Гори кај Бодрум (Видео)


Шумски пожари се случуваат на различни места неколку пати на ден во популарното турско летувалиште Бодрум.

Противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром во Бодрум каде густ чад се издига над пламените јазици што ја зафатија вегетацијата. Аеродромот моментално работи непречено, а пожарите се гасат од земја и од воздух.

Бодрум е едно од најпопуларните турски одморалишта сместено на Егејското Море. Аеродромот го користат туристите кои доаѓаат во Бодрум, и во многу други популарни одморалишта, како што е Мармарис.