Касами до ДУИ: Спијте мирно, албанските прашања се во сигурни раце
Откако за 11 декември е закажана седницата на која Уставниот суд ќе одлучува за Законот за јазиците, од опозицијата пристигнаа бројни критики и обвинувања кон власта.На нив реагираше претседателот на Беса, Билал Касами, кој изјави дека додека ДУИ беа на власт не се интересирале за албанските прашања, но сега, кога дојде време за одговорност, го менуваат пристапот.
Касами истакна дека, кога станува збор за албанските прашања, „нека спијат мирно“, бидејќи, како што вели, тие се во сигурни раце, заштитени од вистинските албански чувари.
„Сега кога на Али Ахмети и неговите блиски им се затвори чешмата од државниот буџет, одеднаш се сетија на албанските прашања, меѓу кои и прашањето за албанскиот јазик! 22 години на власт, Али Ахмети не се интересираше ниту за јазикот, ниту за знамето, ниту за невините затвореници во случајот „Монструм“, ниту за поранешните борци на УЧК, ниту за ништо што е албанско. Затоа што во тоа време, тој се грижеше само како да ги збогати своите блиски и како да купат трговски центри, како што е Соравија“, вели Касами.