Избори во Турција: Во опозициските области имаше пад на излезноста
Одѕивот на гласачите беше понизок на овие избори севкупно – во првиот круг на гласањето излегоа 88 отсто од бирачите, додека во вториот 84,2 што преведено во бројки тоа се милиони гласачи.
Но статистиката покажува дека одѕивот опадна во големите градови каде Киличдароглу се надеваше дека ќе има посилна поддршка, како и во југоисточните региони населени со Курди. Провинциите што ги освои Ердоган не забележаа толку драматичен пад, неговите гласачи излегоа како под команда да му ја обезбедат победата.
Еве неколку бројки преку агенцијата Анадолија:
Истанбул:
- Круг 1: 90,5%
- Круг 2: 87,2%
Измир:
- Круг 1: 90,2%
- Круг 2: 87,19%
Анкара:
- Круг 1: 91,2%
- Круг 2: 87,9%
Во курдските региони, каде што бројките за излезност на гласачите се генерално помали од другите делови на земјата, исто така имаше забележително намалување.
Шпекулациите беа жестоки за тоа дали Киличдароглу ќе може да го задржи гласот на Курдите откако меѓу двата круга им се додворуваше на националистички гласачи соработувајќи со екстремно десничарскиот политичар Умит Оздаг.
По првиот круг, националистот Синан Оган, кој заврши трет, го поддржа Ердоган. Киличдароглу се обиде да искористи некои од тие милионски гласови, но таа стратегија се чини дека предизвика апатија кај гласачите на југоистокот каде што се Курдите. А многу веројатни и кај Курдите кои живеаат во големите градови како Истанбул, Анкара и Измир.
Во изјава за Ројтерс, Реха Рухавиоглу, директор на Центарот за курдски студии со седиште во Дијарбакир, рече дека курдските гласачи изгубиле интерес за опозициската алијанса додека Киличдароглу тргнал надесно.
Демотивацијата произлегува од политичкиот дискурс на партијата на Киличдароглу, ЦХП, која се префрли од помирување кон безбедносна политика.
Еве неколку бројки:
Дијарбакир:
- Круг 1: 81,7%
- Круг 2: 75,9%
Агри:
- Круг 1: 72,8%
- Круг 2: 65,8%
Мардин:
- Круг 1: 82,7%
- Круг 2: 78,7%
Ван:
- Круг 1: 78,6%
- Круг 2: 72,2%
Сирт:
- Круг 1: 83,3%
- Круг 2: 78,6%