Уапсен е осомничен кој фрлил бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, се трага по уште едно лице


Белград – Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Медиумите во средата …

Уапсен е осомничен кој фрлил бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, се трага по уште едно лице Read More »

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови


Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени беа тајно снимени за време на интимни третмани за убавина во салони за убавина, а снимките биле дистрибуирани на порнографски веб-страници без нивно знаење или согласност. Жените биле снимени со скриени камери, честопати целосно голи, за време на ласерско отстранување на влакна и други процедури. Некои од …

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови Read More »

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година


Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија …

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година Read More »

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од …

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид Read More »

Земјоделците од цела Грција следната седмица ќе одржат дводневен протест во Атина


Протест на 13 и 14 февруари во Атина, со трактори и земјоделски возила, одлучија да одржат земјоделците од цела Грција на состанокот што попладнево се одржа кај месноста Никеа во близина на Лариса. Земјоделците, кои речиси два месеци, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини, преку протестот во Атина, сакаат уште еднаш …

Земјоделците од цела Грција следната седмица ќе одржат дводневен протест во Атина Read More »

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од …

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра Read More »

Саудиска Арабија инвестира во соларни системи во Турција


Саудиска Арабија ќе инвестира две милијарди долари во инсталација на две соларни електрани во Турција со вкупен капацитет од 2.000 мегавати, објави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар. Турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар ​​и неговиот саудиски колега, принцот Абдулазиз бин Салман, потпишаа договор за инвестирање за време на посетата на турскиот претседател Таип Ердоган …

Саудиска Арабија инвестира во соларни системи во Турција Read More »

Светски ден на борба против ракот – Највисока стапка на смртност во Србија од рак на белите дробови и на дојка


Малигните тумори сè уште се една од водечките причини за смрт во Србија, заедно со болестите на срцето и крвните садови и дијабетес. Во изминатата деценија, се забележува зголемување на стапката на новооткриени случаи, како и на стапката на смртност. Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ за 2024 година, …

Светски ден на борба против ракот – Највисока стапка на смртност во Србија од рак на белите дробови и на дојка Read More »

Во судир на бродови кај островот Хиос загинаа 14 мигранти


  Во судир меѓу брз брод што превезувал мигранти и патролен брод на грчката крајбрежна стража кај островот Хиос во источниот Егеј, загинаа најмалку 14 лица, соопшти крајбрежната стража. Во тек е операција за пребарување и спасување во која учествуваат четири патролни бродови, хеликоптер на воздухопловните сили и приватен брод што превезува нуркачи за потенцијално …

Во судир на бродови кај островот Хиос загинаа 14 мигранти Read More »

Албанија заработила 2,2 милиони евра од изнајмување на запленет и конфискуван имот


Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот на Албанија објави дека приходите од изнајмување на запленет и конфискуван имот минатата година надминале 2,2 милиони евра што е повисок износ за 39 отсто споредено со 2024 година.  „Годишниот приход од кирија достигна околу 221,5 милиони леки (над 2.260.000 евра) во 2025 година, во споредба со …

Албанија заработила 2,2 милиони евра од изнајмување на запленет и конфискуван имот Read More »

Почнува судењето против српскиот министер за култура во случајот „Генералштаб“


Судски процес против српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, заедно со уште тројца државни службеници, треба да почне денеска пред Специјалниот суд во Белград. Тој е обвинет за сочинување документ со лажна содржина преку низа незаконски дејствија што им послужиле на властите да ја отстранат заштитата на зградата на Генералштабот, оштетена во бомбардирањето на НАТО, …

Почнува судењето против српскиот министер за култура во случајот „Генералштаб“ Read More »

Трамп ќе ја посети Грција


  Американскиот претседател Доналд Трамп планира официјална посета на Грција, изјави во неделата американската амбасадорка во Атина, Кимберли Ан Гилфојл, сигнализирајќи го растечкиот интерес на Вашингтон за југоисточниот медитерански регион. Зборувајќи на презентацијата на новиот документарен филм на првата дама на САД, Меланија Трамп, во Атина во недела, Гилфојл рече дека со нетрпение ја очекува …

Трамп ќе ја посети Грција Read More »

Ердоган објави нов финансиски пакет вреден речиси два милијарда евра за поддршка на производствениот сектор на Турција


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави нов финансиски пакет вреден 100 милијарди турски лири (1,95 милијарда евра) за поддршка на производствениот сектор на Турција, објави веб-страницата „Хаберлер“. „Сакам да споделам добри вести што ќе ги олеснат тешкотиите со кои се соочуваат нашите производствени компании во пристапот до финансирање. Лансираме пакет за финансирање вреден 100 милијарди …

Ердоган објави нов финансиски пакет вреден речиси два милијарда евра за поддршка на производствениот сектор на Турција Read More »

Турските бањи сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул


Местата со традиционална турска бања, позната и како „амам“ (hamam), сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул, особено зиме, благодарение на зголемениот интерес меѓу странските и домашните посетители – според службениците на бањските центри во турскиот град, јави Агенцијата Анадолија. Според Тахсин Каљон, претседател на Трговската комора на турски бањи, спа центри, сауни и сопственици на …

Турските бањи сè повеќе придонесуваат за економијата на Истанбул Read More »

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата за неуставни и незаконски дејствија на Владата поради приемот на бронзените хрватски ракометари во Загреб, на кој вечерва, и покрај противењето на градските власти, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. „Владата работи во согласност со Уставот, законот, своите овластувања и, најважно, во согласност со здравиот разум“, …

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот Read More »

Германска компанија ќе гради фабрика за вештачка интелигенција во Бугарија за 3 милијарди евра


  Германската компанија „Бринел компјут“ планира да изгради фабрика за вештачка интелигенција во Бугарија во близина на Пловдив за 3 милијарди евра. За таа цел, беше потпишан Меморандум за намери и разбирање помеѓу бугарската влада и германската компанија за спроведување на инвестицискиот проект. Одлуката беше донесена на 21 јануари пред пладне, а попладне ја потпиша …

Германска компанија ќе гради фабрика за вештачка интелигенција во Бугарија за 3 милијарди евра Read More »

Вучиќ: Србија годинава може да биде прва држава во Европа што ќе произведува хуманоидни роботи


Србија би можела да биде од  оваа година прва држава во Европа што ќе произведува хуманоидни роботи. Тоа денеска го најави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека планот на државата е до 2030 година да има до 8.000 вработени во индустријата на примена на вештачка интелегенција. Вучиќ денеска беше во посета на Кинескиот културен …

Вучиќ: Србија годинава може да биде прва држава во Европа што ќе произведува хуманоидни роботи Read More »

Пуховски: Неуките ракометари го распродаваат својот медал на десничарските екстремисти во заднина


  „Станува збор за тоа како Томашевиќ (градоначалникот на Загреб – н.з.) се става во позиција каде што не може да попушти. Беше предвиден разумен компромис за Ненад Нинчевиќ да ја испее песната ‘Ако не знаеш што беше’. Сепак, ракометните луѓе, осилени од медалот, одлучија дека треба да се однесуваат против демократски избраниот градоначалник. Мислам …

Пуховски: Неуките ракометари го распродаваат својот медал на десничарските екстремисти во заднина Read More »

Војна во Хрватска околу ракометарите и Томпсон


  Циркусот во Хрватска околу официјалниот пречек на ракометарите и националистичкиот пејач Томпсон се претвори во вистинска војна. Хрватската ракометна репрезентација вчера го освои бронзениот медал на Европското првенство откако го победи Исланд со 34-33 во натпреварот за третотото место во Хернинг. Веднаш потоа, Градот Загреб и Хрватската ракометен сојуз (ХРС) најавија свечен пречек за …

Војна во Хрватска околу ракометарите и Томпсон Read More »

Србија ја менува аграрната политика


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ објави дека државата ќе ја промени својата земјоделска политика оваа година, така што земјоделците кои инвестираат повеќе во производство ќе добијат повеќе поттик од државата. „Оној што ќе инвестира повеќе ќе добие повеќе од државата. Првата рата ќе ја исплатиме за обработливо земјиште, за растително …

Србија ја менува аграрната политика Read More »