Одлуката на ОЈО ГОКК за полицајците влезе и во судскиот процес за „Пулс“


  На денешното рочиште на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани адвокатот Петре Шилегов, кој е бранител на поранешниот советник во Министервото за економија, Шофкет Хазари, рече дека треба и судот да постапува слично како и ОЈО ГОКК кое ја запре постапката за седум полициски службеници. Шилегов рече дека делата за кои […]

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла


Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери. […]

Мицкоски можеби ќе појде во синдикатите в понеделник, но постави услов


  За премиерот немало проблем да отиде в понеделник во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија, но не кажа дали е подготвен да го потпише колективниот договор за зголемување на работниците од 40 отсто. Во игра на зборови тој рече: „Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се […]

Поднесени три обвиненија за 23 полициски службеници за пожарот во ,,Пулс“


  Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираше дека се поднесени три обвиненија со вкупно обвинети 23 полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс”, од кој двајца се повторуваат во две обвиненија. Предметната обвинителка Ивана Трајчева на брифинг сподели детали за обвиненијата. Тринаесет од обвинетите се гонат за кривичното дело ,,Тешки […]

Синдикатот идната недела почнува со блокади во Скопје


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со навреди ги напаѓа и омаловажува ССМ и неговиот претседател Слободан Трендафилов, а синдикатите најавија дека дополнително ќе го заострат  нивниот протест за поголема плата од следната недела. „Наредната недела ќе започнеме со блокади. Пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат Законот за минимална […]

Мицкоски е подготвен да оди до крај за уставните измени, па макар му било последно


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието го подигна за уште еден степен погоре неговиот тврд став против уставните измени и внесувањето на Бугарите во конституцијата за да продолжат преговорите со ЕУ, истовремено повторувајќи ја стандардната теза: „Додека сум јас премиер…“ Одговарајќи на прашање на пратеникот од „Европскиот фронт“, Скендер Реџепи за патот кон ЕУ […]

ЕУ ја објави новата стратегија за визи, дури сега ќе бара решение за камионџиите


  Европската комисија ја објави денес новата Стратегија за визи која треба да отвори врата за решавање на проблемот на камионџиите во балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија. Стратегијата треба да биде разгледана денес, но таа нема веднаш да донесе решение за нив, според она што може да се прочита во документот. Во него имено […]

(Фото) Нема да дозволиме да играте со работничката мака: Протест за поголеми плати


Протестот за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати започна попладнево како што беше најавено од пред Работничкиот дом. Учесниците на протестот на овој начин го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра. На протестот, како што […]

Голем пораст на поддршката на граѓаните за влез во ЕУ; ново истражување


  Најновите истражувања на Институтот за демократија Социетас цивилис покажа дека, по долги години пад, расте поддршката на граѓаните за влез во Европската унија. Со оглед на тоа дека расте и евроскептицизмот, ваквиот раст на поддршката се должи на пресвртот кај неопределените и апатичните.  Според директорот на Социетас цивилис, Марко Трошановски, во истражувањето направено во […]

Николоски или Муцунски: Кој е надлежен за проблемите на транспортерите?


  Неколку изјави во последниве денови околу големите проблеми што ги имаат камионџиите на шенгенската територија со правилото за престој 90/180 освен што ја анимираа јавноста за ситуација ги изложија и амбициите во Владата кој да биде предводник на буната на транспортерите. А со тоа и да го зголеми својот политички рејтинг. Министерот за транспорт, […]

„Не бев статист во Давос“: Мицкоски за учеството на Светскиот економски форум


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не бил статист и не правел селфија во Давос, каде што минатата недела учествуваше на Светскиот економски форум. Тој детално кажа со кого сѐ учествувал на трите панели и со кои луѓе седел на иста маса за време на свечената вечера на која што бил поканет, но на […]

ССМ ги повика сите утре на протест за платите. Секој има право да протестира, вели Мицкоски


  Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.  Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави […]

„Не сме туристи, ни мигранти“: Камионџиите ги блокираа граничните премини во регионот


  Сите десет гранични премини во држата од денес на пладне се блокирани за било каков товарен сообраќај, освен за превоз на лекови и други материјали наменети за болниците, потоа жива стока, експлозив и муниција, откако македонските транспортери го активираа протестот кој е предупредување за најавениот електронски систем за влез и излез во Европската унија. […]

Трамп во дефанзива – три пати за една недела


  Она што Каролин Ливит, портпаролката на Белата куќа, не го кажа во понеделникот беше поважно од она што го кажа. Кога Ливит се качи на говорницата во просторијата за брифинзи за да се осврне на смртоносното пукање врз Алекс Прети од страна на федерални агенти во Минеаполис, таа го избегна видот на тирада за […]

До детаљ замаглено: Колку е богат Христијан Мицкоски?


  Информацијата на компанијата IFL Watches за вредноста на часовниците на 20 лидери на НАТО (што прв ја објави порталот „Рацин“) повторно на дневен ред го постави прашањето за тоа колку е богат премиерот Христијан Мицкоски, каков имот има, кога го заработил и како. IFL Watches вели дека Мицкоски има часовник IWC вреден 6.900 долари. И дека […]

Филипче го нарече Николоски „независен аналитичар“, не направил ништо за камионџиите


  Пратеникот Антонио Милошоски побара од амбасадорот на Кипар за Македонија, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите кои за денес најавија блокада на границите кон ЕУ. Фотиу денес ги преставуваше приоритетите на кипарското претседателствување со Унијата, но место за реформи мораше да слуша колку не правиме ништо за […]

Свирепото убиство во Минеаполис секунда по секунда (Фото галерија)


  Американските федерални агенти го застрелаа и убија 37-годишниот жител на Минеаполис, Алекс Џефри Прети, во саботата наутро. Видео споделено со „Њујорк тајмс“ од сведок и нејзиниот адвокат, како и други видео снимки објавени на социјалните медиуми, ја документираат насилната сцена, каде што агентите се чини дека испукале најмалку 10 истрели во период од пет […]

Тошковски: Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што објави на својот Фејсбук-профил, станува збор за клучна фаза пред целосното пуштање на системот во функција, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот […]

Американецот што беше убиен од послушниците на Трамп немал воопшто оружје


Двајца сведоци на убиството на Алекс Прети изјавија во сведочење под заклетва дека 37-годишниот медицински работник од интензивна нега не мавтал со оружје кога им се приближил на федералните агенти во Минеаполис во саботата, што е спротивно на тврдењето на претставници на администрацијата на Доналд Трамп, кои се обидуваа да го прикажат пукањето врз лежечки […]

СДСМ е факелот што го покажува патот кон излезот, порача Филипче на конгресот на партијата


  Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денес во својот говор на 31. Конгрес на партијата што се одржува во Скопје ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за предавство на националните интереси, најавувајќи борба во која ќе бидат разобличени лагите на власта и во која ќе понудат решенија за подобра иднина за граѓаните и […]