Не може да го смени, па Трамп отвори кривична истрага против гувернерот на ФЕД, Џером Пауел


  Федералните обвинители отворија кривична истрага против претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, поради неговото сведочење во јуни пред Конгресот за реновирањето на седиштето на централната банка во Вашингтон, вредно 2,5 милијарди долари. Зачудувачката акција против независните Федерални резерви беше дочекана со подеднакво извонредна изјава објавена од Пауел во видео во неделата навечер, во која …

Не може да го смени, па Трамп отвори кривична истрага против гувернерот на ФЕД, Џером Пауел Read More »

Балканот во длабок минус – Од Словенија до Црно Море поплави, мраз и снег


Студен бран го зафати регионот на Западен Балкан: во Македонија поплавени подрачја, а поради снег непрооден е патот до селото Герман,  во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини поради екстремно ниските температури и високите снежни наноси, Хрватска е во длабок минус до 26 степени под нулата, а во Албанија се трага по исчезнати. …

Балканот во длабок минус – Од Словенија до Црно Море поплави, мраз и снег Read More »

Кандидатите од Алијансата на Таравари ги добија изборите во Гостивар и Врапчиште


  Денешните повторени избори за градоначалници во четири општини донесоа еден вид изборна утеха за коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), која сосема е извесно дека победи во гласањето во општините Гостивар и Врапчиште. ВМРО-ДПМНЕ го освои градоначалничкото место во Маврово и Ростуше, додека во Центар Жупа беше избран единствениот кандидат од Демократската партија на …

Кандидатите од Алијансата на Таравари ги добија изборите во Гостивар и Врапчиште Read More »

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи над 500. Режимот удира со цела сила


  Во протестите во Иран се убиени повеќе од 500 луѓе, соопшти група за човекови права на 11 јануари, што е драматично зголемување на бројката во однос на претходните извештаи од неделата изутрина. Групата за човекови права со седиште во САД, ХРАНА, соопшти дека ја потврдила смртта на 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните …

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи над 500. Режимот удира со цела сила Read More »

Што содржи акцискиот план што ги скара повторно Македонија и Бугарија?


Дилемата дали Акцискиот план за заштита и промоција на правата на припадниците на заедниците во Македонија бил напишан на македонски или на англиски јазик ја фрли во втор план  содржината на овој документ, иако таа е клучна за преговорите на Македонија со ЕУ. Од она што може да се види од единствената јавна официјална работна …

Што содржи акцискиот план што ги скара повторно Македонија и Бугарија? Read More »

Буџетот лани заврши анемично, како ќе биде годинава?


  Државата минатата година не успеа да наплати дури 500 милиони евра приходи во Буџетот кои што беа планирани како ставка, завршувајќи ја годината со скромна реализација од само 92,09 отсто од зацртаните во Ребалансот на државната каса, усвоен во средината на минатата година. Вакво големо потфрлање во наплатата на приходите, најголемо во изминатите десетина …

Буџетот лани заврши анемично, како ќе биде годинава? Read More »

Хаос во Иран, властите ја отсекоа земјата од светот, бунтови во сите градови


  Врховниот лидер на Иран во петокот сигнализираше дека безбедносните сили ќе се справат со демонстрантите откако тие викаа од прозорците и маршираа низ улиците во текот на ноќта. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го отфрли Трамп како „извалкан со крвта на Иранците“ додека поддржувачите извикуваа „Смрт за Америка!“ на снимка емитувана од иранската државна …

Хаос во Иран, властите ја отсекоа земјата од светот, бунтови во сите градови Read More »

Филипче: Техничката влада мора да остане


Укинување на техничката влада може, но кога ќе бидеме зрело општество, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Според него, власта брза со овој чекор затоа што сака избори, а потоа да се донесе мигранти за пари. ,,Избори па мигранти за пари, тоа е сценарио смислено уште лани. Акциите на САД ова …

Филипче: Техничката влада мора да остане Read More »

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие


Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е за 2,2 пати повеќе од претходната недела, кога имало 771 пациент. Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, а во однос на просекот од последните 15 години, оваа бројка …

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие Read More »

Излевања на реки, поплави, одрони, евакуирани 60 жители во Кичево … ЦУК по обилните вчерашни дождови


 Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги …

Излевања на реки, поплави, одрони, евакуирани 60 жители во Кичево … ЦУК по обилните вчерашни дождови Read More »

САД излегуваат од глобалната соработка – се повлекоа од 66 меѓународни организации


  Администрацијата на Трамп ќе се повлече од десетици меѓународни организации, вклучувајќи ја агенцијата на ОН за население и договорот на ОН со кој се воспоставуваат меѓународни преговори за климата, додека САД дополнително се повлекуваат од глобалната соработка. Претседателот Доналд Трамп во средата потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 …

САД излегуваат од глобалната соработка – се повлекоа од 66 меѓународни организации Read More »

Зошто е толку важен ‘рѓосаниот руски танкер кој САД го запленија во Атлантикот?


  Масивен, ‘рѓосан танкер за сурова нафта што плови на север низ Атлантикот стана центар на глобален интерес откако беше следен со денови и на крајот запленет од американските сили, откако руската војска се упати кон него. И покрај тоа што не носи нафта, бродот долг 300 метри е очигледно вреден. Теориите за тоа зошто …

Зошто е толку важен ‘рѓосаниот руски танкер кој САД го запленија во Атлантикот? Read More »

Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг зоната. Следни се Црна Гора и Албанија. Македонија ќе чека


  Новата година означи важен чекор во постепената интеграција на две земји-кандидатки во Европската Унија. На 1 јануари 2026 година, Украина и Молдавија се приклучија на зоната „Роамирај како дома“, овозможувајќи им на нивните граѓани да уживаат во истите бесплатни бенефиции за роаминг што ги имаат граѓаните на ЕУ од 2017 година. До пред само …

Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг зоната. Следни се Црна Гора и Албанија. Македонија ќе чека Read More »

Главните европски лидери во одбрана на Гренланд и Данска по заканите на САД


  Еден од главните помошници на Доналд Трамп го засили притисокот врз Данска со тоа што го доведе во прашање правото на Копенхаген врз Гренланд, додека лидерите од големите европски сили застанаа зад арктичката територија. Стивен Милер, заменикот-шеф на кабинетот на американскиот претседател за политика, исто така тврдеше дека нема да биде потребна воена интервенција …

Главните европски лидери во одбрана на Гренланд и Данска по заканите на САД Read More »

УЈП не попушта за оданочувањето на приходите од странство


  Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат сѐ уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно оданочување, а …

УЈП не попушта за оданочувањето на приходите од странство Read More »

Американскиот напад на Гренланд ќе биде крај за НАТО, вели премиерката на Данска


  Нападот на Соединетите Американски Држави врз сојузник на НАТО би значел крај и на воениот сојуз и на „безбедноста по Втората светска војна“, предупреди данскиот лидер, откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе го преземе Гренланд. Свеж по воената операција во Венецуела, американскиот претседател во неделата изјави дека на САД им е „многу …

Американскиот напад на Гренланд ќе биде крај за НАТО, вели премиерката на Данска Read More »

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазик


  Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавен преку медиумите во понеделник наутро. „Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија е внатрешно прашање на соседната земја и не е тема на …

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазик Read More »

Шпиони, дронови и елитни војници: Како САД го заробија Мадуро


  Со месеци, американските шпиони го следеа секој потег на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Мал тим, вклучувајќи еден извор во венецуелската влада, набљудувал каде спиел 63-годишниот претседател, што јадел, што носел, па дури и, според високи воени претставници, „неговите миленици“. Потоа, на почетокот на декември, беше финализирана планираната мисија наречена „Операција апсолутна решителност“. Тоа беше …

Шпиони, дронови и елитни војници: Како САД го заробија Мадуро Read More »

Што е спорно за Бугарија во Акцискиот план за малцинствата. Им пречи македонскиот јазик, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата бил македонскиот јазик. Освен Бугарија, ниту една друга држава членка на ЕУ, немала забелешки за овој документ. Според Мицкоски, ова уште еднаш покажува дека проблемите со Бугарија се многу подлабоки и дека немаат врска со исполнувањето на Копенхагенските критериуми за …

Што е спорно за Бугарија во Акцискиот план за малцинствата. Им пречи македонскиот јазик, вели Мицкоски Read More »

Колку резерви на нафта има Венецуела? Повеќе од С. Арабија, но…


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен и изнесен од земјата по американскиот напад врз Каракас, оставајќи ја земјата – и нејзините огромни резерви на нафта – зад себе. Администрацијата на Трамп нападна земја со повеќе нафта од Саудиска Арабија и Ирак. Венецуела има огромни 303 милијарди барели сурова нафта – околу една петтина од глобалните …

Колку резерви на нафта има Венецуела? Повеќе од С. Арабија, но… Read More »