Турција со бродови ќе ги евакуира своите граѓани од Либан


Турција планира утре со брод да ги евакуира своите граѓани од Либан, кои поднеле барање да ја напуштат земјата, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека денеска се очекува за Бејрут да заминат два брода на турската морнарица со вкупен капацитет од околу 2.000 патници. Турското министерство додаде дека процесот на …

Турција со бродови ќе ги евакуира своите граѓани од Либан Read More »

Самитот Брдо-Бриони започна со свечена вечера во Котор


Котор – Самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони, регионална иницијатива за подобрување на добрососедските односи на Западен Балкан, почна вечерва со свечена вечера организирана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Во здравицата на вечерата за лидерите од регионот, Милатовиќ рече дека Самитот е можност за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка и за …

Самитот Брдо-Бриони започна со свечена вечера во Котор Read More »

Шолц: Германија заедно со Србија ќе се приклучи на глобалниот сојуз за батерии


 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на Конференцијата за одржливост во Хамбург на која присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Германија ќе се приклучи на глобалната алијанса за батерии, заедно со Србија и Замбија. Обраќајќи им се на учесниците на дводневната меѓународна конференција за одржливост во Хамбург, Шолц истакна дека Глобалната алијанса …

Шолц: Германија заедно со Србија ќе се приклучи на глобалниот сојуз за батерии Read More »

Јуратовиќ: Вучиќ ќе го даде литиумот, Германија не може да го надгледува ископувањето


Пратеникот во германскиот Бундестаг од партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, Јосип Јуратовиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го даде литиумот, а мониторингот на вадење руда не може да го врши Германија, туку тоа треба да го прават независните институции во Србија. Јуратовиќ, кој беше голем критичар на режимот во Србија, сега вели …

Јуратовиќ: Вучиќ ќе го даде литиумот, Германија не може да го надгледува ископувањето Read More »

Прво апсење на важен политичар во Бугарија за купување гласови


  Бугарскиот пратеник Џејхан Ибрамов, кој е близок со Ахмед Доган, основачот на партијата на турското малцинство Движење за права и слободи (ДПС), е уапсен под обвинение за продавање влијание и примање пари за нелегално купување гласови. Ова го прави Ибрамов политичар од највисок профил кој е уапсен во Бугарија од 2022 година, кога долгогодишниот …

Прво апсење на важен политичар во Бугарија за купување гласови Read More »

Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит


Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот со јачина од 4,9 степени во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово.  Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, …

Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит Read More »

Актуелниот претседател Андрулакис и градоначалникот на Атина Дукас во вториот круг за лидер на ПАСОК


Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис и градоначалник на Атина Харис Дукас, следната недела, во вториот круг ќе се борат за лидерската позиција во грчката Социјалистичка партијата, по вчерашните избори, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните конечни резултати, на изборите …

Актуелниот претседател Андрулакис и градоначалникот на Атина Дукас во вториот круг за лидер на ПАСОК Read More »

Националните партии доминираат на локалните избори во БиХ


Сараево – Според првите прелиминарни резултати од локалните избори во БиХ, најголемите национални политички партии во земјата успеале да ја зачуваат контролата врз мнозинството општини и градови, но некои од нив не успеале да постигнат важни изборни цели. Според податоците што претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, ги претстави во седиштето на партијата во Мостар, …

Националните партии доминираат на локалните избори во БиХ Read More »

БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17


Сараево– Во Долна Јабланица, местото кое е најпогодено од поплавите во БиХ, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Патот е делумно оштетен, а возилата го заобиколуваат преку паркинг, јавува „Аваз“. Во истата област, спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, користејќи тешка механизација за да ги отстранат големите наноси од земја, кал и камења. …

БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17 Read More »

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин


Загреб – Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа. Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на …

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин Read More »

Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, бројот на жртвите од поплавите во БиХ порасна на 20


Сараево – Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20. Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела …

Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, бројот на жртвите од поплавите во БиХ порасна на 20 Read More »

Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане – Приштина


Приштина – Тројца млади на возраст од околу дваесет години загинаа во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патот Гњилане – Приштина каде што автомобилот им паднал во Бадовачкото езеро, јави дописникот на МИА од Приштина. Според медиумите, тие со нивното возило паднале во Бадовачкото езеро, од каде биле извлечени утрово, по седумчасовна претрага …

Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане – Приштина Read More »

Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ


Сараево– Босна и Херцеговина го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (EUCPM) и тимови за одговор ќе пристигнат на лице место, потврди Луиџи Сореца, шеф на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина.   „ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на …

Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ Read More »

Во Хрватска падна седумка на Лото вредна 1 милион евра


Вечерва во извлекување на Лото7 среќен беше извлечена добитна комбинација 1, 5, 7, 9, 22, 27, 33 и дополнителниот број 25 која на за сега непознат играч му донесе добивка во износ од 1.000.000 евра. Добитниот тикет се играше онлајн на www.lutrija.hr. Среќниот добитник одигра системски тикет од 9 комбинации. Вкупниот износ на уплатата е …

Во Хрватска падна седумка на Лото вредна 1 милион евра Read More »

Поплавите не ги обединија политичарите во БиХ, Додик одбива да се прогласи Ден на жалост на национално ниво


И покрај катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 16 лица, политичарите во БиХ не можат да се договорат кој треба да прогласи ден на жалост. Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик изјави дека му е жал за луѓето кои загинаа во поплавите во БиХ или останаа без имот, но ја отфрли можноста во земјата да …

Поплавите не ги обединија политичарите во БиХ, Додик одбива да се прогласи Ден на жалост на национално ниво Read More »

БиХ побара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите


Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите. „Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ. Барањето …

БиХ побара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите Read More »

Одложени локалните избори во најпогодените општини од поплавите во БиХ


Се одложува спроведувањето на локалните избори во општините во Босна и Херцеговина кои беа најпогодени од поплавите, одлучија денеска членовите на Централната изборна комисија, јави Хина. Како што потврдија од ЦИК во Сараево, изборите ќе бидат одложени или подоцна ќе се одржат во Јабланица, Коњиќ, Кисељак и Крешево. Во наведените општини во недела нема да …

Одложени локалните избори во најпогодените општини од поплавите во БиХ Read More »

Почина последниот народен херој на поранешна Југославија на 104-годишна возраст


На 104-годишна возраст почина последниот народен херој на поранешна Југославија, командант на Сремскиот партизански одред, а потоа и на Шестата војводинска бригада, генерал-потполковник Петар Матиќ Дуле од поранешната Југословенска народна армија, соопштено е синоќа во Белград.  Матиќ е роден на 6 јули 1920 година во Ириг во богато земјоделско семејство, основно училиште завршил во родниот …

Почина последниот народен херој на поранешна Југославија на 104-годишна возраст Read More »

Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица


Спасувачи утринава ја започнаа потрагата по исчезнати во селото Доња Јабланица, во северниот дел на Херцеговина, кое е затрупано од огромните наноси од камења, песок и кал во катастрофалните поплави што вчера ја погодија Босна и Херцеговина. Припадници на Цивилната заштита, пожарникари, планинарската спасувачка служба и други служби се обидуваат да стигнат до куќите за …

Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица Read More »

Местата во БиХ погодени од поплави се непрепознатливи


По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1. Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи. -Можеме да видиме само дрвја и …

Местата во БиХ погодени од поплави се непрепознатливи Read More »