Карантинот се врати во Мадрид, полицајци ги чуваат излезите на населбите


epa08686256 Los Mosquitos park is cordoned off in the neighborhood of Ciudad Lineal, in Madrid, Spain, 21 September 2020. Local authorities closed parks as they launched a plan to avoid the spreading of coronavirus, from 21 September, limiting journeys of people residing in 37 health areas of the region and closing parks in these neighborhoods. Around 855,000 residents can only leave their neighborhoods to go to work, go to university or visit a medical center, among others. More than 200 local policemen will randomly control residents to prevent infringements. EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Во Мадрид стапи во сила ограничување на движењето за 855.000 жители на 37 квартови и предградија каде живеат најголем број од заразените од коронавирус. Повеќе од 200 полицајци се наоѓаат на излезите на тие населби, патиштата и подземните железници, пропуштајќи ги само оние кои одат на работи, на училиште, од здравствените установи, судовите или оние кои се грижат за други лица. Влез и излез ќе биде дозволен само за вршење на тие нужни активности во текот на наредните 14 дена со можност за продолжување, зависно од епидемиолошката ситуација.

Кафулињата, рестораните, продавниците, хотелите и спортските центри смеат да користат само 50 отсто од капацитетите на својот простор додека парковите се затворени. Работното време е ограничено до 22 часот за аптеките, бензинските пумпи и здравствените установи, а на едно место смеат да се соберат најмногу 6 лица.

Мерката која ја најави регионалната влада во петокот ги опфати  традиционално сиромашните работнички делови од градот со бројна мигрантска популација. Становите се многу помали од оние во центарот и на северот од градот, во нив живеат повеќе луѓе, па домашните често мора да излегуваат надвор со што се во допир со соседите, пријателите и минувачите.

Затворени квартовите и населбите со по 1.000 заболени на 100.00 жители
Во тие квартови и населби во последните две недели дијагностицирани се околу 1.000 случаи на коронавирус на 100.000 жители додека просекот на Мадрид е 643, а на Шпанија 257.

Во останатите делови од Мадрид, вклучувајќи го и поширокиот центар со знаменитостите, нема посебни мерки освен носењето маски што е задолжително секаде, како на отворено, така и во затворен простор.