Во Албанија за 35 години убиени околу 11.000 лица во имотни спорови


Од почетокот на демократскиот период до денес, односно за три и пол децении, околу 11.000 луѓе се убиени во Албанија поради имотни спорови. Овој шокантен податок го изнесе познатиот експерт за безбедност, Фатјон Софта, гостувајќи во телевизиска емисија,  коментирајќи го прашањето за конфликтите поврзани со имотот во Албанија. Фокусирајќи се на неодамнешниот судир меѓу бизнисмени […]

Во ЕУ, единственo Хрватска нема инсинератор за отпад – но не за долго: Овие градови покажаа интерес


По случајот со неправилно отстранет отпад во Госпиќ, Хрватска започна потрага по локација каде што би можел да се изгради инсинератор за опасен отпад. Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност ги испитува окрузите за да утврди дали има град или општина подготвена да прифати таков објект „Кога би можел да се заврши […]

Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека образложениот предлог на Владата за распуштање на Собранието стигнал до него и дека утре ќе го распушти Народното собрание и ќе распише вонредни парламентарни избори. – Утре напладне ги распишувам изборите за 25 октомври – рече тој, пренесуваат српските медиуми. Тој истакна дека указите за распуштање на Собранието […]

Протест пред парламентот во Тирана, судир меѓу полицијата и демонстрантите, приведени повеќе лица


Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир меѓу полицијата и демонстрантите, фрлање тврди предмети, домати и јајца врз возилата на пратениците и полицијата, приведени неколку лица, го карактеризираше почетокот на новата собраниска сесија, по годишните одмори. Демонстрантите попречуваа движење на возила, поради што во интервенцијата беа вклучени и припадници на специјалната полициска единица „Шќипоња“. Според […]

Расте инфлацијата во Албанија, во август 3,2%, поттикната од трошоците за транспорт и домување


Во Албанија стапката на инфлација во август достигна 3,2% , наспроти 2,3% во истиот месец минатата година, додека во споредба со јули, потрошувачките цени се зголемиле за 0,1%. Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), најголемо влијание врз годишната инфлација имаат групата „храна и безалкохолни пијалаци“, со 0,95 процентни поени, „транспорт“, со 0,79 и „кирија, […]

Земјотрес во Грција


Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,5121 и географска должина 21,3522, на 13 км од Патра. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 […]

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара


Рачни гранати беа фрлени денеска врз две продавници во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени. Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон, а во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, […]

Во Тирана одржан 100-тиот протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан


Синоќа во Тирана се одржа 100-от граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, кои се заштитени подрачје. Учесниците првично се собраа на плоштадот Скендербег, каде што го изразија своето незадоволство, потоа, со национални знамиња и силни повици против владата, тие се упатија кон булеварот „Народни херои”, задржувајќи се, како и до […]

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни


Црн биланс на албанските патишта, само во август евидентирани се 159 несреќи, во кои се повредени 229 лица од нив 22 лица го загубиле животот, 32  се здобиле со тешки а 175 со полесни повреди. -Брзото возење, алкохолот зад воланот и непочитувањето на сообраќајните правила и понатаму остануваат меѓу главните фактори што одземаат животи на […]

Вучиќ сака да биде премиер – дали опозицијата на изборите ќе оди во повеќе колони?


  Претседателот на Србија кој повеќе не може да биде претседател, сега официјално сака да биде премиер. Опозицијата е обединета во својата желба Александар Вучиќ да не ја исполни таа желба, но додека се чека тој да ги распише изборите, опозицијата не се потпишува под една колона. Од НПС велат дека во изминатите година и […]

Остра порака на ЕУ: Величењето на воените злосторници и негирањето на геноцидот немаат место ниту во Унијата ниту кај кандидатите за членство


  Секое глорификација на воените злосторници, негирање на геноцидот и ревизионизам е во спротивност со најосновните европски вредности и нема место за нив ниту во Европската унија ниту во земјите кои се кандидати за членство во тој блок, изјави денес портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, по повод смртта на хашкиот затвореник Ратко Младиќ. Во […]

Во Хрватска дизелот и бензинот не поскапуваат. Владата дополнително ги намали акцизите


Хрватската влада на денешната телефонска седница одлучи дополнително да интервенира во цените на горивата со цел да се спречи зголемување на цената на бензинот и дизелот по силниот пораст на цените на нафтата и дериватите на светските берзи, јавија медиумите во Хрватска. Така, утре литар бензин и натаму ќе се продава за 1,67 евра, а […]

Српскиот патријарх Порфириј зборуваше на погребот на Ратко Младиќ


  Денес, патријархот на Српската православна црква, Порфирије, отслужи литургија на погребот на починатиот генерал Ратко Младиќ, осуден за геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе биде погребан на гробиштата Топчидер. Во својот говор, тој рече дека „неговото име ќе остане длабоко врежано во сеќавањето и молитвите на најголемиот дел од српскиот православен народ“. […]

Во Загреб ќе биде одбележан Денот на независноста со изложба на Државниот архив и концерт на хорот „Про Арс“


По повод 8 Септември – Денот на независноста, Државниот архив на Македонија, во соработка со Хрватскиот државен архив, Амбасадата на Македонија во Хрватска и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, денеска ќе организира свечен културен настан во хрватската престолнина. Настанот ќе се одржи во Хрватскиот државен архив во Загреб со почеток во 19 часот, а […]

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март 2027 година патарините ќе се плаќаат електронски, без застанување


Од почетокот на март 2027 година, Хрватска треба да се откаже од постоечкиот систем на патарини и да воведе целосно електронска наплата под името Кролибертас. Новиот систем, чија имплементација е планирана од 1 март 2027 година, треба да ја елиминира потребата од запирање возила на наплатните пунктови, земање картичка и плаќање при излез од автопатот. […]

Мицотакис од Солун ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан – за изборите порача дека ќе се одржат на крајот на мандатот


За грчката поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, за сценаријата за предвремени избори, кои категорично ги отфрли, и порача дека избори ќе има на пролет следната година на крајот од мандатот, за економијата и новите мерки за поддршка соопштени синоќа, за надворешната политика и односите со Турција, за мигрантското и демографското прашање, говореше меѓу […]

Голем пожар избувна во БиХ, Хрватска испрати два Канадера


Хрватската влада одобри испраќање два авиона „Канадер“ за помош на соседна Босна и Херцеговина во борба против шумски пожар што го зафати подрачјето помеѓу Купрес, Томиславград и Прозор-Рама. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ разговараше телефонски порано денеска со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, која побара помош од Хрватска. Одлуката им […]

Потонат брод-болница од Втората светска војна кај Валона стана рај за богат биодиверзитет


Брод-болница од Втората светска војна, потонат во 1941 година покрај заливот во Валона,  Албанија, децении подоцна е трансформиран во богат подводен екосистем, објави британскиот медиум „BBC Wildlife“, пренесува АТА. Истражувачите откриле 151 вид што живее во и околу неговите урнатини, вклучувајќи ја и медитеранската фока-каурк, еден од најретките и најзагрозените цицачи во Медитеранот. -Откривањето на […]

Австриската министерка Бауер: Придружното членство во ЕУ може да биде мост, но не и замена за полноправното членство


Предлогот за постепена интеграција односно „придружно членство“ во Европската Унија, е добар бидејќи на граѓаните од државите-кандидати може да им понуди „нешто опипливо“, но тоа никогаш не смее да стане трајна замена за полноправното членство, оцени австриската министерка за Европа, интеграции и семејство Клаудија Бауер. Таа во интервјуто за денешна белградска „Политика“, оценува дека таквиот […]

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена интеграција, ветото треба да се укине


Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на нов пристап од Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, тврдејќи дека постепената интеграција е најреалниот начин Албанија да се приближи кон ЕУ. Зборувајќи на форумот „ “Intelligence on the World, Europe and Italy”, на панелот „Агенда за Европа“, Рама рече дека на Албанија не ѝ е потребно […]