Во Албанија од 1 април повисока минимална плата за 52 евра


Минималната плата ќе продолжи да се зголемува во Албанија во следните две години за да достигне 45.000 леки во 2025 година, изјави албанската министерка за финансии и економија, Делина Ибрахимај. – Од 1 април минималната плата се зголемува на 40.000 леки (едно евро = 113,6 леки), што е зголемување за 17,6 отсто на досегашниот износ од 34.000. За нас […]

Седуммина повредени во верижен судир во Србија


Србија– Седум лица се повредени во верижен судир што денеска нешто пред 15 часот се случил на автопатот Суботица – Бачка Топола во Србија. Во судирот учествувале вкупно 14 возила. Српската радио-телевизија објави дека засега нема информации за жртви.   Се претпоставува дека до судирот дошло како резултат на песочна бура предизвикана од силни ветрови […]

Бугарија преплавена со дојави за бомби во училишта


  Дури 102 училишта во Бугарија добиле закани за бомби од понеделникот, објави денеска главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров. Биле испратени мејлови до образовните институции во Софија, Варна, Бургас, Плевен и Сливен. Голем дел од нив се евакуирани. Досега не е пронајдена експлозивна направа. Софиското градско обвинителство отвори истрага за тероризам. […]

Албанската полиција нуди награда од 100 илјади евра за информација за нападот врз Топ чанел


 Албанската полиција ги повика граѓаните да достават  информации поврзани со пукањето врз телевизијата Топ чанел во Тирана, при што  беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола. – Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите, јави Топ чанел. Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата […]

Вучиќ – Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција, важен е и коридорот Белград-Скопје-Солун-Пиреја


 Србија е заинтересирана за купување на одредена количина на течниот гас од ЛНГ терминалот во Александрополис, а многу важен е и коридорот Будимпешта-Белград-Скопје-Солун-Пиреја-Атина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Сакеларопулу наведе  дека ставот на Атина, кога станува збор за […]

Дојава за поставени бомби во повеќе училишта во Сараево


  Во Кантонот Сараево, во Босна и херцеговина, денеска примени се дојави за поставени бомби во повеќе училишта, јавија сараевските медиуми. Учениците се евакиурани и оратени дома, а речиси на сите им е препорачано вклучување на онлајн настава, без разлика дали во нивното училиште има дојава или не. Ваквите дојави се зачесетени преиодов и најчесто […]

ЕУ тргнува во спроведување на договорот од Охрид меѓу Вучиќ и Курти


  Во наредните денови институциите на Европската унија, со поддршка на лидерите на ЕУ, ќе ги преземат првите чекори кон имплементација на Охридскиот договор заедно со Косово и Србија, изјави за агенцијата Бета портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано. Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно […]

За вооружениот напад врз Топ чанел приведени две лица


Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето. Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар. -Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат […]

Украинци во Србија со брод прошверцувале над 12 тони нафта


Српски цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти денеска српската Царинска управа. Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште. Бродот пловел под знамето […]

Бугарските избори преку политичката пропаганда


  „Неделава не заборавајте да ги смените стрелките на часовниците. Идната недела, не заборавајте да ја смените власта“. Со ваква политичка порака коалицијата на Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија ги повика гласачите во Бугарија в недела да излезат и да гласаат на петите избори за две години во земјата. И покрај ваквата политичка состојба, […]

Маската повеќе не е задолжителна во превозните средства во Грција


Од денеска Грција ги укинува задолжителната употреба на маска во превозните средства и задолжителниот тест за невакцинираните работници, што воедно беа и последните мерки што важеа за заштита од Ковид-19, објавија грчките медиуми. Одлуката за укинување на задолжителната маска во јавниот и такси превозот, беше соопштена пред десет дена, а сега со објавената министерска одлука […]

Нападот врз Топ чанел остро го осудија ОБСЕ, Амбасадата на САД , албанскиот државен врв, новинарски асоцијации


Мисијата на ОБСЕ во Албанија силно го осуди криминалниот напад против Топ чанел, оценувајќи дека напад врз медиум е флагрантен напад против демократијата. Изразувајќи сочувство до семејството и колегите на Пал Кола, кој беше убиен во нападот, ОБСЕ бара брза истрага за целосно расветлување на инцидентот и изведување на сторителите пред лицето на правдата. – […]

Пелеши: Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ испорачуваат слики четири пати неделно


По лансирањето на сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес. – Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да […]

Бомба во училиште во Смедерево, евакуација


Во смедеревското основно училиште „Бранислав Нушиќ“, пронајдена е експлозивна направа, а веднаш е наредена евакуација на учениците и персоналот. Полицијата врши контра-диверзионен преглед. По налог на јавниот обвинител, учениците се веднаш евакуирани, а уште не се знае за каква бомба станува збор. Бомбата наводно, ја нашол вработен во училиштето, во еден од училишните магацини. Полицијата […]

Шмит: Време е да заврши процесот на формирање власт во БиХ


Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска предупреди дека е крајно време да се формира влада во таа земја врз основа на резултатите од изборите одржани уште во октомври и ги повика политичките партии да се однесуваат одговорно и на тој начин да обезбедат продолжување на потребните реформи. Во авторски текст за […]

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани од компанијата ЕОС Матрикс


Над 181.000 лични податоци на хрватски граѓани протекоа од компанијата ЕОС Матрикс, која им помага на компаниите професионално да си ги наплатат долговите, а меѓу нив се и податоци на неколку стотици малолетници, што е најголемото протекување на лични податоци досега. Според Индекс, ова е второ големо протекување на податоци по отворената истрага во декември […]

Грчката претседателка во официјална посета на Србија


Грција– На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија. Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.

Драма во Тирана: Нападната телевизија – убиен работник


Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана. Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено е опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на […]

Ѓукановиќ: изборот е дали Црна Гора ќе биде покраина на голема Србија или европска земја


Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, на изборна трибина во Сутоморе изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде, како што наведе, „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава. Ѓукановиќ рече дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел […]

Во Хрватска од денеска нема гранични контроли за авиолетови во рамки на Шенген


На аеродромите во Хрватска од денеска се укинати граничните контроли за патници на летови во рамки на Шенген зоната. На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници. Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот […]