Медиуми добија дојава дека за 35 минути во Атина ќе експлодира бомба. Експлодира!


Експлозија се случила пред канцеларијата на Грчките железници во Атина, соопшти во петокот грчката полиција, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви. Полицијата го блокираше пристапот до областа откако два грчки медиуми добија дојава дека ќе се случи експлозија во рок од 35 минути, соопштија полициски претставници. Зградата е евакуирана. Сè уште никој не ја […]

Вучиќ доби силна поддршка од Роберт Фицо и Виктор Орбан


  За српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на неговиот митинг во Белград в сабота, како одговор на повеќемесечните демонстрации на стотици илјади граѓани ширум Србија, дојде поддршка од премиерите на Унгарија и Словачка. Словачкиот премиер Роберт Фицо на Инстаграм објави дека на Европската унија ѝ е потребна искрена дискусија за демократијата и за она […]

Српски граѓански организации поднесоа кривична за тероризам заради инцидентот со звучен топ од 15. март


Граѓанските организации – Белградски центар за човекови права, Граѓански иницијативи, Комитетот на правници за човекови права – JУКОМ (YUCOM), Иницијатива  A 11, ФемПлац и ЦРТА до Обвинителството за организиран криминал во Белград поднесоа кривична пријава против непознати лица заради сомнение дека на 15. март 2025 година извршиле кривично дело тероризам кога во текот на одбележувањето […]

Имамоглу: На суд сум затоа што победив на изборите


Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу денеска има два судски процеси против него, а ќе се појави пред суд и во својство на сведок во процесот против неговата Републиканска народна партија (ЦХП). Против 53-годишниот Имамоглу се водат пет одделни судски процеси и уште три истраги. Имамоглу на почетокот од судењето за наводните закани кон јавниот […]

Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата


Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград. Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита […]

(Видео) Густ снег го прекри главниот град во средината на април: Училиштата се затворени


Образовните институции во турскиот главен град Анкара денеска се затворени поради обилни снежни врнежи и невреме, соопшти гувернерот Васип Сахин. Türkiye Cumhuriyeti’nin başkenti Ankara’dan anlık… Başkent kendini Nisan’da pamuk gibi hissediyor… 📽 Cumhuriyet Gürcan pic.twitter.com/dwyBxuKYBi — Hava Forum (@HavaForum) April 11, 2025 Во изјавата објавена на социјалните мрежи во четвртокот, Сахин рече дека временската прогноза […]

Брнабиќ: В понеделник седница на Собранието за новата влада


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за понеделник најави седница на која ќе се избира новата влада,јави дописникот на МИА од Белград.  „Се надевам дека седницата ќе може да започне веќе в понеделник, бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ. Не е во ред да се работи на Велики петок. Имињата […]

Не е надлежен, но Вучиќ лично ќе ги гонел обвинителите за случајот со тракторите


  Полицијата уапси четири лица под сомнение дека во периодот од 14 до 15 март ги оштетиле трактори паркирани во близина на Пионерскиот парк во Белград непосредно ред големиот протест. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а ова апсење следеше откако претседателот на Србија на поинаков основ го коментираше „случајот со тракторите“ […]

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата


Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица по падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ќе биде објавена утре во 11 часот. При падот на настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 […]

Српската полиција приведе четири луѓе кои ги оштетија тракторите во Пионирски парк во Белград


 Српската полиција приведе четири лица попладнево под сомнение дека оштетиле трактори паркирани во близина на Пионирски паркво Белград. Се трага по уште едно лице, соопшти полицијата.  Приведените се на возраст меѓу 21 и 35 години.  Тие се сомничат дека во периодот од 14 до 15 март годинава на јавен собир ги оштетиле тракторите паркирани околу […]

Двајца турски новинари приведени поради критикување на властите


Двајца турски новинари, Тимур Сојкан од весникот „БирГун“ и Мурат Агирел од весникот „Џумхуриет“, се приведени денеска на основа на, како што наведуваат весниците, лажни обвиненија кои произлегуваат од нивното работење. Сојкан, кој е и писател, и Агирел се уапсени во нивните домови под обвинение за закани и уцени во истрагата на главниот јавен обвинител […]

Македонија, Албанија и Турција остануваат на грчката листа „безбедни трети земји“ за враќање на нелегални мигранти


Атина – Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од […]

Загреб ќе бара од Белград образложение за протерувањето хрватски граѓани


Остра дипломатска нова се очекува Загреб да му испрати на официјален со барање да го оправда протерувањето хрватски граѓани од Србија, јавија српските медиуми пренесувајќи изјава на Хидајет Бишчевиќ, хрватски амбасадор во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.  Дипломатскиот чекор ќе се преземе откако завчера српските власти наредија хрватска државјанка која повеќе од една […]

Студентите по медицина му порачаа на Вучиќ дека лекар мора да одобри влез на Интензивна нега


Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. „Господине претседателе, како […]

Студенти во блокада од Нови Сад ги објавија критериумите за формирање експертска влада


Белград – Студенти во блокадата oд 14 факултети и високи школи од Нови Сад синоќа ги објавија критериумите за формирање експертска влада, како и какви ќе бидат нејзините ограничувања. Тие објавија шест критериуми, од кои првиот, како што велат, е од „клучно значење“ – неповрзаност со извршната и законодавната власт, јави дописникот на МИА од […]

Вучиќ за студентското барање за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани : Никој не ме пушти, сам си влегов


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија за да ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Изјавата на Вучиќ доаѓа откако студентите во блокада во Србија поставија и шесто барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за посетата и престојот на новинарските екипи […]

Турција ќе ја истражува Месечината следнава деценија


Анкара – Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија, како дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на Месечината. Турската вселенска програма планира да ја спроведе првата мисија на Месечината во 2028 година, а за таа цел планира да користи вселенско летало развиено и произведено […]

Урнебесно: Српската полиција приведе демонстрант во автомобил, тој излезе од другата врата (видео)


На социјалните мрежи се шири видео кое е снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува Н1 Србија. На протестот интервенираше и полицијата. На снимката се гледа како полицијата приведува маж, најверојатно еден од учесниците на протестот. […]

Хрватска воведува 13-та пензија


Новиот Закон за пензиско осигурување во Хрватска, кој денеска беше доставен на е-консултации, предвидува донесување на нова формула за пресметување пензии, годишен додаток на пензија, како и мерки за подолго останување во светот на работата, најави ресорниот министер Марин Пилетиќ, презентирајќи го предложениот закон. „Целите на реформата се да се зголемат пензиите во Хрватска, да […]

Извештај на ЕП за Турција: Во сегашните околности невозможно е продолжување на процесот на пристапување во ЕУ


Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и политички мотивираното отстранување на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу од функцијата, поради што процесот на пристапување на земјата во Европската Унија мора да остане замрзнат, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за Турција. Во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за надворешни […]