(Видео) Ердоган на Бин Салман му подари автомобил, принцот за возврат го „префрли“ до хотелот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот му го подари првиот турски електричен автомобил од домашно производство, Togg, на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман остварија средби „еден на еден“, како и со заеднички делегации.

 

По разговорот, Ердоган на саудискиот престолонаследник му подари бел „тог“. Двајцата лидери го прегледале возилото во дворот на палатата.

На крајот од посетата, Ердоган се врати во својот хотел во возилото „тог“,  а го возеше Бин Салман.