Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси


Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси, во просек шест земјотреси на секој час, што е втора година со најмногу регистрирани потреси во земјата, веднаш по 2023 година, изјави денеска професорот на Универзитетот Гази во Анкара, Булент Озмен. Според него, во текот на 2025 година се забележани 437 земјотреси со јачина поголема од 4 степени …

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси Read More »

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала


 Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала. На предновогодишната традиционална средба со новинарите, Рама рече дека цел на Албанија е да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка. Рама рече дека оваа година Албанија е опремена со ракетен систем …

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала Read More »

Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава


Турската полиција приведе 357 осомничени лица во денешната операција против членови на Исламска држава. Акцијата е спроведена еден ден по престрелката во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека властите спровеле рации во 21 провинции низ целата земја. Турските власти ги …

Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава Read More »

Бугарија влегува во еврозоната во време на политичка криза


  Бугарија ќе стане 21. земја што ќе го усвои еврото в четврток, но некои веруваат дека овој потег би можел да донесе повисоки цени и да ја зголеми нестабилноста во најсиромашната земја во Европската унија, каде што владата неодамна поднесе оставка по масовните протести. Но, последователните влади инсистираат на тоа дека тоа ќе ја …

Бугарија влегува во еврозоната во време на политичка криза Read More »

Преминот Евзони повторно затворен, Мицотакис повикува на дијалог објави


Грчките земјоделци и за денеска најавуваат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон Македонија. Ќе има застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, од 11:00до 15:00часот по македонско време (12:00 до 16:00часот по грчко време) и од 17:00 до 21:00 часот (18:00до 22:00часот по локално време). …

Преминот Евзони повторно затворен, Мицотакис повикува на дијалог објави Read More »

Мацут: Избори не се лек за секоја криза во општеството


Српскиот премиер Ѓуро Мацут, во своето новогодишно интервју за неделникот НИН изјави дека изборите не се лек за секоја криза, туку дека проблемите мора да се решаваат преку дијалог. „Секое општество има право на протест, но дијалогот мора да остане основно средство за решавање на проблемите. Поларизацијата не носи решенија, туку ги одложува“, рече Мацут. Тој …

Мацут: Избори не се лек за секоја криза во општеството Read More »

Силна експлозија пред училиште во Загреб (видео)


Силна експлозија синоќа ја вознемири загрепската населба Трешњевка, откако во дворот пред основно училиште во Новa цеста била активирана силна пиротехничка направа, јавува „Дневник.хр“ Според сведоци, се слушнале две експлозии, а една од жителките изјавила дека од силниот удар се треселе прозорците. Од загрепската противпожарна служба соопштиле дека во 22:56 часот добиле пријава за пожар …

Силна експлозија пред училиште во Загреб (видео) Read More »

Студентите во Србија собраа 393.000 потписи за распишување избори


  Студентите во блокадата Србија објавија на својот Инстаграм профил дека за време на вчерашната акција „Распиши победа“, во која граѓаните ги дадоа своите потписи за барањето за распишување вонредни парламентарни избори, собрале 393.045 потписи. „Со акцијата Распиши победа“, со која ја кренавме цела Србија, покажавме дека првиот неопходен чекор кон подобра иднина е распишувањето …

Студентите во Србија собраа 393.000 потписи за распишување избори Read More »

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели


Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ. – Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од …

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели Read More »

Вучиќ го глорифицираше кралот Александар, кого го уби ВМРО


  „Ние, Словените, никогаш не сме можеле да цениме никого за време на нашиот живот, туку само по нечија смрт. Јас живеам за она што ќе биде мое наследство, а не за она што ќе ми го кажат денес, бидејќи никој во негово време не можеше да очекува добар збор од својот народ“, рече претседателот …

Вучиќ го глорифицираше кралот Александар, кого го уби ВМРО Read More »

Во Албанија целосно се амнестираат 380 затвореници, 900 други добија намалени казни


По предлог на Министерството за правда во Албанија целосно од затворската казна ќе бидат амнестирани 380 лица, додека на 900 други им се намалува казната. Тоа, како што се наведува во образложението, како дел од модерната казнена политика, која има за цел рехабилитација, намалување на пренатрупаноста во затворите и зајакнување на долгорочната безбедност „чин инспириран …

Во Албанија целосно се амнестираат 380 затвореници, 900 други добија намалени казни Read More »

Поради обилни врнежи од снег затворени училиштa во 14 провинции во Турција


Обилните снежни врнежи што ја погодија Турција доведоа до затворање на училиштата во дури 14 провинции, а неочекуваните слободни денови се претворија во зимска радост за најмладите. Децата ја искористија ненадејната пауза во наставата за да си играат на снегот, објави „Еуроњуз“ . Во покраината Ван, каде што преку ноќ падна до половина метар снег, …

Поради обилни врнежи од снег затворени училиштa во 14 провинции во Турција Read More »

Убиени тројца полицајци во Турција и шест члена на ИСИС


Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламска држава престојуваат во куќата. Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест членови на …

Убиени тројца полицајци во Турција и шест члена на ИСИС Read More »

Курти ветува дека брзо ќе формира влада по изборната победа


  Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека брзо ќе формира нова влада откако неговата партија освои половина од гласовите на изборите во недела, сигнализирајќи можен крај на едногодишната политичка блокада што го парализираше парламентот и го одложи клучното меѓународно финансирање. Ова гласање е второ оваа година во Косово откако партијата Самоопределување на Курти не успеа …

Курти ветува дека брзо ќе формира влада по изборната победа Read More »

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун


Во текот на вчерашниот ден во Солун и на Халкидики биле регистрирани налети на северен ветер од над 80 километри на час, а противпожарната служба на Грција примила 600 повици за помош во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, …

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун Read More »

Албанија и Косово планираат производство на оклопни возила, ќе се приклучи и Хрватска


Вршителот на должноста министер за одбрана на Косово, Ејуп Маќедончи, објави дека военото оклопно возило „Шота“, дизајнирано во Албанија, ќе се произведува и во Косово, во рамките на регионалната соработка насочена кон вклучување на Хрватска. Косово се подготвува да започне со производство на оклопни возила. Планот е локално производство на оклопното возило „Шота“ од албански …

Албанија и Косово планираат производство на оклопни возила, ќе се приклучи и Хрватска Read More »

Партијата на Албин Курти на чекор до апсолутно мнозинство на изборите


  Официјалното пребројување на гласовите од изборите во Ксово во неделата покажува поинаков распоред на силите од излезните анкети. Според избројаните ливчиња од 2.351 избирачко место од вкупно 2.557 Самоопределување на досегашниот премиер Албин Курти ја надмина клучната граница и има поддршка од 50,1 отсто од гласачите. Излезните анкети предвидуваа дека партијата ќе освои 44 …

Партијата на Албин Курти на чекор до апсолутно мнозинство на изборите Read More »

Вучиќ попушти пред студентите, Србија оди на избори


Притисокот од студентските блокади во Србија вечерва доби политичка разврска што власта ја претставува како „прифаќање на барање“, а опозицијата и демонстрантите како резултат на уличната мобилизација. Претседателот Александар Вучиќ, обраќајќи се пред Домот на Народното собрание во Белград, изјави дека „е прифатено главното барање на блокадерите“ и дека следната година ќе бидат распишани вонредни …

Вучиќ попушти пред студентите, Србија оди на избори Read More »

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово


Приштина – Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети. На второ место е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово …

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово Read More »

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот


Тирана – Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан викендов на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите. Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички …

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот Read More »