Бугарија: ГЕРБ ќе се врати со силна победа на изборите в недела


 

Осум партии ќе влезат во бугарскиот парламент по изборите в недела, а ГЕРБ ќе биде убедлив победник. Барем така покажуваат последните две анкети на агенциите „Тренд“ и „Алфа Рисрч“. Првата студија беше нарачана од весникот „24 часа“ и беше спроведена со 1001 интервју лице в лице. Второто истражување е нарачано од бТВ.

И во двете анкети ГЕРБ на Бојко Борисов е во убедливо водство со околу 9 процентни поени разлика пред Промените продолжуваат.

Според резултатите на „Тренд“ се очекува ГЕРБ да добие 25,7 отсто од гласовите. На второ место е Продолжуваме со промената (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков со 16,4%. Трета политичка сила ќе бидат националистичките проруски популисти од Преродба со 13,9%. ДПС е на четвртото место со 11,9%. За БСП ќе гласаат 8,7 отсто, а за Демократска Бугарија 7,6 отсто.

Според „Тренд“, шанса да влезат во парламентот имаат уште две формации – ИТН и Бугарски подем на техничкиот премиер пред една година Стефан Јанев. Тие се очекува да добијат 4,4% и 4,2% од гласовите. Далеку под прагот од 4 отсто остануваат остануваат Исправи се Бугарија (2%) и ВМРО (1,2%).

Слични се податоците и на „Алфа рисрч“. Во нивната анкета, прва политичка сила ќе биде ГЕРБ со 25,2%. ПП се очекува да добие 16,5 отсто од гласовите. Во оваа анкета ДПС е трета партија со 13,1 отсто поддршка,а потоа Преродба со 11%. Бугарските социјалисти ќе паднат дури на петто место со 10,2%, „Демократска Бугарија“ се очекува да добие 8,4%. Бугарски подем и ИТН добиваат 4,4% и 4%.

ПП има околу себе периферија на колебливи гласачи, коментираше за бТВ социологот Борјана Димитрова. Во зависност од тоа дали можат да ги привлечат, тие ќе го обликуваат нивниот резултат. Според неа, може да има промени во БСП, ДПС и „Вазраждане“ поради нивните блиски резултати. Излезноста на гласачите ќе биде околу 45%, рече Димитрова.