Воената обука треба да ја поминат сите полнолетни до 30 години, вели српскиот министер за одбрана


Милош Вучевиќ

 

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека оти воена обука треба да имаат сите полнолетни граѓани до 30-годишна возраст, како и оние постарите кои „зачекорија во четвртата деценија“.

Вучевиќ за денешен „Блиц“ изјави дека за нив треба да се воведе пократок воен рок, кој ќе трае три недели, нагласувајќи дека претстои експертска расправа за повторно воведување на задолжителниот воен рок.

„Целта на обновувањето на воената служба е да се обучи следната генерација да дејствува во кризни ситуации, за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме“, рече министерот.

Тој нагласи дека кога се зборува за враќање на задолжителниот воен рок, не се работи за војување, туку за тоа дека армијата е на услуга на граѓаните.

„Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да“, рече Вучевиќ.