За прв пат во историјата затворени делови од Националниот парк Крка, водата однесе мост


По силните дождови Хрватска се бори да ги задржи реките во нивните корита, но тие се излеваат и прават проблеми. Излеани се реките Крка, Добра, Корана, Мрежница, на делови Сава и огромни количини вода носат и во Босна и Херцеговина каде дополнително прават проблеми. Јавната установа Национален парк Крка извести дека поради високиот водостој на […]

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници


Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема […]

Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада


 Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.  Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и долготрајна, а во однос на можните […]

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција


Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како […]

Во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри


Претседателот на Здружението на медицински сестри, Елсон Јачај, изјави дека во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри и оти за работа тие главно ги избрале Германија и Италија. -Реално, во болниците се менуваше само надворешната фасада. Но, внатрешната реалност на тешкотиите што ги имаат на нивните работни места продолжува да биде […]

Гардијан: Популистистот и авторитарец Вучиќ – главен виновник за климата на насилство во Србија


Претседателот Александар Вучиќ, популист, авторитарец кој го поддржува Кремљ и чии политички корени се во екстремно-десничарскиот национализам, како министер за информации на покојниот српски водач и воен злосторник Слободан Милошевиќ, објави дека двата неодамнешни трагични настани во земјава – масовното пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното пукање кај градот Младеновац – се […]

Човекот што може да му помогне на Ердоган да биде реизбран


  Турските претседателски кандидати одеднаш сакаат да разговараат со Синан Оган, малку познат националистички политичар кој беше трет на изборите во неделата и преку ноќ се претвори во потенцијален кингмејкер. Пред вториот круг на 28 мај, Оган сака да обезбеди министерство, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот ривал Кемал Киличдароглу сакаат поддршка од неговите […]

Во Србија на интернет антисемитски и антимуслимански пораки


Верските заедници во Србија пријавиле помалку насилни инциденти минатата година отколку во 2021 година, се вели во извештајот од американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот објавен денеска, но тој укажува на промовирање на антисемитизам на интернет и дека националистичките групи ги користеле социјалните мрежи за ширење пораки против мигрантите и муслиманите, пренесе Бета. […]

Бугарката Марија Габриел веќе не е еврокомесар, објави Урсула фон дер Лајен


  Две вести (а и три) речиси во исто време ги обележаа денешните настани во Софија за формирање политичка влада која треба да ја извади Бугарија од изборниот ќор-сокак. Прво претседателот Румен Радев ѝ го довери мандатот на Марија Габриел, еврокомесарка за иновации и истражување (кадар на ГЕРБ) да се обиде да состави влада во […]

Турција ќе ја чека разврската за владеењето на Ердоган во вториот круг


  Рекордно високиот одѕив од 88 отсто на жестоките избори го постави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред најголем предизвик за неговото лидерство во последните две децении со назнака дека гласањето оди кон вториот круг, дури и кога Ердоган се обиде да навести победа пред да заврши официјалното пребројување на гласовите. Говорејќи пред радосната толпа […]

„Партиски војник“: Која е Марија Габриел која сака да стане бугарска премиерка


  БРИСЕЛ – Марија Габриел се надева дека ќе ја преземе одговорноста за земјата која едвај ја познава неа, оставајќи град кој ја познава премногу добро. Европската комесарка за истражување и иновации беше номинирана минатата недела да стане следниот премиер на Бугарија од лидерот на нејзината партија Бојко Борисов, со цел да се скрши политичкиот […]

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград


Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое […]

Прво „Њујорк тајмс“, а сега и „Гардијан“: „Вучиќ е популист и про-Кремљ авторитарец“


  Британскиот весник „Гардијан“ пишува за српскиот претседател Александар Вучиќ и државната мерка за разоружување што беше донесена по два трагични настани. Неодамна „Њујорк тајмс“ објави текст за врските меѓу мафијашкиот клан на Беливук и државниот врв во Србија, а денеска за тоа пишува и британски „Гардијан“. Весникот наведува дека во длабоко поделената нација преплавена […]

Бугарија: Главниот обвинител ја искина оставката и му објави војна на Борисов


  Двајцата врвни луѓе во бугарската политика, кои беа обвинувани дека заедно ги штитат олигарсите и корупцијата денеска фактички  стапија во „војна“. Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, последниве неколку месеци ја сврте плочата против главниот обвинител Иван Гешев, обвинувајќи го дека неговите постапки ја влечат земјата назад. Гешев, кој беше избран во […]

Рекорден водостој на реките во Хрватска и БиХ, евакуација, испумпување, поплави


Дождот што непрестано паѓа од вчера предизвика прелезање на реките во Хрватска и Босна и Херцеговина. Реката Зрмања прелеа преку заштитниот ѕид кај Обровац во општината Грачац, каде се упатени пожарникари, припадници на Хрватската горска служба за спасување и цивилната заштита со чамци за спасување. Неколку реки се излеаја и во северозападниот дел на Босна […]

Грција економски закрепнува, но трошоците за живот секојдневно растат


Грција ги надмина повеќето европски економии во последните години, но граѓаните не можат да си дозволат некои основни работи. Високиот раст, намалувањето на долгот и зголемените инвестиции придонесоа Грција да ги надмине повеќето европски земји. „Постојат добри причини грчката економија да ја надмине еврозоната во следните 3-5 години“, изјави главниот економист на Еуробанк Тасос Анастасатос. […]

За Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, според обработени 99,9 отсто од ливчињата, јави државната ТРТ


На претседателските избори одржани вчера во Турција, за актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ. За главниот ривал на Ердоган – Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите. Разликата меѓу ривалите […]

Голема неизвесност на изборите во Турција, веројатно ќе има втор круг


  Како што е се предвидуваше, претседателските избори во Турција влегоа во голема неизвесност додека се пребројуваат гласовите од неверојатно конкурентата трка меѓу актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган и главниот ривал, Кемал Киличдароглу, зад кого застанаа шест партии на опозицијата. Според последните објави на турските медиуми гласовите за Ердоган паднаа под 50 отсто, […]

Ердоган на пат кон нов мандат по половина од пребројаните гласови


  Со половина од пребројаните гласови актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган е на пат да добие уште еден мандат. Тој засега  има убедлива предност пред кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу. Од пребројаните 54,63 отсто од гласовите или 105.000 од 192.000 избирачки места Ердоган освоил 51,94 отсто од гласовите, додека Киличдароглу 42,10. Во гласови […]

На изборите во Турција гласаше 114-годишна жена – починаа двајца гласачи и еден набљудувач


  Жена по име Хацер Бабал, родена 1909 година гласаше денеска на изборите во Истанбул. Хацер гласала пред самиот крај, нешто пред да се сатворат биралиштата. Таа има 114 години. На бирачкото место во училница во местото каде живее донесена е со колиќка. „Нека му подари Бог добрина, нека му е добар животот и нека […]