Студентската листа објави дека до 12 часот гласале 34,4 отсто
„Полимаркет“ драстично ги смени прогнозите: 61 отсто дека победува Студентската листа, а 47 проценти Вучиќ
Студентска листа објави дека до 12 часот на изборите во Србија излегле рекордни 34,4 отсто.
До тогаш гласале повеќе од 2,2 милиони граѓани.
Таа информација малку подоцна ја потврди и државната изборна комисија, која соопшти дека до 12 часот гласале 34,55 проценти од вкупниот број регистрирани гласачи.
Центарот за слободни избори и демократија (Цесид) објави дека, врз основа на информациите добиени од набљудувачите, забележал повеќе од 120 неправилности на 750 гласачки места заклучно со 11 часот наутро.
Меѓу забележаните неправилности, Центарот ја споменува загрозената тајност на гласањето и додава дека се пријавени бројни случаи на фотографирање на гласачки ливчиња, употреба на мобилни телефони, гласање без параван и групно гласање.
Според проценките на Ипсос и Цесид, од 93,7 проценти од обработениот примерок, 27,3 проценти од гласачите гласале до 11 часот наутро. На изборите во 2023 година, тој процент во 11 часот беше 15,1.
Според платформата за проектирање и обложување „Полимаркет“ драстично ги смени преференциите за победа на изборите поради големата излезност на изборите. До денешниот ден „Полимаркет“ силно ги фаворизираше СНС и Александар Вучиќ, навестувајќи нивна сигурна победа. Денеска околу пладне проекциите на „Полимаркет“ се: 61 отсто за Студентската листа, 47 за СНС и Вучиќ, СПС на Ивица Дачиќ помалку од 1 отсто.