Објавена новата влада на Грција, Јоргос Герапетритис шеф на дипломатијата
Еден ден по завршувањето на изборите и освојувањето на апсолутно мнозинство Нова демократија го објави составот на новата влада. Имињата на министрите и нивните заменици ги соопшти новиот владин портпарол Павлос Маринакис.
Во вториот кабиент ќе има некои нови лица и роатција на одредени министри. Нов шеф на дипломатијата ќе биде георгиос Герапетритис, а досегашниот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, ќе ја преземе функцијата на министер за одбрана.
Јоргос Герапетритис е професор по уставно право на Правниот факултет на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина. Студирал во Атина, Единбург и Оксфорд, бил визитинг соработник на Универзитетот во Оксфорд и на Универзитетот во Лондон и предавал европско и компаративно уставно право и историја на многу универзитети ширум светот.
Новите министри ќе положат заклетва веќе утре, во вторник, а потоа ќе се изврши примопредавањето на министерствата и во среда ќе се свика првиот кабинет со новиот состав.