Инцидент со автомобил од обезбедувањето на главниот бугарски обвинител


Софија – Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков. Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа. Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите. Повредено е лице од […]

Белград домаќин на италијанската мода на филмските диви


Белград– Во рамките на манифестацијата „Италијанската мода во Белград“ на 5 мај во Етнографскиот музеј ќе биде отворена изложбата „Италија е во мода“ чиј автор и куратор е Стефано Доминела. За прв пат кај нас посетителите ќе имаат можност да ги видат бисерите на италијанската мода, кои доаѓаат од архивите на најголемите модни куќи во […]

Граѓаните на Србија потрошиле 2,5 милијарди евра за нерегистриран недвижен имот


Иако граѓаните и фирмите во Србија лани издвоиле рекордни 7,5 милијарди евра за купување недвижен имот, дури третина од таа сума е потрошена за нерегистрирани станови, куќи и други објекти, пренесува СЕЕбиз. Прометот на недвижен имот кој не е евидентиран во катастарот е голема црна точка на имотно-правните односи над недвижностите во Србија, но не […]

Во Бугарија од 1 јануари до 15 април 2023 година се регистрирани повеќе од 1,5 милиони туристи


Во зимската сезона во Бугарија има 23 отсто повеќе туристи од рекордните вредности пред пандемијата, за 2023 година од почетокот на годината бележи зголемување од 20 отсто во однос на 2022 година, јавува прес-центарот на Министерството за туризам. Бројките сумирани во Единствениот туристички информативен систем (ЕСТИ) во последните месеци укажуваат дека Бугарија се опорави од […]

Албанската полиција во Драч заплени над 13 килограми хероин


Албанската полиција заплени 13 килограми и 750 грама хероин во пристаништето Драч во автобус кој одржувал релација Драч-Милано. Во официјалното соопштение, полицијата објави детали за финализирањето на акцијата „Терминал“, спроведена од Граничната полиција на пристаништето Драч, во соработка со специјалците за истрага на нелегална трговија на наркотици и царинските органи на пристаништето. -Од детална проверка, […]

Повикал полиција и лажно пријавил бомби во Нов Загреб – уапсен e


Маж (46) осомничен за лажно пријавувавање дека изминатите денови биле поставени експлозивни направи на неколку локации во Загреб е предаден на надзорникот на притворот, извести денеска Полициската управа во Загреб. Тој е осомничен дека на 18 април преку мобилен телефон се јавил во полиција и изјавил дека во трговскиот центар во Нов Загреб и во […]

Ковид-болниците во Србија, се бара начин да се искористат


Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ нагласи дека министерството и државата се пред одлука за затворање на болниците за болни од Ковид-19 и начинот на кој тие ќе ги користат тие простори. „Болницата „Ковид“ во Батајница има повеќе од 930 кревети, а во Нови Сад и Крушевац повеќе од 500“, вели Грујичиќ за денешната „Политика“. […]

Автобус од Србија се преврте во Унгарија: 15 повредени, меѓу кои и деца


Тешка сообраќајна несреќа се случи во саботата наутро на автопатот 53 во Унгарија, кога дури 15 лица беа повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи. На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец и потоа се превртел […]

Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“


Автопатската делница е дел од Моравскиот коридор кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Станува збор за пат која го поврзува западот со истокот на нашиот северен сосед. Членовите на српската Влада со панорамски автобус ја минаа делницата меѓу Појат и Макрешан во должина од 16,8 километри. На отворањето на делницата присуствуваше и американскиот амбасадор […]

Уапсени две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Карајваз


Атина– Грчката полиција вчера уапси две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција станува збор за двајца Грци на возраст од 40 и 48 години, кои се во роднинска врска, а […]

Здружението на новинари на Србија го прогласи Асанж за почесен член


Здружението на новинари на Србија ја поддржа иницијативата на претседателот на италијанскиот синдикат на новинари Виторио де Трапани и Европската федерација на новинари и го прогласи новинарот Џулијан Асанж за почесен член. Во Декларацијата што претставниците на ФНСИ ја прочитаа во Рим на сопругата на Џулијан Асанж, Стела Морис, европските влади се повикани да работат […]

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почувствува во повеќе градови


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Кахраманмарас рано утринава, околу пет часот по локално време. Според турските медиуми, истото се почувствувало и во Адана, но и во неколку други градови, а кај луѓето се појавил страв и паника. Ударот е забележан на длабочина од 6,89 километри.

(Видео) Пожар проголта луксузна зграда кај Бодрум! Граѓаните скокаа од балкони


Огромен пожар зафати луксузен станбен блок во Измир, а преплашените станари прескокнувале балкони за да си го спасат животот. Пожар зафатил зграда во Турција, со драматични слики на кои пламенот го осветлува ноќното небо. Очевидци изјавија дека пожарот брзо го зафатил целиот блок, бидејќи биле забележани станари како скокаат од балконите. На видеото од местото […]

Американскиот Конгрес го избра Дејвид Џ. Костеланчик за нов амбасадор во Албанија


 Американскиот Конгрес го избра  дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на Соединетите американски држави во Албанија, кој на оваа функција набрзо ќе ја замени амбасадорката Јури Ким. Доаѓа од местото советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно бил заменик-шеф на мисијата и две години вршител на […]

По осум години избрана новата Влада на Федерацијата БиХ


 По осум години Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ (СДП). Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит наметна одлуки со кои се деблокира изборот на владата. За именувањето на новата Влада на ФБиХ, што ја сочинуваат […]

Вучиќ досега осум пати најави дека си оди од челото на СНС. Дали сега навистина ќе си замине?


  Претседателот на Српската напредна странка Александар Вучиќ свика вонредна седница на партиското собрание за 27 мај, а претходно најави дека повеќе нема да биде лидер на Српската напредна странка, туку ќе остане член. Ова не е прв пат Вучиќ да најавува оставка од раководството на партијата и дали навистина сега ќе си замине од […]

Борисов: Доколку Петков и Василев учествуваат во владата, ние ќе предложиме наши видни личности


Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…., изјави лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “„ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, затоа што е усогласена законодавната […]

Највисоката исплатена плата во Црна Гора годинава е 110.000 евра


  Во Црна Гора десетте највисоки бруто плати во март годинава се движеле од 110.000 евра до 64.700 евра, од кои 88.000 евра бруто биле издвоени за вработен во државен орган, покажуваат податоците на Управата за приходи и царина доставени до порталот РТЦГ. Пресметката вели дека бруто платата од 88.000 евра (со даноци и придонеси), […]

Зошто германските Турци гласаат за Ердоган?


На претстојните избори во Турција за актуелниот претседател Ердоган ќе биде многу тесно. Но, ако се прашаат германските Турци, Ердоган би победил. Што се крие зад неговата популарност меѓу Турците во Германија? Нов претседател и нов Парламент на 14 мај ќе избираат не само од Турците во Турција, туку и од турските граѓани ширум светот, […]

Хорор во Загреб: Тела на подот од мртовечница, нема место во фрижидерите


Хрватски Индекс објави грозоморно видео од мртовечницата на кое се гледаат тела на луѓе на подот во мртовечница. Како што пренесува овој хрватски портал, постои видео за кое се тврди дека е старо нешто повеќе од две недели, а ги прикажува посмртните останки кои се наредени на подот од мртовечницата во болницата „Свети дух“ во […]