Итен состанок во Бугарија за дебаклот со влегувањето во Шенген


Бугарскиот технички премиер, Гулаб Донев, денеска ќе одржи средба посветена на подготвеноста на Бугарија за приклучување кон Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Софија.

На средбата, покрај Донев, ќе учествуваат и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, министерот за надворешни работи Николај Милков и министерот за правда Крум Зарков.

На средбата ќе се даде осврт на активностите на официјалната бугарска Влада за одбрана на подготвеноста на земјата за приклучување кон зоната за слободно движење во Европската унија.