ФБИ и Скотланд јард ќе го истражуваат убиството на словачкиот новинар


Американското ФБИ и британски Скотланд јард како и други странски агенции помагаат на словачките колеги во истрагата за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, изјави денеска словачкиот минстер за внатрешни работи Роберт Калинак. Во порака на фејсбук, Калинак вели дека е во контакт со „најважните истражни агенции во светот“ кои ги замолил за […]

Волмарт и Дикс ја сменија политиката за продажба на оружје


Двата главни продажни синџири во САД ја сменија својата продажна политика на оружје, по масакрот во училиште на Флорида. Волмарт, најголемиот продажен синџир во земјата, соопшти дека ја подигнува забраната за продажба на оружје и муниција за сите помлади од 21 година. „Преземаме сериозна одговорност како сериозни продавачи“, се наведува во соопштението. Волмарт, исто така, […]

Косовските државни лидери имаат пониски плати од директори на aгенции и претпријатија


Косовските државни лидери не се вбројуваат меѓу најплатените функционери во земјата. Повисока плата од премиерот, претседателот на државата и спикерот на парламентот, имаат неколку носители на високи функции на јавни претпријатија. Дел од нив имаат плата до 5.000 евра,додека премиерот во моментов има плата од 1.443 евра, објавија косовски медиуми. Директорот на Косовскиот фонд за […]

Аманатидис: Да се задржиме на суштината на преговорите


Зоран Заев, во неговите изјави, на силен начин ја има изразено политичката волја да придонесе за политичко, заемно прифатливо решение, вели заменик шефот на грчката дипломатија, Јанис Аманатидис, во интервју за првата програма на грчкото државно радио. Запрашан дали последните изјави на македонскиот премиер покажуваат континуитет или дисконтинуитет Аманатидис вели дека она што е важно […]

Во Австрија е дозволено да се покаже среден прст и да се опцуе вицеканцелар


Да се покаже среден збор и да се каже „fuck“ на политичар, па и ако е вицеканцелар, во Австрија е дозволено, под услов да е добро образложено, пресуди Апелацискиот суд во Виена, повикувајќи се на слободата на мислење. Апалацискиот суд ја потврди претходната пресуда, по тужбата на лидерот на крајната десница и заменик канцелар Хајнц […]

Јункер: Сите држави што сакаат влез во ЕУ, мора да престанат со билатерални конфликти


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска во Софија дека по посетата на државите од Западен Балкан се враќа во Брисел со обновено уверување дека местото на тој регион е во Европската унија. Тој додаде дека неговата порака дека членството на државите од регионот не е сон туку реалност што следува, е сфатена […]

Путин: Русија создаде нов вид оружје, подобар од ракетен одбранбен комплекс


Русија произведува небалистички систем, кој ниту еден ракетен одбранбен комплекс нема да може да му се спротистави, изјави денеска рускиот претседател во годишниот говор за состојбата на нацијата. – Почнавме да создаваме нов вид стратешко оружје, кое нема да ја следи балестичката траекторија додека се движи кон целта, што значи дека комплексите за противракетна одбрана […]

ЕК бара одговор од Словачка по наводите за злоупотреби, истражувани од убиениот новинар


Европската комисија осоопшти дека денеска побарала од властите во Словачка да го објаснат трошењето на средствата од ЕУ, наменети за земјоделството. Таквото барање доаѓа по сомнежите покренати со истрагата она новинарот Јан Куциак, кој беше убиен минатата недела. Комисијата ги упати прашањата до службата која врши плаќања по земјоделските фондови во Словачка. Одговарајќи на прашањето […]

Вучиќ: Во Софија ќе се сретнам со Тачи


Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека денеска во Софија ќе има средба и со Хашим Тачи. – Нема да биде пријатна средба ниту нему, ниту на мене, некој може и двајцата да не навреди со пцовки и што? Тие не мораат, а јас морам да разговарам со него, доколку тоа може да помогне да се […]

Бутарис: Скопјаните не се човекојадци


Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање. Скопјаните не се човекојадци, рече солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во писмениот поздравен говор на конференцијата „Национализам наспроти патриотизам“, организирана од грчката партија „Река“. Правејќи споредба меѓу патриотизмот и национализмот, Бутарис, вели дека со патриотизмот […]

Коѕиас и Бакојани со меѓусебни обвинувања за тајна дипломатија за името


Расправата во грчкиот Парламент, по пратеничко прашање за Албанија од Дора Бакојани до Никос Коѕиас, се претвори во меѓусебни обвинувања за тајна дипломатија, како во другите отворени прашања во грчката надворешна политика, така и во однос на спорот за името. Како што јави дописникот на МИА од Атина, поранешната министерка за надворешни работи на Грција […]

Јункер: На никого не ветив влез во ЕУ


Претседателот на Европска комисија, Жан Клод-Јункер по посетата на Скопје, Тирана, Сараево, Подгорица и Приштина изјави дека не ветил датум за приклучување во Европска унија. Тој додаде дека не ветувал датуми за почеток на претпристапните преговори и оти за него кваилитетот е поважен од брзината. – За мене е важна суштината, а не одредувањето на […]

Грците му се лути на Јункер дека нè нарекол Македонија


„Оган врз црвените линии на Грција од Јункер: повторно говореше за Македонија“, „Јункер ПЈРМ ја нарече Македонија“, „Јункер: Македонците напредуваат, терминот ПЈРМ е бирократија“, „Нова грешка на Јункер, говореше за Македонија и Македонци“, „Провокација од Јункер“, се само дел од насловите во грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашното […]

Во Србија објавен црвен метеоаларм


Хидрометеоролошкиот завод на Србија за денеска до недела прогласи црвен метеоаларм што значи дека се прогнозираат „особено опасни временски појави“. Денеска, утре и во сабота, во повеќе делови од земјата во сила ќе биде црвен метеоаларм затоа што според прогнозите на метеоролозите ќе биде исклучително студено, а ќе врне и дожд кој ќе се замрзнува […]

Бројот на зaгинатите цивили во Источна Гута се искачи над 600


Најмалку 600 цивили се убиени од почетокот на офанзивата на сириските владини сили во Источна Гута на 18 февруари, јави АФП, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Интензитетот на воздушните напади и бомбардирања на последниот бунтовнички бастион крај главниот град Дамаск се намали, откако Русија вчера воведе секојдневна петчасовна хуманитарна пауза […]

Бројот на починати лица од студ се искачи на 46


Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, јави АФП. Поголем дел од жртвите се бездомници. Според агенцијата, студениот бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. […]

Харадинај: Јас сум за преговори, а не за отстапување територии


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска за Би-Би-Си дека во целост е против „отстапување теротории“ за Белград и „промена на границите“ бидејќи „таквите приказни предизвикуваат трагедии“. На прашање дали е подготвен да го отстапи северниот дел од територијата на Косово на Белград, за да се реши спорот меѓу двете држави, Харадинај одговори дека тоа се […]

Евростат: Најбогатите живеат во Лондон, во ЕУ најсиромашните се Бугарите


Жителите на западен Лондон се шестпати побогати од просечните жители на Европа, додека жителите на северозападните региони во Бугарија се трипати посиромашни, објави денеска Евростат. Во анализата, направена според БДП по глава на жител, изразен е „стандардот на куповната моќ“, со регистрирање на разликата во цените меѓу одделни зони. Најбогатите граѓани на ЕУ живеат во […]

Јункер: Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес […]

Реконструкција во грчката влада по оставките на министерот за економија и неговата сопруга


Грчкиот премиер направи промени на шест министерски позиции во мини реконструкција што се најавуваше откако поднесоа оставки министерот за економија и неговата сопруга, заменичката министерка за труд. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ги објави имињата на новите министри и заменици во Министерствата за економија, миграциска политика, одбрана, труд, образование и култура. На испразнетото место […]