Загрепски полицаец извршил голема нужда во канцеларијата на шефот


Неодамна во полициска станица во Загреб се случил непријатен инцидент, пренесува Телеграм.

Имено, еден полицаец незадоволен од својот шеф извршил нужда во неговата канцеларија.

Покрај тоа, измачкал уште неколку простории во полициската станица. Телеграм неофицијално дознава дека се работи за полициската станица на улицата „В. Бауер“.

Таа полициска станица, според информациите на официјалната веб-страница на полициската управа во Загреб, моментално ја води Јошо Жугај. Полицаецот не бил задоволен од шефот, па решил тоа отворено да го покаже. Во кабинетот на началникот оставил порака во вид на измет.

Од полицијата велат дека нивниот полицаец е казнет за нарушување на јавниот ред и мир, односно дрско однесување и навреда на службени лица.

„Полицискиот службеник е привремено отстранет од служба со одлука на началникот на полициската управа во Загреб до завршување на дисциплинската постапка“, велат оттаму.