Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди централна Турција


Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и во област на 64 километри северозападно од Кахраманмарас, која беше најтешко погодена од катастрофалниот земјотрес во февруари.