Мирен изборен ден во Црна Гора со помала излезност на гласачите


Денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора минуваат мирно и само со помали нерегуларности, но излезноста е помала од изминатите парламентарни и претседателски избори, најавуваат набљудувачите. Според Центарот за демократска транзиција, до 15 часот  гласаа околу 35 отсто од гласачите што е помалку отколку на парламентарните и претседателските избори во април 2020 година, кога излезноста …

Мирен изборен ден во Црна Гора со помала излезност на гласачите Read More »

Земјотрес од пет степени во Кахраманмараш, турскиот регион што настрада во разорните потреси


Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси …

Земјотрес од пет степени во Кахраманмараш, турскиот регион што настрада во разорните потреси Read More »

Оддавање почит и нови апсења поврзани со масакрите во Србија


Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска ќе се одбележат 40 дена од убиството на девет ученици и чуварот, а истовремено е уапсено уште едно лице поврзано со вториот масакар кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е најавено, училиштето „Владислав Рибникар“ ќе биде отворено од 10.00 до 18.00 часот …

Оддавање почит и нови апсења поврзани со масакрите во Србија Read More »

Бугарија: Се подготвува ли импичмент за претседателот Радев


  По формирањето нова влада во Бугарија, засилено се шпекулира и со можноста за отповикување на претседателот Румен Радев. Таквата можност ја анализира весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Неопходното двотретинско …

Бугарија: Се подготвува ли импичмент за претседателот Радев Read More »

Голем број словенечки работници во потрага по нова работа


  Половина од работниците очекуваат зголемување на невработеноста во следните 12 месеци, покажува истражувањето на Валикон за порталот МојеДело. Расте бројот на активни баратели на работа, а главната причина е желбата за подобри услови. На прашањето како очекуваат да се промени бројот на невработени во Словенија во следните 12 месеци, лани 14 отсто од испитаниците …

Голем број словенечки работници во потрага по нова работа Read More »

Црна Гора излегува на избори за да го определи патот кон ЕУ


  ПОДГОРИЦА – Во Црна Гора в недела се одржуваат предвремени парламентарни избори, гласање кое би можело да даде индикации дали малата членка на НАТО на Балканот ќе ги надмине длабоките политички поделби и нестабилност што го попречија нејзиниот пат кон пристапување во Европската унија. Околу 542.000 гласачи имаат право да избираат меѓу 15 партии …

Црна Гора излегува на избори за да го определи патот кон ЕУ Read More »

Ердоган избра ветерани од Волстрит за да го спречи економскиот хаос


  Од неговиот реизбор, Реџеп Тајип Ердоган сигнализираше остра промена на економскиот курс додека се обидува да ја спречи претстојната криза во платниот биланс во Турција. Доцна во четвртокот, официјалниот весник на земјата го објави именувањето на поранешната банкарка на Голдман Сакс, Хафизе Гаје Еркан, како прва жена гувернер на централната банка на нацијата. Тоа …

Ердоган избра ветерани од Волстрит за да го спречи економскиот хаос Read More »

Во Истанбул запленети милијарда фалсификувани долари


Турските безбедносни сили заплениле една милијарда долари фалсификувани пари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот. Меѓу уапсените има и еден државјанин на Гана и тројца шведски државјани. Припадници на жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што ги заплениле лажните банкноти …

Во Истанбул запленети милијарда фалсификувани долари Read More »

Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот


 Во Белград се одржа шестиот масовен протест „Србија против насилството“ со учество како и минатите недели на десетици илјади граѓани, со фокус на протестот на образованието, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот се одвива во мирна атмосфера, во форма на протестна прошетка од Народното собрание по централните улици со правење на прстен и блокада …

Во Белград одржан шестиот протест „Србија против насилството“ со најава за радикализација на следниот Read More »

Црна Гора: Поради закани со бомби евакуирани училишта, градинки и институции


Наставата во сите црногорски училишта е прекината денеска откако на електронските адреси беа примени заканувачки пораки за бомбашки напади и напади со нервен гас, а закани стигнаа и до градинки и државни институции. Евакуирани се градинки во Подгорица, а во исто време се упатени закани и на адресите на црногорското МВР, Управата на полицијата, Агенцијата …

Црна Гора: Поради закани со бомби евакуирани училишта, градинки и институции Read More »

САД и Британија го ставија под санкции, а Делјан Пеевски ќе ги прави уставните промени во Бугарија


  Санкциониран за корупција според Законот Магнитски, бугарскиот пратеник и поранешен медиумски тајкун Делјан Пеевски (ДПС) беше избран за член на уставната комисија, што значи дека ќе преземе централна улога во претстојните промени. на бугарскиот устав. Уставните амандмани, со кои Бугарија мора да направи длабоки реформи во судството, се основа за формирање на новата проевропска …

САД и Британија го ставија под санкции, а Делјан Пеевски ќе ги прави уставните промени во Бугарија Read More »

„Време“: Во Србија отпуштена од работа нуклеарна инженерка поради твитови за Вучиќ и Ана Брнабиќ


Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува денеска неделникот „Време“. Како што пренесе Бета, во отказното решение, до кое имаа увид новинарите на порталот „Време“, има цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка …

„Време“: Во Србија отпуштена од работа нуклеарна инженерка поради твитови за Вучиќ и Ана Брнабиќ Read More »

(Видео) Невреме во Белград: Oд силните громови испукале стаклата на автомобилите


Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во сите делови од градот. На Баново брдо големо количество дожд ги поплави улиците, а најкритично беше во Пожешка и на падината Чукарица каде имаше вистинска поплава. „Гром удри во куќа на …

(Видео) Невреме во Белград: Oд силните громови испукале стаклата на автомобилите Read More »

Земјотрес од 4,8 степени регистриран во близина на Атина


Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола. Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти. Засега нема информации за …

Земјотрес од 4,8 степени регистриран во близина на Атина Read More »

Годишната инфлација во Албанија во мај достигна 4,7 отсто


Инфлацијата во Албанија продолжува да бележи ниски нивоа, во споредба со минатогодишните рекорди и таа во мај достигнала стапка од 4,7 отсто. -Од октомври минатата година кога индексот достигна рекордно ниво од 8,3 проценти, таа забележува значителни знаци на забавување седми месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година. Цените споредено со декември се преполовени, …

Годишната инфлација во Албанија во мај достигна 4,7 отсто Read More »

Рама им доставил на Макрон и Шолц нацрт за ЗСО


Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред се и да се деескалира ситуацијата, полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето, којзнае по колку години ќе се врати на маса, изјави албанскиот …

Рама им доставил на Макрон и Шолц нацрт за ЗСО Read More »

Бугарија бара грчки авиони да и го штитат небото


Бугарија побарала грчки воени авиони да го чуваат нејзиниот воздушен простор, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Таа е четвртата балканска земја која сака грчката авијација да го штити нејзиното небо, по Македонија, Албанија и Црна Гора. Ваквото барање покажува дека од политички причини Бугарија притискаше да го чува небото на Македонија место Грција, иако сега испажа …

Бугарија бара грчки авиони да и го штитат небото Read More »

Дојави за подметнати бомби на неколку факултети во Белград


На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми. Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани. Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет

Силен земјотрес ја погоди Бугарија, почувствуван и во Грција


Бугарија денеска ја погоди силен земјотрес. Магнитудата на земјотресот е 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 14.46 часот по наше време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 146 километри од Софија, односно на 15 километри од Пловдив. Земјотресот е почувствуван и во Грција. „Тресењето беше силно, но не траеше долго“, …

Силен земјотрес ја погоди Бугарија, почувствуван и во Грција Read More »

Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди косовските Срби да се вратат во институциите и дека косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори на северот на Косово без предуслови, јави дописникот на МИА од Белград. -Мораме да се погрижиме …

Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО Read More »