Средба Рама-Курти во Тирана


Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама. -Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и […]

Вучиќ: Во јуни следуваат големи промени поради Украина, Американците создаваат блок во Европа


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека она што се случува во глобалната политика, а пред се во Европа, ќе ја промени динамиката на односот на Србија со ЕУ и дека се одвива паралелен процес под влијание на САД, во кој се создава посебен блок во Европа, кој може да стане најсилен, јави дописиникот […]

Средба на Вучиќ со Орбан и Сијарто во Белград


Србија – Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто со кои разговараше за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, јави дописникот на МИА од Белград. „Со Виктор Орбан и Петер Сијарто за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите […]

Двајца пациенти умреле чекајќи кревет во загрепска болница


Хрватска– Двајца пациенти починаа во слични околности, оставени да лежат на транспортни колички во чекалната на ургентното одделение на Клиничката болница Свети Дух во Загреб, пишува Индекс.хр.   Едниот пациент бил пронајден мртов во чекалната од членовите на семејството, другиот од припадниците на брзата помош. Како што дознава Индекс, и двајцата пациенти биле примени во […]

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок


Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора. Абазовиќ во интервју за […]

Црногорци уапсени во Уругвај за шверц на 400 килограми кокаин – дел од балканскиот клан


Полицијата на Уругвај запленила повеќе од 400 килограми кокаин во рамките на акцијата наречена Виртус, а меѓу уапсените има и двајца црногорски државјани, објави порталот на црногорскиот јавен сервис rtcg.me. Во веста во која тој портал се повикува на уругвајскиот Ел Обсервадор, се наведува дека меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се […]

Американската комора го повика Косово да се приклучи на Отворен Балкан


   Американската комора во Приштина го повтори својот повик до владата на Косово да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан и истовремено го поздрави договорот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението на Комората, таа смета дека […]

Хил за бомбардирањето на Србија: Дипломатијата знае и да потфрли


Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод годишнината од бомбардирањето на НАТО, рече дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината. „Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата […]

Во Србија зголемена цената на патарините


  Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14 отсто, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат шест проценти попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде осум отсто, јави дописникот на МИА од Белград. За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа […]

Во Хрватска за прв пат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака


Во Клиничкиот институт за дијагностичка и интервентна радиологија на КБЦ, за прв пат во Хрватска успешно се изведени процедури за перкутана аблација и туморска биопсија на пациенти на онкологија со употреба на најнова технологија за роботска рака, соопштија од болницата, пренесе Индекс.хр. „Вештачката интелигенција со помош на роботската рака Micromate поставена на КТ уредот овозможува […]

САД предвидуваат 106,2 милиони долари за поддршка на реформите на Балканот во 2023 година


Во предлог-буџетот на Стејт департментот за фискалната 2023 година, во делот што предвидува помош за надворешни операции, предвидени се 106,2 милиони долари за Западен Балкан, објави вечерва Гласот на Америка. Како што е наведено во официјалниот документ на Стејт департментот, се планира американска помош за Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Албанија и Црна […]

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка


Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност  во земјата, јави државната агенција АТА. – Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија  ја зголеми основната каматна стапка на три од 2,75 проценти колку што изнесуваше. Ја зголеми и основната каматна стапка на еднодневните […]

Загрепски полицаец извршил голема нужда во канцеларијата на шефот


Неодамна во полициска станица во Загреб се случил непријатен инцидент, пренесува Телеграм. Имено, еден полицаец незадоволен од својот шеф извршил нужда во неговата канцеларија. Покрај тоа, измачкал уште неколку простории во полициската станица. Телеграм неофицијално дознава дека се работи за полициската станица на улицата „В. Бауер“. Таа полициска станица, според информациите на официјалната веб-страница на […]

Босна и Херцеговина: Владата на РС по налог на Додик ги прекина односите со САД и Велика Британија


 Владата на Република Српска денеска донесе одлука за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ, на што американската страна веднаш одговори со порака дека тргнале по „опасен пат“. Прекин на соработката со американските и британските дипломати во Босна и Херцеговина, претходно најави претседателот на РС Милорад Додик, кој е под […]

Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“ уапсен на аеродромот во Подгорица


Црна Гора– Црногорската полиција денеска уапсила маж за кој има сомневања  дека е еден од најбараните бегалци во светот. -Станува збор за јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на компанијата „Тераформ лабс“ од Сингапур, соопшти црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, додавајќи дека се уште се чека на официјалната потврда за идентитетот. Министерот […]

Мицотакис: Грчкиот банкарски систем е силен и депозитите на граѓаните се заштитени


Наспроти светската финансиска бура што се разви во последните седмици, сакам уште еднаш да ги уверам сите грчки штедачи дека грчкиот банкарски систем е силен и дека нивните депозити се заштитени, порача премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис од Брисел пред почетокот на Самитот на ЕУ. Мицотакис истакна дека економски, Грција е во многу позајакната позиција […]

Еуроњуз Србија: Почнува Самитот на ЕУ – на маса е договорот меѓу Белград и Приштина од Охрид


  Во Брисел почнува дводневниот Самит на ЕУ, а една од темите на разговор меѓу европските претставници ќе биде и разговорот во Охрид меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и европските посредници. Се очекува да биде донесен заклучок во кој двете страни се повикуваат „брзо и со добра волја“ да ги исполнат […]

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди централна Турција


Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и во област на 64 километри северозападно од Кахраманмарас, која беше најтешко погодена од катастрофалниот земјотрес во февруари.

Само 169 Бугари од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април


Само 169 лица од Северна Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет. Според резултатите од последниот попис […]

Како Белград стана Мека за филмските екипи од Холивуд


Србија– Познатиот „Пират од Карибите“ Џони Деп, откако првпат ја проба српската сливовица, реши повторно и повторно да се враќа во земјата на Немањиќ, Обилиќ, Петровиќ… И им дава пример на своите колеги од странство. „Снимавме по белградските улици и сите ни беа прекрасни. Не пуштија да трчаме низ градот додека ги снимавме сцените со […]