Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година


 Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година. На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година. – Присуството на американскиот претседател и сите лидери …

Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година Read More »

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници


Атина – Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина. Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила …

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници Read More »

Жесток напад на Пленковиќ врз Милановиќ


  Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, во понеделникот изјави дека неговата парија не е задоволна од резултатите од првиот круг на претседателските избори, на кои нивниот кандидат Драган Приморац освои едвај 19,35 отсто од гласовите. Андреј Пленковиќ зборуваше што понатаму во претседателската трка. „Денес започна вториот круг, кампањата продолжува, ќе му дадеме …

Жесток напад на Пленковиќ врз Милановиќ Read More »

Минималната плата во БиХ се зголеми од 310 на 511 евра, за синдикатите тоа е привремено решение


Минималнатат месечна плата за 2025 година во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе изнесува 511 евра (1000 марки), што претставува зголемување од 60 отсто во однос на минималната плата што работниците ја земаа досега. Оваа одлука, која стапува на сила на 1 јануари 2025 година, денеска ја усвои Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина. Зголемувањето на …

Минималната плата во БиХ се зголеми од 310 на 511 евра, за синдикатите тоа е привремено решение Read More »

Вкупно 17 години и пет месеци затвор за мајката и таткото на Кецмановиќ


Судијата на Вишиот суд во Белград денеска во зградата на Палатата на правдата ја изрече пресудата за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето-убиец што го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“. Владимир Кецмановиќ е осуден за кривично дело предизвикување општа опасност бидејќи неправилно складирал оружје и муниција и на тој начин му овозможил …

Вкупно 17 години и пет месеци затвор за мајката и таткото на Кецмановиќ Read More »

Mесто со огномет, новосадските студенти со молк ќе ја дочекаат Новата година


Во вторник навечер е планиран масовен протест со 15-минутна тишина во периодот од 23.52 до 00.07 часот во Нови Сад, во знак на протест по трагичната несреќа на железничката станица кога падна настрешницата и загинаа 15 луѓе. Новосадските студенти најавија дека и на пречекот на Новата година ќе демонстрираат со 15-минутен молк, во знак на …

Mесто со огномет, новосадските студенти со молк ќе ја дочекаат Новата година Read More »

Гласачите сурово ја казнија ХДЗ


  „Гласачите ја казнија ХДЗ, но на избори кои се сметаат за второкласни и во секој случај помалку важни од, на пример, парламентарните избори“, вели Вишеслав Раос, професор на Факултетот за политички науки во коментар за хрваскиот медиум „тпортал“. „Милановиќ профитираше од сопствената воздржаност во кампања која изгледаше како сите освен него да учествуваат во …

Гласачите сурово ја казнија ХДЗ Read More »

Владата во Софија ќе расправа за железничкиот тунел „Деве Баир“


Бугарската Влада денеска ќе одржи седница на кој ќе разговара за нацрт-договорот со Владата на Република Северна Македонија. Документот ги уредува техничките, финансиските, правните и организационите прашања поврзани со подготовката, изградбата и работењето на објектот на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, јавија бугарските медиуми. На дневен ред на последната владина седница за оваа година се …

Владата во Софија ќе расправа за железничкиот тунел „Деве Баир“ Read More »

Обвинение против Весиќ, Танасковиќ, Димовски и уште 10 други за трагедијата во Нови Сад


Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската  настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти …

Обвинение против Весиќ, Танасковиќ, Димовски и уште 10 други за трагедијата во Нови Сад Read More »

Во пожар во хотел во Грција, загина сопственикот – посетителите евакуирани


Едно лице го загуби животот во пожарот што рано утрово избувна во хотел во грчкиот град Калабака кај Метеора, а неофицијално најмалку осуммина биле пренесени во болница со проблеми со дишењето, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција интервенира со 26 пожарникари, осум возила и специјално возило со скала, а во тек …

Во пожар во хотел во Грција, загина сопственикот – посетителите евакуирани Read More »

Се бараат максимални затворски казни за семејството Кецмановиќ – пресудата се изрекува денеска


Вишиот суд во Белград денеска треба да им ја соопшти пресудата на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на малолетниот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ коj на 3 мај 2023 година, со истрели од пиштолот на неговиот татко, уби девет основци и еден чувар, додека рани неколку други. На родителите на Кецмановиќ им се заканува повеќегодишна …

Се бараат максимални затворски казни за семејството Кецмановиќ – пресудата се изрекува денеска Read More »

Во Хрватска, сепак, втор круг на претседателски избори, Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство


Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Според последните податоци, врз основа на …

Во Хрватска, сепак, втор круг на претседателски избори, Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство Read More »

Први излезни анкети: Милановиќ 51,48 отсто, а Приморац 21,3 отсто


Излезните анкети велат дека Милановиќ има 51,5 отсто, додека Приморац освоил на 21.3 отсто од гласовите. Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК). До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години …

Први излезни анкети: Милановиќ 51,48 отсто, а Приморац 21,3 отсто Read More »

Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години


Загреб – Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК). До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години во исто време гласале 38,82 отсто од гласачите или 1.343.000. На претседателските избори во 2010 …

Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години Read More »

Балканот во 2024 година


ЈАНУАРИ – Жителите на Косово може да патуваат без визи во земјите на ЕУ и Шенген за престој до три месеци. Косово беше последната од шесте земји од Западен Балкан на чии граѓани им беа потребни визи за патување во ЕУ и Шенген зоната. – Земјоделците и транспортерите започнаа протести во Романија против високите цени …

Балканот во 2024 година Read More »

Илјадници луѓе во центарот на Анкара бараат зголемување на минималната плата


Илјадници луѓе протестираа во турската престолнина Анкара, барајќи зголемување на минималната плата, извикувајќи слогани повикувајќи ја владата да поднесе оставка. Владата неделава објави дека нето минималната месечна плата во наредната година ќе изнесува 22,1 илјади турски лири (602,89 евра), што е повеќе од 30 отсто од годинава.     Владата соопшти дека нивото е поставено …

Илјадници луѓе во центарот на Анкара бараат зголемување на минималната плата Read More »

Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели


Белград – Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека верува оти обвинителството е при крај со истрагата за уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две се тешко повредени. „Можеме да очекуваме обвинение во наредните недели. Како адвокат велам дека се одвива исклучително брзо, изненадувачки брзо, но обвинителот …

Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели Read More »

Хрватите гласаат на претседателски избори


Загреб – Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати.  Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП). Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ …

Хрватите гласаат на претседателски избори Read More »

Албанија се повеќе вложува и во вооружување на армијата


Албанското министерство за одбрана се повеќе инвестира и во оружје, покрај значителното зголемување на платите на припадниците на вооружените сили, јавија албанските медиуми. Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека човечкиот капитал и модернизацијата на оружјето се приоритети.  Тој сподели видео порака на социјалните мрежи во која се прикажани снајперисти од специјалните сили кои сега …

Албанија се повеќе вложува и во вооружување на армијата Read More »

Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија


 Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа. – Управната единица Шнѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината …

Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија Read More »