Босанскиот премиер Новалиќ на црната листа на САД


Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави му воведе санкции на премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, поради поткопување на демократските процеси, соопшти денеска Американската амбасада во Босна и Херцеговина. На американската „црна листа“ се најдоа и бањалучкиот бизнисмен Слободан Станковиќ и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг“ од Лакташ поради нивната поврзаност со […]

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани


Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек […]

ГЕРБ е прв, но победник на изборите во Бугарија се националистите од Преродба


  Иако ГЕРБ се први на изборите во Бугарија, Продолжуваме со промената втори, само една партија успеа навистина да добие од оваа кампања, да собере нови поддржувачи и да ги удвои гласовите. Тоа е Преродба, пишува бугарската редакција на Дојче веле. „Повеќе од 10 отсто од бугарските гласачи гласаа за партијата, која ги плаши нејзините […]

Вучиќ: Суштински ќе ја усогласиме визната политика со ЕУ, Србија нема да е „влезна земја“ за илегални миграции


Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер за миграцијата, енергетиката и борбата против криминалот изјави дека е договорено Србија значително да ја усогласи визната политика со ЕУ до крајот на годината, така што нема да може да се користи како влезна земја за илегална […]

Бугарија изгуби 844 илјади жители за десет години


  Населението на Бугарија на 7 септември 2021 година е 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот статистички институт, кој денеска ги презентираше податоците од пописот што се одржа во периодот 7 септември – 10 октомври 2021 година. Од 2011 година, населението во Бугарија е намалено за 844.781 лице, што е еднакво на 11,5%. Фактори за ова […]

За една декада за 11,5 проценти намалено населението во Бугарија


Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) денеска ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе. Жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто), јави бугарската новинска агенција БТА. Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу […]

Ако им дадат визна либерализација, ќе заминат 800.000 луѓе?


По визната либерализација, во рок од пет до седум години, Косово според објективните проценки ќе го напуштат 800.000 жители, тврди Донат Сиља. Сиља, кој е прв шеф на генералниот конзулат на Косово во Канада, истакнува дека визната либерализација ќе влијае на депопулација на Косово. Тој рече дека граѓаните на Косово лесно се прилагодуваат на европскиот […]

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот


  Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот. На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, […]

Во Грција почнува имунизација со прилагодените вакцини за новите подваријатни на Омикрон


Од денеска во Грција започнува имунизација со ажурираните и прилагодените вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од подваријантите БА.4 и БА.5 на мутацијата Омикрон, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретните вакцини, кои минатата седмица пристигнаа во Грција, ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани […]

„Политико“ и Блумберг очекуваат дека ќе биде тешко да се формира влада во Бугарија


САД-  Магазинот „Политико“ и агенцијата Блумберг очекуваат дека ќе биде тешко да се формира нова влада во Бугарија по вчерашните предвремени парламентарни избори. И според двата американски медиуми, на долготрајната политичка криза во оваа балканска земја не и се гледа крај, јави БТА. На изборите победи партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но се […]

Во изборната ноќ, Шмит наметна измени во изборниот закон во корист на Хрватите


 Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит вечерва, на изборната ноќ, наметна ненајавени измени на изборниот закон поврзани со структурата и функционирањето на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ и начинот на донесување одлуки , кои се во корист на Хрватите. „За судбината на оваа земја клучно е да нема повеќе […]

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС


 Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи, јави дописникот на МИА од Софија. Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на […]

Бугарија во уште еден јазол по денешните избори


  Има еден јасен победник во Бугарија на денешните избори – ГЕРБ, но политичката сцена и натаму е раздробена без јасна перспектива како би можело да се направи регуларна поличка влада. Ниедна од , условно речено, спротивставените групации нема парламентарно мнозинство и нејасно е како би можело да се стигне до него. Работите, според првите […]

До 15 часот излезноста во БиХ – 35 отсто


Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги објави податоците за излезноста на општите избори во земјата до 15:00 часот. Претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ рече дека е задоволен од вкупниот одѕив на гласачите до 15 часот. „Веднаш на почетокот сакам да го соопштам одѕивот на гласачите. Вкупниот одѕив е 1.164.261 гласач или 35 отсто, […]

Излезноста на парламентарните избори во Бугарија до 16 часот е 25,58 отсто


Излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во Бугарија до 16 часот по локално време изнесува 25,58 отсто. Највисока е во еден од регионите во Софија – 33,95 отсто, а најниска – во Карџали – 19,72 отсто, објави Централната изборна комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ист процент излезност […]

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра


Албанската електрокорпорација, КЕШ, обезбеди енергија за да ги задоволи потребите на земјата за месец октомври, во вредност од околу 34 милиони евра. Според податоците, купени се вкупно 74.500 мегавати по просечна цена од 455,24 евра. До сега КЕШ обезбедуваше струја за најмногу десет дена. Ова е првпат да обезбеди струја за цел месец што се […]

Шмит: По изборите нема сите во БиХ да бидат среќни, но потребно е да се прифатат изборните резултати


Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска го посети избирачкото место на Електротехничкиот факултет во Источно Сараево за да се увери, како што наведе, дали таму се почитуваат сите права и процедури. Тој оцени дека е многу важно набљудувачите да се на нивните места, не само оние кои ги поставуваат политичките партии, […]

Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија


Поранешниот бугарски премиер,  Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат“, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно. -Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија, рече Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа […]

Син во Сараево си го запалил таткото


Денеска во болница почина лицето што вчера било запалено од страна на својот син во сараевската населба Буќа Поток. Неговиот син Ј.Е. (35) е уапсен синоќа, неколку часа откако избегал од местото на настанот, пренесува Klix.ba. Таткото, кој се здобил со изгореници на повеќе од 70 отсто од телото, бил однесен на одделот за пластична […]

„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ


Црногорската полиција го уапси директорот на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, под сомнение дека е дел од организиран синџир што украл и шверцувал дел од цигарите кои државата ги запленила летово во слободната царинска зона на пристаништето Бар, наведуваат медиумите во Подгорица. Милошевиќ и уште неколку лица се уапсени во […]