Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг зоната. Следни се Црна Гора и Албанија. Македонија ќе чека


  Новата година означи важен чекор во постепената интеграција на две земји-кандидатки во Европската Унија. На 1 јануари 2026 година, Украина и Молдавија се приклучија на зоната „Роамирај како дома“, овозможувајќи им на нивните граѓани да уживаат во истите бесплатни бенефиции за роаминг што ги имаат граѓаните на ЕУ од 2017 година. До пред само […]

Главните европски лидери во одбрана на Гренланд и Данска по заканите на САД


  Еден од главните помошници на Доналд Трамп го засили притисокот врз Данска со тоа што го доведе во прашање правото на Копенхаген врз Гренланд, додека лидерите од големите европски сили застанаа зад арктичката територија. Стивен Милер, заменикот-шеф на кабинетот на американскиот претседател за политика, исто така тврдеше дека нема да биде потребна воена интервенција […]

УЈП не попушта за оданочувањето на приходите од странство


  Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат сѐ уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно оданочување, а […]

Американскиот напад на Гренланд ќе биде крај за НАТО, вели премиерката на Данска


  Нападот на Соединетите Американски Држави врз сојузник на НАТО би значел крај и на воениот сојуз и на „безбедноста по Втората светска војна“, предупреди данскиот лидер, откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го преземе Гренланд. Свеж по воената операција во Венецуела, американскиот претседател во неделата изјави дека на САД им е „многу […]

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазик


  Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавен преку медиумите во понеделник наутро. „Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија е внатрешно прашање на соседната земја и не е тема на […]

Шпиони, дронови и елитни војници: Како САД го заробија Мадуро


  Со месеци, американските шпиони го следеа секој потег на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Мал тим, вклучувајќи еден извор во венецуелската влада, набљудувал каде спиел 63-годишниот претседател, што јадел, што носел, па дури и, според високи воени претставници, „неговите миленици“. Потоа, на почетокот на декември, беше финализирана планираната мисија наречена „Операција апсолутна решителност“. Тоа беше […]

Што е спорно за Бугарија во Акцискиот план за малцинствата. Им пречи македонскиот јазик, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата бил македонскиот јазик. Освен Бугарија, ниту една друга држава членка на ЕУ, немала забелешки за овој документ. Според Мицкоски, ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми за […]

Колку резерви на нафта има Венецуела? Повеќе од С. Арабија, но…


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен и изнесен од земјата по американскиот напад врз Каракас, оставајќи ја земјата – и нејзините огромни резерви на нафта – зад себе. Администрацијата на Трамп нападна земја со повеќе нафта од Саудиска Арабија и Ирак. Венецуела има огромни 303 милијарди барели сурова нафта – околу една петтина од глобалните […]

Трамп објави дека американската војска го заробила Мадуро и неговата сорпуга. Не се знае каде се


  КАРАКАС, Венецуела — САД ја погодија Венецуела со „голем удар“ рано наутро во саботата и соопштија дека нејзиниот претседател, Николас Мадуро, бил заробен и однесен од земјата по месеци засилен притисок од страна на Вашингтон – вонредна ноќна операција објавена од претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи неколку часа по нападот. Одекнаа повеќе експлозии, […]

Возете внимателно! Патиштата се подмрзнати – зимската опрема е задолжителна


Возете внимателно со оглед дека на патиштата низ земјава има заледени површинии. Доцна синоќа, надлежните издадоа апел и предупредување за појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваа брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели, на одделни патни правци. – Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена […]

„Се случи за неколку секунди“: Како ненадејниот пожар донесе ужас во Кран Монтана


  Новата година го помина својот прв час и забавата во „Le Constellation“ беше во полн ек, со весели луѓе кои танцуваа на хип-хоп музика. Зората беше далеку, а тинејџерите и дваесетгодишниците не брзаа да го напуштат барот. Сепак, беше Нова година. Надвор, темнината го обвиваше Кран Монтана, скијачки центар во Швајцарските Алпи со репутација […]

Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија: Со вас сме! На располагање да помогнеме


Родителите и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани реагираа со голема емпатија на трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде што најмалку 47 лица ги загубија животите откако настана пожар во бар. Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживеале трагедијата на ненадејно губење на најблиските во огнена […]

Сè уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана


Сè уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар. Семејството апелираше до сите кои можеби го виделе Стивен или располагаат со каква било информација за неговото движење, како и до оние кои имаат сознанија дали […]

Сведоци на трагедијата во Кран-Монтана: „Сè се запали од пиротехнички средства на шишиња“


Огромна трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 лица, а околу стотина беа повредени. Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 13:30 часот вечерва, а се сомнева дека е предизвикан од пиротехнички средства. „Сè беше запалено од пиротехнички средства на шишиња“ Еден од сведоците, 19-годишниот […]

Запросување на -28°C: Планинар ја побара раката на својата сакана на врвот Пелистер


Првото изгрејсонце во 2026 година на врвот Пелистер (2.601 м.н.в.) донесе повеќе од магични бои и свеж почеток. Искачувањето „Први на Први“ оваа година беше посебно, бидејќи на највисоката точка на планината Баба се случи романтичен момент кој сигурно ќе остане запаметен. Екстремни услови – љубов без граници Температурите достигнуваа -28°C, а силниот ветар дуваше […]

Меѓу повредените во швајцарското скијалиште има и странци – најмалку 40 се мртви


Неколку десетици лица се убиени, а околу сто се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, јавува Би-би-си. Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека […]

(Галерија) Само најхрабрите ја дочекуваат Новата година на плоштадот „Македонија“


Скопје е желно за новогодишна забава на плоштад. Последниве години отсуствуваше таква организација на дочекот на Новата година. Прво заради ковид пандемијата, а потоа, затоа што Градот не успеваше навремено да се организира.    Годинава, сепак, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година. Прославата ја […]

Светот ја пречекува новата 2026 со големи надежи, но и стравови


Светот полека се простува од старата 2025 година и ја пречекува Новата 2026 година со многу надежи, но и стравови. Повеќе држави во светот вече зачекорија во Новата година, а први тоа го сотирја во Кирибати каде што новата година настапи во 11:00 часот по македонско време, со што официјално започна глобалниот влез во 2026 […]

Калиопи, една и единствена: Море од емоции на четвртиот распродаден концерт во Филхармонија


Македонската поп дива Калиопи синоќа триумфално ја заврши серијата од четири распродадени концерти во Филхармонија, потврдувајќи го статусот на водечка ѕвезда на македонското естрадно небо. На нешто повеќе од 24 часа пред новогодишната ноќ, Калиопи испорача незаборавен настап, полн со емоции и навраќање на нејзината долгогодишна кариера, но истовремено оддавајќи почит и на македонската музика […]

Би-Би-Си ги анализира посмртниците, гробиштата… Резултатите се поразителни за Русите


  Како што се интензивираа мировните напори во 2025 година под притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, руските извори објавија 40 проценти повеќе смртни изводи за војници отколку во истиот период претходната година. Вкупно, Би-Би-Си досега ги потврди имињата на речиси 160.000 луѓе кои загинале борејќи се на руска страна во Украина. Би-Би-Си […]