Вучиќ: Планот за Косово е прифатен од цела ЕУ, ако не соработуваме, евроинтеграциите ќе бидат прекинати и инвестициите ќе се повлечат


  Планот за Косово веќе не е само француско-германски план, туку многу повеќе од тоа, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста. Тој посочи дека на состанокот со „големата петорка“ му било кажано дека Србија мора да го прифати планот, а во спротивно ќе се соочи со прекин на евроинтеграцискиот процес, запирање […]

Ер Србија нуди карти по намалени цени за 40 дестинации, меѓу кои и Скопје


  Ер Србија од денеска до 5 февруари нуиди авио-карти по намалени цени за повеќе од 40 дестинации во регионот и во Европа. Најевтините карти кои може да се купат се по цена од 39 евра во еден правец, за патувања од 1 февруари до 1 април. Авио-карти за Бањалука, Барселона, Атина, Тиват, Подгорица, Загреб, […]

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговорите за решение помеѓу Белград и Приштина


 Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Заедницата на српските општини е суштината на Бриселскиот договор, како и оти Белград ќе инсистира на нејзиниот итно формирање, јави БЕТА. Според него, тоа е предуслов за дискусии за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина. – Она што е видливо […]

Илјадници потрошувачи во Словенија без струја поради снег и ветер


Снегот и силниот ветер во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, јавија словенечките медиуми. На подрачјето на Нови Место без струја останале повеќе од 3.000 потрошувачи, соопштија од Електро Љубљана. Поради невреме е затворен дел од крајбрежниот автопат меѓу Кастелец и Кожине кон Љубљана, јави СТА. 

Почина легендарната хрватска ТВ новинарка Силвија Лукс


Почина Силвија Лукс, една од најпрепознатливите телевизиски личности во изминатите децении, јавуви Хрватското здружение на новинари. Во својата долгогодишна кариера била новинарка, уредничка, водителка, а била на различни водечки позиции во медиумите, пред се на телевизија. Спаѓа во категоријата телевизиски работници за кои со право може да се каже дека биле доајени на новинарството. Линк […]

Во Турција претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа официјално објави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај. Изборите се сметаат за тест за Ердоган, кој е на власт 20 години: тој беше избран за премиер во 2003 година, а претседател е од 2014 година. Ердоган се кандидира за трет мандат, за кој опозицијата тврди дека е неуставен. За претседател првпат беше […]

Вучиќ го напушти состанокот во седиштето на партијата, рече дека е подготвен да поднесе оставка


Србија – Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС. Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, […]

Авион на „Рајанер“, кој добил дојава за бомба на летот, безбедно слета во Атина


Авион на „Рајанер“ кој летал од полскиот град Катовице за Атина испратил предупредување до грчката контрола на летање за можна бомба на летот, јавуваат грчките медиуми. Во авионот имало 192 лица, а „боингот“ безбедно слетал на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, придружуван од грчки борбени авиони Ф16, објави сајтот „elkosmos.gr“. Претходно, унгарски борбени авиони го следеа […]

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното. Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса доцна синоќа, објави Ројтерс. Благодарен сум на Бога […]

Снежна лавина во Словенија, повреден скијач


  Горската служба за спасување на Словенија на Фејсбук објави дека вчера се случила лавина на надморска височина од 1.600 метри, а еден скијач завршил под снегот со повреди. „Почна лавина и еден од четвроица туристи скијачи заврши затрупан во лавината. Среќа е што тогаш немало многу скијачи на патеката. Спасувачите од Госката служба за […]

Црна Гора: Евакуирани пет лица од снежните наноси


По неколкучасовна акција спасени се пет лица кои останаа затрупани во снежниот нанос на две локации во градот Студено, соопштија од Службата за заштита и спасување на главниот град. Според извештаите две лица беа заробени на една локација, а тричлено семејство на друга, јавува РТЦГ. Првата спасувачка акција беше завршена во 12:24 часот, а втората […]

„Данас“ го објави текстот на француско-германскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија


– Порталот на белградскиот весник „Данас“ го објави „европскиот предлог за основниот договор меѓу Косово и Србија“ што „го добил по дипломатски канали“, а во кој пишува дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација”, пренесе Бета. Како што се наведува, тоа е напишано во член 4 од вкупно […]

Пожар во Петроварадин, изгоре поранешна дискотека, пронајдени две тела


Во Нови Сад, Србија, изгоре објект на поранешна дискотека, пренесуваат српските медиуми. Според пишувањата во објкетот најдени се две безживотни тела. Истрагата е во тек, а идентитетот на жртвите уште не е познат.

Напредњаците ги користат волците да ја искажат верноста кон Вучиќ


  Кој денес би го користел симболот на диво и агресивно животно, како што е волкот, за да ја покаже својата лојалност кон мирнодопската политика – вели за српскиот весник „Данас“ психологот Жарко Кориќ. Коментирајќи ја вчерашната „акција“ на членовите на Српската напредна партија на социјалните мрежи, таканареченото преплавување на објави со фотографии од волци, […]

Реката Дрина „потоната“ во ѓубре (Галерија)


  ВИШЕГРАД – Тони отпад фрлен во лошо регулирани депонии покрај реките или директно во водните патишта што течат низ три земји завршуваат акумулирани зад бариерата за отпадоци во реката Дрина во источна Босна за време на влажното време во зима и рана пролет. Оваа недела, бариерата повторно стана надворешниот раб на масивна пливачка депонија […]

Србија е подготвена да го прифати француско-германскиот план со една резерва


  Александар Вучиќ, претседателот на Србија, во петокот попладне по средбата со дипломатската петорка изјави дека Србија е подготвена со една резерва да работи на концептот и спроведувањето на понудениот план за Косово. Тој најави и дека во наредните денови за оваа работа ќе има консултации со членовите на Владата, Собранието и сите општествени групи. […]

Во поголем дел од Србија падна снег – хаос во сообраќајот


  Поголем дел од Србија е под снег, кој направи проблеми во сообраќајот, пишува Б92. Шлепер се излизгал од коловозот кај Панчево во Банатското Ново Село. На патот Шабац-Обреновац еден патнички автомобил се излизгал и паднал во канал. Се претпоставува дека нема потешко повредени лица. Сообраќајна незгода имало и на патот Нови Сад – Зрењанин, […]

Бугарија оди на предвремени избори, петти во две години


Бугарите напролет ќе излезат на парламентарни избори по петти пат во две години, откако социјалистите денеска се откажаа од плановите за формирање нова влада. Социјалистите, кои имаа трета и последна шанса да формираат влада по изборите без победа на 2 октомври, рекоа дека направиле сериозни напори да добијат поддршка поставувајќи јасни национални приоритети, но не […]

Словенија планира да го укине дополнителното здравствено осигурување


Словенечкиот министер за здравство Данијел Бешич Лоредан денеска го претстави владиниот план за реформи во здравството, според кој дополнителното здравствено осигурување ќе се укине во 2025 година. Владата ќе го следи финскиот и естонскиот модел во обид да постигне ефикасна, дигитализирана и одржлива здравствена заштита, јави СТА. Бешич рече дека и покрај зголемениот број лекари […]

Борисов и Нинова си подадоа рака заедно да формираат влада по следните избори


  Бугарската политика е на пат да се врати на стариот колосек по многу веројатните нови предвремени избори. По денешната средба на ГЕРБ, ДПС, БСП и Бугарски подем постојат големи шанси тие четири партии аедно да ја изберат следната редовна влада на земјата. Ова е резимето на лидерската средба меѓу Бојко Борисов, Мустафа Карадаи, Корнелија […]