува денеска во тридневна официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина. Кабинетот на Османи, објави дека официјалниот дел од посетата на нејзиниот албански колега ќе почне утре претпладне, кога таа ќе го пречека Мета со највисоки […]

Силен земјотрес на западот на Турција


Силен земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтер ја потресе западна Турција. Епицентарот на земјотресот бил 57 километри југозападно од градот Бандирма, на длабочина од 2 километри. Потрес со јачина од 3.1 степен по Рихтер вчеравечер во 21.45 часот ја погоди и Босна и Херцеговина, јави Федералниот хидрометереолошки завод. Земјотресот беше забележан на длабочина […]