Владејачката СНС го избра Вучиќ за кандидат за премиер на претстојните вонредни парламентарни избори во Србија


Александар Вучиќ, актуелниот претседател на Србија, е избран за кандидат за премиер на претстојните вонредни парламентарни избори што би требало да се одржат на 25 октомври годинава. Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) денеска одржа седница во Народниот театар во Ниш. На неа присуствуваше членот на претседателството на партијата и претседател на Србија, […]

Масовен протест во Загреб за отпадот во Госпиќ: „Не сме тука затоа што сакавме, туку затоа што моравме“


  Во Загреб се одржа протестен митинг под слоганот „Прошетајте за Лика, прошетајте за Хрватска“, организиран од иницијативата „Госпиќ е наш дом“, поради аферата со десетици илјади тони отпад нелегално исфрлен во подрачјето Госпиќ. Хрватски медиуми јавија дека на проетстот се присутни десетици илјади лица кои пристигнаа со комбиња, автомобили и автобуси. Големата протестна поворка […]

Во Црна Гора откриен нелегален магацин на кланот Мојковац каде се преработувал тутун


Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград. Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари […]

Пожар од големи размери кај Химара, евакуирани локални жители и туристи


Пожарот кој изби синоќа над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, доби загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста беа евакуирани локални жители и туристи, се до целосно стабилизирање на состојбата. Интервенираа противпожарни единици од повеќе градови,  170 припадници на армијата а беа стационирани и […]

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени илјадници тони опасен отпад


 Во Загреб денеска ќе се одржи голем протест против нелегално исфрлени десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска. Протестот е против нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад во близина на градот Госпиќ во регионот Лика. Случајот стана јавен минатиот месец кога хрватската антикорупциска агенција УСКОК објави […]

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ. За Вучиќ објаснувањето е „глупаво“


  Ратко Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Враќањето на неговите останки во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од нашата понова историја, напиша Марта Кос, комесар за проширување на ЕУ, на својот профил на социјалните мрежи. Како што додаде, „величањето што следи по неговата смрт е некомпатибилно со […]

Профили на активисти, новинари и опозициски лидери блокирани за време на протестите во Албанија


Десетици Инстаграм профили на албански активисти, новинари и опозициски лидери беа блокирани или оневозможени за време на протестите против планираната изградба на луксузен туристички комплекс на југот на Албанија, јавија денеска албански медиуми пренесувајќи вест на Политико. Протестите траат речиси 100 дена, а проектот е поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. […]

Комесарот за човекови права во Стразбур: Јавното величење на Ратко Младиќ е незаконско


Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, денеска го осуди „јавното величење на Ратко Младиќ“ и ги повика надлежните органи да се спротивстават на тоа. Во соопштение на својата веб-страница, О’Флаерти изјави дека „остро го осудува јавното величење на Ратко Младиќ, покојниот воен злосторник осуден за геноцид во Сребреница и злосторства против […]

Радев: На Европа ќе ѝ биде тешко да постои ако е против Русија


  „Според мене, Европа може да постои без Русија, но Европа ќе има тешкотии да постои против Русија“. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев за време на пратеничките прашања во собранието, откако пратеникот Георг Георгиев од ГЕРБ го обвини за „плашливост и неподготвеност да биде Европеец“. Прва точка на дневниот ред на пратениците за […]

Хрватска купува моќен корејски ракетен систем со дострел од над 300 километри


На седница во петок, Владата ќе донесе одлука за купување на 18 самоодни повеќекратни ракетни лансери Чунму К239 со придружни ракети за 435,2 милиони евра без ДДВ, дознава Јутарњи лист. По авионот Рафале, ова е најзначајната набавка на систем за оружје за хрватската армија од крајот на Татковинската војна. Станува збор за стратешко оружје со […]

Грчки медиуми: Демарш од Атина до Анкара


 По инструкции на министерот за надворешни работи, амбасадата на Грција во Анкара упати протестна нота до турското Министерство за надворешни работи и за јавните турски соопштенија во врска со грчките специјални просторни планови и поради претседателските декрети на Турција од 15 август за два морски паркови, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на дипломатски […]

Турски медиуми: Директорот на турското разузнавање се сретнал со директорот на грчкото разузнавање


 Директорот на турското разузнавање (МИТ), Ибрахим Калин, се сретнал со директорот на грчкото разузнавање, Темистоклис Демирис, во Грција, пренесе турската државна телевизија „ТРТ Хабер“. Двајцата разговарале за билатералните односи, регионалните проблеми и чекорите што можат да се преземат за нивно решавање. Меѓу темите што двајцата ги издвоиле како исклучително важни се безбедноста во регионот на […]

Копуците во ЕУ не сакаат да ги делат фондовите со нови земји членки


Само што дојде на функцијата, новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, почна да најавува вета за проширувањето на Европската унија. Во изјава по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, Маѓар во име на некаква квази принципиелност порача дека „Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја кандидат во ЕУ“, мислејќи на Украина […]

Ова година летото во Грција било второ најветровито во последните 18 години


Во трите летни месеци, односно во јуни, јули и август, вкупно 58 денoви во Грција биле со силен северен ветер, со што е второ најветровито лето во земјата во последните 18 години, покажуваат податоците на метеоролошката служба „Метео“ на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Силниот северен ветер карактеристичен за летниот период […]

Албанија е преплавена од готовина, надвор од банкарскиот систем има 5,6 милијарди евра


 Во Албанија  парите во оптек надвор од банкарскиот систем достигнаа 523 милијарди леки во јули, или 5,6 милијарди евра, што претставува историски рекорд. Официјалните податоци од Централна  банка на Албанија покажуваат дека Албанија е преплавена од невиден бран на готовина во економијата, кој, покрај природниот тренд диктиран од високата неформалност, е условен и од друг […]

За една седмица во Грција починале пет лица од вирусот Западен Нил, а биле регистрирани 58 нови случаи


Во изминатата седмица, во Грција биле потврдени 58 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале пет лица, додека пак вкупниот број на дијагностицирани и пријавени случаи од почетокот на оваа вирусна сезона се зголеми на 290 со регистрирани 24 смртни случаи, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави […]

Вучиќ покренува подкаст


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека почнува со подкаст и негов гостин во првата емисија, што ќе се емитува на YouTube платформата в петок во 12 часот, ќе биде кошаркарскиот тренер Мирослав Мута Николиќ. „Постојат разговори што долго време сакав да ги водам. Не за политика, туку за луѓето, нивните животи, успеси, неуспеси, верувања […]

Вучиќ го одложи митингот на СНС во Нови Сад по новите антивладини протести


Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Нови Сад, кој беше најавен за 4 септември. „Сакав и планирав да им се обратам на жителите на Нови Сад в петок, 4 септември. Со ова ве известувам дека ќе го одложиме ова обраќање и овој митинг, бидејќи за мене животот […]

„Рајанер“: Поради дефект на грчкиот систем за контрола на летањето доцнеа 37 летови, погодени речиси 7.000 патници


„Рајанер“, авиокомпанијата број еден во Европа, денеска ја повика на Европската комисија итно да го реформира нефункционалниот систем за контрола на воздушниот сообраќај во Европа, откако дефект на опремата на грчкиот систем за контрола на летањето во вторникот, на 1 септември, предизвика сериозни нарушувања во грчкиот воздушен простор, со доцнење на 37 летови на „Рајанер“ […]

Европската комисија одобри инвестициски проект од 2,3 милијарди евра за грчките острови


Атина – Инвестициски проект на Фондот за декарбонизација на грчките острови во висина од 2,3 милијарди евра, што вклучува план за енергетска и еколошка трансформација, беше одобрен од Европската комисија и Европската инвестициска банка, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и енергетика на Грција информираа дека конкретниот Фонд бил создаден […]