Албин Курти не оди на состанок со Рама и Вархеи


Фото: Б. Грданоски

Портпаролот на Владата во Приштина, Перпарим Криезиу, изјави дека Албин Курти нема да оди на денешната средба во Тирана со Еди Рам.

Според „Репортерс“, на негово место ќе оди пратеникот Бесник Бислими.

Во Тирана се одржува неформален состанок на регионалните лидери на кој присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.

Криесиу на Фејсбук изјави дека Курти пред една недела добил покана од Рама за неформална средба со еврокомесарот Оливер Вархеи, на која биле поканети и други претставници од Западен Балкан, но, според него, Курти го потврдил своето учество пред неколку месеци на конференција во Грција.

„Премиерот Курти го информираше премиерот Рама дека овој пат нема да може да оди бидејќи пред неколку месеци го потврди своето учество на конференцијата на Крит, Грција, каде што панелот за Западен Балкан е точно истиот ден и на во исто време“, истакна Криесиу.

Тој додаде дека Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври годинава.

За време на неодамнешната посета на Рама на Косово, Курти одби да се сретне со него, наведувајќи дека ќе се согласи на тоа само во контекст на средбата меѓу двете влади.