Историска изборна апатија во Бугарија: На претседателските избори до 16 часот гласале само 16 отсто
Бугарските граѓани како целосно да загубија желба да излезат наизбори. Според податоците од Централната изборна комисија на претседателските избори излезноста во 16 часот била едвај 16,04 отсто. „На претходните претседателски избори во 2021 година, излезноста во ова време изнесуваше 24,12%“, изјави Стојанка Балова, портпарол на комисијата.
Во моментов, највисока излезност е забележана Софија – 25,09%, додека најниска е во Крџали – 6,77%. Едно од изненадувањата на овие избори е отсуството на дополнителни автобуси кои пристигнуваат од Турција во регионот на Крџали – автобуси за кои традиционално постоеја сомневања дека „донесуваат“ гласови за партијата на Делјан Пеевски.
Податоците беа уште понеповолни околу пладне. На пример, заклучно со 12 часот, излезноста на национално ниво изнесуваше само 5,8%, при што беа дадени вкупно 385.092 гласа. Во споредба со претходните претседателски избори, ова претставува пад од 3 процентни поени.
Гласањето започна во 7 часот, а во трката учествуваат 27 кандидати за претседател.
Во меѓувреме, според податоците на агенцијата „Маркет линкс“, излезноста до 16,30 часот достигнала 18%. Податоците од агенцијата „Мера“ покажуваат излезност од 18,3% заклучно со 17 часот.
Главни ривали на изборите се Илијана Јотова и Андреј Ѓуров.