ЦИА: 40 отсто од земјоделците во Албанија на граница на сиромаштијата


Албанскиот бизнис сектор не може да се дефинира поинаку освен како сиромаштија, се наведува во извштајот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за економскиот развој на Албанија за 2017 година. – Бизнис секторот во Албанија е многу сиромашен, поради тоа што над 40 отсто од вработените во секторот земјоделство живеат на граница на сиромаштија, оценува […]

Косово отвори амбасада во Абу Даби


Косово од денеска има своја Амбасада во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. На свеченоста на отворањето на Амбасадата присуствуваа косовскиот претседател Хашим Тачи и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли. Пацоли во објава на Фејсбук наведува дека ОАЕ е прва арапска држава која ја признала независноста на Косово. […]

Кинези влегуваат во „Горење“


„Горење“ ја одбра кинеската групација „Хајсенс Електрик“ за стратешки партнер, чија понуда од 12 евра по акција е оцената за најприфатлива меѓу другите два кинески инвеститори. Азијците ставија услов понудата да важи само доколку им бидат обезбедени 50 проценти плус една акција, односно доколку станат мнозински сопственик. Словенечките аналитичари оценуваат дека е очигледен интересот на […]

(ВИДЕО) Големо невреме во Солун: Градот поплавен за неколку минути, има исчезнати


Солун го погоди силно невреме придружено со дожд, град и ветер. Улиците во центарот на градот се поплавени за само неколку минути, а една жена се води како исчезната. Сообраќајот во градот е отежнат, а во некои делови е целосно онеспособен. Морските бранови ги преплавија брегот и пристаништето. Сите релевантни градски служби се ангажирани и […]

Грчкиот парламент донесе Закон со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца


Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата. Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против. Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање […]

Шпенд Ахмети избран за лидер на Социјалдемократската партија


Актуелниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, кој до скоро беше една од клучните личности во Движењето Самоопределување, ќе ја предводи Социјалдемократската партија. Ахмети денеска беше избран за нов лидер на партијата, на вонредното партиско собрание. За потпретседател на партијата е избран Висар Имети, додека за генерален секретар Аида Дргути и двајцата поранешни членови на Самоопределување, а […]

Протест во Подгорица поради нападот врз новинарката Оливера Лакиќ


Повеќе од стотина НВО активисти, новинари и граѓани се собраа денеска пред Владата на Црна Гора во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката на „Вјести“ Оливера Лакиќ. Нападот се случи  синоќа, пред влезот на зградата во која живее новинарката Лакиќ, на истото место каде пред шест години беше претепана. Извршниот директор на „Вјести“ […]

Хрватските новинари: Наградата за известувањето за самоубиството на Слободан Праљак е некоректно


Единаесет од вкупно 16 добитници на наградата на Хрватското новинарско здружение (ХНД) ја вратија наградата во знак на протест поради овогодинешното доделување на тоа признание за телевизиско новинарство на Ивана Петровиќ од Нова ТВ поради известување за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг за време на изрекувањето на пресудата. Во заедничката изјава тие наведуваат […]

Принцот Чарлс и војвотката Камила пристигнаа во Атина


Со авион „Ројал ер форс“ (Royal air force), кралската брачна двојка принцот Чарлс и војвотката Камила попладнево пристигнаа во Атина. Од атинскиот аеродром, принцот Чарлс и војвотката Камила, се упатија кон плоштадот пред грчкиот парламент за да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Чарлс и војвотката Камила […]

(ВИДЕО/ФОТО) „Објект 99“: Титова вила за која знаеле само неколкумина одбрани


Вилата „Извор“, или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице – „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од националниот парк и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај. При изградбата, вилата „Извор“ важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од […]

Вучиќ: Без Русија е невозможно да се дојде до решение за Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот  состанок во Москва со рускиот претседател Валдимир Путин изјави дека Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косовското прашање. – Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косово, а без Русија е невозможно, она што е многу важно и што му кажав на […]

Во Подгорица застрелана новинарка пред нејзиниот дом


Новинарка на црногорскиот дневен весник „Вијести“, Оливера Лакиќ вечерва е повредена од огнено оружје. Инцидентот се случи пред нејзиниот дом во Подгорица. Според првичните информации Лакиќ е ранета во потколеницата и е вон животна опасност. Новинарката е хоспитализирана, а полицијата го истражува случајот.

Еди Рама гаѓан со јајца


Албанскиот премиeр Еди Рама вечерва беше гаѓан со јајца при излегување од објект во кој имал средба со жителите на градот Фиер. Како што јави дописникот на МИА, засега се уште нема официјална информација за тоа кој гаѓал кон Рама, чија средба со граѓаните беше во рамки на активностите на Владата за отчетност пред јавноста. Ова […]

Косово: По 10.000 евра на семејствата на загинатите во несреќата во водите на Лепенец


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, запрашан за безбедноста на полициските службеници по трагедијата со двајцата полицајци, кои ги загубија животите во водите на реката Лепенец поради, како што тврдат медиумите, неисправно службено возило, истакна дека „наследил многу тешки теми од претходните влади“. – Работите кои не се решиле 20 години јас ги најдов на работната маса. […]

Харадинај на есен очекува визна либерлизација за Косово


Утрешниот Ден на Европа – 9 мај, ќе биде последен кои граѓаните на Косово ќе го одбележат без визна либерализација, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај. – Некаде на есен ќе патуваме слободно. Нема никаква дилема дека ова ќе биде последен 9 мај без слободно движење. Очекуваме Европската заедница во период од четири недели да […]

Вучиќ ќе бара од Путин „подлабоко“ согледување на проблемот со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се наоѓа во посета на Москва, денеска изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин ќе побара „подлабоко“ да го согледа косовскиот проблем и да „излезе“ со политички став на Москва за Косово. – Ќе го замолам претседателот Путин, не само со директната подршка што ја дава на Србија, туку […]

„Српска листа“ се враќа во владата на Харадинај


По повеќе од еден месец, во Владата на премиерот Рамуш Харадинај се очекува да се вратат министрите од редовите на „Српска листа“, потврдиле партиски извори за приштинскиот весник „Зери“, кои додале дека конечната одлука партијата ќе ја донесе деновиве. – Иако не присуствуваа на седници на Владата, министрите од „Српска листа“ ниту еден ден не […]

Можна средба Путин – Ципрас во Москва за време на Светското фудбалско првенство


Сценарија за евентуална средба на рускиот претседател, Владимир Путин со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во рамките на Светското фудбалско првенство во Русија, објавуваат грчките медиуми повикувајќи се на владини извори. Како што јави дописничката на МИА од Атина, информацијата прва ја објави грчката телевизија Скај, дека не е исклучена можноста Ципрас да ја прифати поканата […]

Ќе се сретнат ли Тачи и Вучиќ на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија?


Косовскиот претседател Хашим Тачи доби покана од Европска унија и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“. Весникот посочува дека на поканата до Тачи потпишани се претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и […]

Во очекување на визна либерализација, косовските граѓани во ред за визи


Во очекување на визна либерализација, косовските граѓани и понатаму во долги редици може да се видат пред амбасадите на земјите членки на Европската унија, чекајќи да добијат виза. – Визната либерализација доцни, а косовските граѓани и понатаму се малтретираат чекајќи со часови, некогаш и денови и трошејќи многу пари и време, за да аплицираат за […]