Гори отпад за гуми кај Мостар: Со часови се гасне, ниту дождот не помага


Мостарските пожарникари и покрај дождот со часови се борат со големиот пожар кој избувна на депонија за гуми во населбата Салаковац северно од Мостар, Босна и Херцеговина, потврдија за Klix.ba од професионалната противпожарна единица Мостар.

Како што велат од  ПВЈ Мостар, пожарот бил пријавен утринава во 6 часот и 15 минути, при што веднаш интервенирала противпожарната единица, но пожарот сѐ уште не е изгаснат, а ниту дождот кој паѓа во текот на денот не им помага во оваа акција.

„Имаме работа со големо количество гуми, но најважно е што нашите екипи го држат пожарот под контрола и пожарот не ги загрозува населените места или главниот пат“, изјавија за Klix.ba од ПВЈ Мостар.

Посочуваат дека во моментов на терен се четири противпожарни единици и пожарот кој беснее со часови е успешно ставен под контрола.