Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут, ендокринолог, за нов мандатар на српската влада


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва предложи мандатар за новата српска влада. Изборот е Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог. Дипломорал, магистирал и докторирал во Белград, каде е и професор. Според Н1, најтесните специјалности на Мацут се: репродуктивна ендокринологија: особено полицистични јајници и нивната улога на плодноста и метаболизмот, неуроендокринолоија и метаболички болести ( дијабет и ендокрини основи […]

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори


Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција денеска побара одржување на предвремени претседателски избори „најдоцна во ноември“, по десетдневни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул. „Ќе се соочите со нашиот кандидат најдоцна во ноември. Ова е предизвик за вас“, рече лидерот на опозициската Републиканска народна партија, Озгур Озел, обраќајќи му се на претседателот на […]

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ


Поранешниот премиер на Црна Гора и лидер на Движењето УРА(МОСТ), Дритан Абазовиќ, за албанска А2 Си-Ен-Ен, по протестот организиран од општина Улцињ, која се противи на одлуката на црногорската влада да даде дел од брегот на арапски инвеститори, изјави дека “оние кои се за овој проект сакаат да го искоренат Улцињ и Албанците”. Додава дека […]

Снег ја обели Србија


Планините во Златиборскиот крај во Србија утрово се разбудија покриени со снег, а според мештаните врнежите почнале уште пред зори. Снежната покривка се формирала на Златар, Тара, Јавор, Златибор, а нејзината висина во овој регион изнесува неколку сантиметри. Снег во моментов вее на овие планински падини, како и во Сјеница, Чајетина и Нова Варош. – […]

За 16 години 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој во друга земја


– Податоците на европската статистичка агенција, Евростат, покажуваат дека стапката на иселување на албанските граѓани во земјите на Европската унија е забрзана во последните години и тоа се одразува на големиот број дозволи за престој што ги даваат земјите на ЕУ. -Минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој по првпат добиле 79.200 албански […]

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација


Студентите во блокада синоќа апелираа Универзитетот во Белград „да излезе со порадикални мерки на отпор“, во форма што ја сметаат за соодветна, јави дописникот на МИА од Белград. Апелот е објавен за да може  „сега синхроно студентите и претставниците на Универзитетот да истапат како хомогено тело“ што  „се бори за честа и достоинството на академската […]

Рубио планира посета на Западен Балкан


Американскиот државен секретар Марко Рубио планира посета на држави од Западен Балкан, јавија црногорските медиуми пренесувајќи соопштение од средба на министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ кој вчера имал средба со Рубио во Брисел. Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните […]

Додик: Германската министерка Лерман денеска кришум дојде во Република Српска, прогласена е за персона нон грата


Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени. „На што спадна некогаш моќната Германија. Очекувам  полицијата на Република Српска са ја испрати засекогаш од Република Српска“, напиша Додик на платформата Х. Владата […]

Радев: Често се забораваат лекциите од историјата


Често се забораваат лекциите од историјата дека во време на глобален конфликт не може да има изолирани острови на мир и спокојство. Ова го напиша на Фејсбук претседателот Румен Радев. Бугарија и Хашемитското Кралство Јордан се домаќини на состанокот на високо ниво „Процес Акаба за Балканот III“ во Софија. -Големиот предизвик со кој се соочува […]

Вучиќ со маица со посебен натпис: „Им се восхитувам на овие млади луѓе, ќе влезат во историјата“


Србија го слави Денот на студентите. На прославата на свој начин се приклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ. Студентите во блокадата на Денот на студентите од Белград, 4 април, ќе го слават во Белград на улиците. Тие ќе се соберат на Студентскиот плоштад во 14 часот и од тоа место ќе започнат  протестната прошетка. Исто […]

Седуммина загинати, меѓу кои и три деца во несреќа со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос


Три деца, три жени и еден маж загинаа во близина на грчкиот остров Лезбос кога петметарскиот гумен чамец на кој, според преживеаните се пренесувало 31 лице, почнал да се полни со вода, а Крајбрежната служба на Грција спаси 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба попладнево соопштија дека во раните утрински […]

Владата на Жељазков го преживеа денешното гласање доверба во бугарскиот Парламент


Софија – Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го преживеа денешното гласање доверба, иницирано во врска со нејзиното водење на надворешната политика, јавуваат бугарските медиуми. Барањето за гласање недоверба, иницирано од партијата „Преродба“, а поддржано од членовите на „Величина“ и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ), не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, пренесува Новините. За […]

Во Турција уапсени 11 лица поради повик на бојкот на продавниците


Турската полиција денеска приведе 11 лица поради повикување на еднодневен бојкот на продавниците, како дел од протестот против апсењето на главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија државните медиуми. Главното јавно обвинителство на Истанбул издаде налози за апсење на 16 осомничени во истрагата за „омраза и дискриминација“ и „поттикнување омраза и непријателство“ во јавноста, […]

Турската полиција приведе 11 лица во врска со повиците за бојкот


Турската полиција приведе 11 лица во рамки на истрагата за повиците за бојкот што се шират на социјалните мрежи, пренесе ДПА. Главниот обвинител на Истанбул започна истрага по обвиненијата за дискриминација и поттикнување општество кон омраза и непријателство, јавува турската приватна телевизија НТВ. Во рамки на истрагата издадени се 16 потерници за апсење. По апсењето […]

Додик на прашањето како ја минува границата: Влегувам во автомобилот и возам, никој никогаш не ме запира


Претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, вчера по посетата на Москва се врати во Босна и Херцеговина, а синоќа во програмата на РТРС зборуваше за тоа како ја минува државната граница. На прашањето како ја минува државната граница и покрај активната потерница, тој одговори дека патува со автомобил и дека никој не го […]

Србија е меѓу државите за кои САД воведоа највисоки царини


Србија е меѓу земјите за кои САД, со одлука на претседателот Доналд Трамп, воведоа највисоки царини, јави дописникот на МИА од Белград. Бидејќи Србија, според тврдењата на администрацијата на Трамп, ги оптоварувала американските производи со царини од дури 74 отсто, во иднина извозот на производи од Србија во САД ќе подлежи на царини од 37 […]

Се урна таван во босанска градинка, три деца итно пренесени во болница


Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко повредено, јавија локалните медиуми. Три деца се веднаш пренесени во болница, но набрзо биле пуштени дома бидејќи немале потешки повреди. Објектот е затворен и престанува со работа, соопштија властите на Република […]

Студенти од Србија тргнуваат утре со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници


Осумдесет студенти и членови на академска заедница во Србија тргнуваат утре од кампусот на Универзитетот во Нови Сад до седиштето на Советот на Европа во Стразбур, во обид да го свртат вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната ситуација во државата, јави дописникот на МИА од Белград.  Најголем дел од нив се студенти, […]

Првиот бугарски борбен авион Ф-16 Блок 70 слета во воздухопловната база Граф Игнатиево


Првиот бугарски повеќенаменски ловец Ф-16 Блок 70 на бугарското воздухопловство (БАФ) слета во воздухопловната база Граф Игнатиево. Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат […]

Над 300 вработени ја напуштија ХРТ


До 31 март, Хрватската радио-телевизија (ХРТ) ја напуштија 333 вработени кои потпишаа меѓусебен раскин на договорите за вработување врз основа на Одлуката за условите и висината на отпремнината, која во јануари ја донесе генералниот директор Роберт Швеб, а се применуваше до последниот ден од март. Програмската деловна единица ја напуштиле најголемиот број вработени во ХРТ […]